Маврициус
Маврициус (француски: L'île Maurice), официјално Република Маурициус (République de Maurice) — островска нација во крајбрежните води на африкански континент во југозапад Индиски Океан, околу 900 км источно од Мадагаскар. Како дел од територијата на Маврициус се и островите Каргадос Карахос, Родригес и Агалега. Маврициус е дел од Маскаренските Острови заедно со францускиот остров Реинион кој е 200 км на југозапад и островот Родригес 570 км на североисток. Маврициус е познат по тоа што тој остров е единствен дом на додо, кои за жал исчезнале пред осумдесет години.
Република Маврициус République de Maurice |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Stella Clavisque Maris Indici" (латински) "Ѕвезда и клуч на Индискиот Океан" |
||||||
Химна: Татковина |
||||||
Главен град (и најголем) | Порт Луј 20°10′S 57°31′E / 20.167° ЈГШ; 57.517° ИГД | |||||
Службен јазик | англиски[1][2][3] | |||||
национален јазик | креолски | |||||
Демоним | маврициец | |||||
Уредување | парламентарна република | |||||
• | Претседател | Анеруд Џугнаут | ||||
• | Премиер | Навин Рамгулам | ||||
Независност | од Обединетото Кралство | |||||
• | Датум | 12 март 1968 | ||||
• | Република | 12 март 1992 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 2,040 км2 (179-та) | ||||
• | Вода (%) | 0.05 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2007 г. | 1,264,866 (151-ва) | ||||
• | Попис | [1] | ||||
• | Густина | 616 жит/км2 (18-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $15.248 милијарди[4] | ||||
• | По жител | $11,991[4] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $8.738 милијарди[4] | ||||
• | По жител | $6,872[4] | ||||
ИЧР (2013) | ▲ 0.771[5] висок · 63та |
|||||
Валута | Маврициска рупија | |||||
Часовен појас | MUT (UTC+4) | |||||
• | (ЛСВ) | (UTC+5[6]) | ||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .mu | |||||
Повик. бр. | 230 |
Потекло на поимотУреди
Државата и островот Маврициус името го добиле во 1598 година кога холандски морепловци за првпат пристигнале на островот и ја основале првата постојана населба на Маврициус. Името е добиено според името на принцот Морис Орански од Холандија.
ИсторијаУреди
Островот бил познат од страна на Арапите и Австронезиците уште во 10 век. Португалците за првпат го посетиле островот во 1507 година и го оставиле ненаселен.
Холандски Маврициус (1638-1710)Уреди
Три брода од холандската морнарица кои тргнале низ Индискиот Океан биле случајно упатени кон Маврициус и пристигнале на островот во 1598. Тие го именувале островот според Принцот Морис Орански. Во 1638 Холанѓаните за првпат основале населено место.
Француски Маврициус (1715-1810)Уреди
Неколку декади подоцна, холанѓаните го напуштиле островот и Франција го зазела под своја контрола во 1715. Островот станал просперитетна колонија на Француската источноиндиска компанија. Во 1767 година француската влада целосно ја зазела управата над островот, а островот бил претежно користен како база во времето на Наполеоновите војни.
Британски Маврициус (1810-1968)Уреди
Во 1810 година островот бил заземен од страна на Велика Британија. Францускиите институции на островот биле сочувани, а францускиот јазик и денес е пораспространет од англискиот јазик.
Независност (од 1968)Уреди
Земјата својата независност ја добила во 1968 година.
Географија и климаУреди
Заедно со Реинион и Родригес, Маурициус е дел од Маскаренските Острови. Овој архипелаг бил формиран од серија вулкански ерупции. Тие веќе не се вулкански активни. Островот Маврициус се формирал околу централно плато, со највисок врв Питон де ла Ривиере Ноар во југозападниот дел од островот со 828 метри. Првичниот кратер сè уште може да се разликуваат од повеќето планини.
Локалната клима е тропска, зимите се суви од мај до ноември и со топли лета од ноември до мај. Главниот град на државата, Порт Луј, се наоѓа во северозападниот дел.
Политички системУреди
Владата на Маврициус се избира за мандат од пет години. Последните парламентарни избори се одржале на 3 јули 2005. Историски гледано, изборите во Маврициус имаат тенденција да бидат натпревар помеѓу две големи коалиции на партии. Во меѓународните односи, Маурициус е дел од Комисијата за Индискиот Океан, Заедница за развој на Јужна Африка, на Обединетите нации и членка на Франкофонијата.
Војска и полицијаУреди
Маврициус нема постојана војска. Сите, војската, полицијата и безбедносните функции се извршувани од страна на 10.000 вработени лица под команда на комесарот за полицијата. Овој персонал се состои од 8.000 членови на Националната полиција, кој е одговорен за спроведување на закони, и 1.500 членови за специјалните мобилни сили (СМС), како и 500 членови на Националната гарда за крајбрежјето.
Административна поделбаУреди
Самиот остров е поделен на девет окрузи:
- Блек Ривер (округ) (главен град: Бамбус)
- Флак (главен град: Центер де Флак)
- Гранд Порт (главен град: Махебург)
- Мока (главен град: Квартер Милитер)
- Памплемусе (главен град: Триолет)
- Плеинс Вилхемс (главен град: Бо Басен и Розе-Хил
- Порт Луј (главен град на државата)
- Ривиер Ремпар (главен град: Мапу)
- Саван (главен град: Суилак)
- Агалега, два мали острова на околу 933 км северно од Маврициус.
- Каргадос Карахос,остров, околу 402 км северно од Маврициус.
Зависни територииУреди
Маврициус тврди дека следните територии се под нивна управа:[7]
СтопанствоУреди
Уште од својата независнот во 1968 година, Маврициус се развил од нископриходна земјоделска економија во средноразвиена економија со развој на индустрискиот и туристичкиот сектор. Годишниот развој на земјата изнесува од 5 до 6 проценти. Ова резултирало со зголемен стандард на живеење, подобрување на инфраструктурата и подобрување на човековото здравје.
Население, јазик и религијаУреди
Населението на Маврициус се проценува дека е 1.264.867. На островот Маурициус живеаѕт 1.227.078. Општеството на Маврициус вклучува луѓе од различни етнички групи. Жителите се потомци на луѓе од континентална Африка.
Хиндусите сочинуваат 52% од вкупното население, католиците 28.4% и муслиманите 16.6%, додека од 3% се останати религии.
- Христијани - 328,900
- Муслимани - 217,100
- Без Религија - 7,800
- Хиндуисти - 733,200
- Народна Религија - 9,100
- Други - 3,900
Францускиот и на англискиот јазик, кои долго време уживале поголем социјален статус се фаворизира во образованиете и професиите. Исто така, повеќето весници и медиуми се на француски. Маврицискиот креолски јазик, кој го зборуваат 90 проценти од населението, се смета за мајчин јазик на земјата и е главно користен во неформални ситуации.
КултураУреди
Кујната на Маврициус е мешавина на индиската, локалната, кинеската и европската кујна. Производството на рум е широко распространето на островот. Уште од населувањето на островот, шеќерот бил главна земјоделска култура.
Локалната музика се нарекува сега и има африкански корени.
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „Article 49 of The Constitution“. National Assembly of Mauritius. Архивирано од изворникот на 2013-10-17. Посетено на 2009-02-08.
- ↑ „Republic of Mauritius, Government Portal (Mauritius)“.
- ↑ Mahadeo, S. K. (2004). "History of English and French languages in Mauritius: A study in language and power" Архивирано на 22 април 2009 г.. The International Journal of Language Society and Culture, 14. Посетено на 2009-05-20.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „Mauritius“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ Mauritius turns the clock forward in October 2008
- ↑ „CIA - The World Factbook -- Mauritius“. CIA. Посетено на 2007-11-194. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)
Надворешни врскиУреди
- Историја на Маврициус и Родригес[мртва врска]
- Влада на Маврициус
- Туристички водич за Маврициус
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Маврициус“ (англиски)
- Маврициус на UCB Архивирано на 7 јуни 2008 г.