Олимпија
Олимпијада (старомакедонски: Ολυμπιας ; околу 375 — 316 год. п.н.е.[1]) — епирска принцеза, ќерка на епирскиот крал Неоптолем I Епирски, четврта жена на македонскиот крал Филип II и мајка на Александар III Македонски.
Потекло
уредиОлимпијада била ќерка на Неоптолем I Епирски, крал на Молосијците, едно од епирските племиња, и сестра на Александар I Епирски. Нејзината фамилија била член на Еакидите, многу почитувана фамилија во тоа време, која била со потекло од Неоптолем, син на Ахил. При раѓање го добила името Поликсена, како што забележал Плутарх во своето дело Моралија, а подоцна го променила нејзиното име во Миртал, пред да се омажи за Филип II Македонски.[2] Името Олимпијада било трето или четврто име под кое е таа позната, го добила најверојатно во чест на Филиповата победа на Олимписките игри во 356 п.н.е., годината кога се родил нивниот син Александар.[3] Последното нејзино име било Стратоника, што најверојатно е епитет придодаден на Олимпијада во чест на нејзината победа над Евридика во 317 п.н.е.[2]
Жена на Филип
уредиСпоред Плутарх, Филип II првпат ја сретнал Олимпијада на островот Самотраки. Кога Неоптолем I починал во 360 п.н.е., неговиот брат Аримба го наследил молосискиот престол. Во 359 п.н.е. Аримба склучил примирје со новиот македонски крал, Филип II, а пријателството било зацврснато со дипломатски брак, кога внуката на Аримба, Миртал, станала жена на Филип во 357 п.н.е. а подоцна кралица на Македонија. Филип се вљубил во Миртал кога и двајцата биле поканети во еден храм на островот Самотраки.[4]
Нивниот брак бил доста нестабилен, неверствата на Филип II и љубомората на Олимпијада довеле до проблеми во нивната врска и развод. Најкритичен момент бил кога Филип II се оженил со млада Македонка, аристократка по име Клеопатра во 337 п.н.е., која била внука на генералот Атал, која по мажењето го променила името во Евридика. Сето ова предизвикало големи тензии помеѓу Филип, Олимпијада и Александар. Олимпија самоиницијативно, заедно со својот син Александар, заминала во егзил во родниот Епир, престојувајќи кај својот брат Александар I Епирски, кој во тоа време бил крал. Филип сакајќи да го зацврсти пријателството со Александар I Епирски му ја понудил раката на неговата ќерка Клеопатра (заедничка ќерка на Филип и Олимпија), за жена, факт кој уште повеќе ја разлутил Олимпија и ја принудил на изолација бидејќи не можела да смета ниту на поддршката од својот брат. Но, Филип бил убиен од страна на неговиот телохранител Павзаниј. Олимпијада после тој настан се вратила во Македонија при што била осомничена дека го организирала убиството на Филип.
Влијание врз политиката
уредиПодоцна Олимпијада наредила Евридика и нејзиното дете од Филип да бидат убиени, со цел да го обезбеди патот на Александар до позицијата крал на Македонија. За време на воените походи на Александар, Олимпија редовно кореспондирала по писмен пат и можеби успеала да го убеди дека неговиот татко не бил Филип туку Зевс. Односите помеѓу Александар и Олимпијада биле блиски, но нејзиниот син секогаш ја држел мајка си настрана од политиката. Но сепак, Олимпијада имала големо влијание во Македонија и подоцна му предизвикала големи проблеми на Антипатар, регентот на Македонската Империја. Во 330 п.н.е., таа се вратила во Епир и служела како регент на Епирската држава, бидејќи нејзиниот брат Александар I Епирски го загубил животот за време на неговиот поход во југоисточна Италија.
По смртта на Александар Македонски во Вавилон 323 п.н.е., неговата жена Роксана посмртно му родила син, Александар IV, кој заедно со вујко му Филип III, полубратот на Александар Македонски кој бил со ментални недостатоци, под регентство на Пердика владееле со Македонската Империја. Пердика се обидел да ја зајакне својата позиција женејќи се со Никеја, ќерката на Антипатар. Во исто време, Олимпијада на Пердика му ја понудила раката на својата ќерка Клеопатра. Пердика прифатил да се ожени со Клеопатра, но од друга страна Антипатар се нашол навреден. Сето тоа довело до непријателства помеѓу Антипатар и Пердика, избила и своевидна граѓанска војна во Империјата. Од таа војна Антипатар излегол победник и станал нов регент на империјата. Но само после една година и тој починал.
Полиперхон го наследил Антипатар во 319 п.н.е. како регент, но неговиот син Касандар, го киднапирал Филип III, и го изнел надвор од Македонија. Полиперхон навлегол во Епир, ја земал Роксана и нејзиниот син Александар IV со него. На почетокот Олимпијада не била инволвирана во овој конфликт, но подоцна сфатила дека во случај да завладее Касандар со империјата, нејзиниот внук ќе ја загуби круната. Како резултат на тоа, таа се здружила со Полиперхон и заедно со воените сили на нејзиниот братучед Еакид извршила инвазија врз Македонија и успеала да му ја одземе власта на Касандар во 317 п.н.е., при што го фатила и убила Филип III во октомври истата година, а многу поддржувачи на Касандар биле масакрирани. Касандар успеал да се извлече а подоцна со помош на своите азиски сојузници се регрупирал и извршил опсада на Олимпија кај Пидна. После година дена опсада ја присилил Олимпијада да се предаде. Полиперхон и Еакид се обиделе да ја ослободат, еден од условите за нејзината капитулација биле Касандар да го поштеди нејзиниот живот. Но Касандар не го одржал своето ветување, ја убил 316 п.н.е., додека Роксана и Александар IV биле подоцна потајно убиени.
Наводи
уреди- ↑ „Olympias Queen of Macedonia“. www.american-pictures.com. Посетено на 30 јули 2009.
- ↑ 2,0 2,1 „Dixon on Carney“ (PDF). classicaljournal.org. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-24. Посетено на 2009-07-31.
- ↑ Heckel 2006, стр. 181
- ↑ Plutarch, Alexander, јануари 0243;query=chapter%3D%232;loc=2 2.1
Литература
уредиПримарни извори
- Плутарх, Александар, „Напоредни животописи“, јануари 0243&query=head%3D%231 online на Персеј проектот.
Секундарни извори
- Heckel, Waldemar (2006). Who's who in the age of Alexander the Great: prosopography of Alexander's empire. Wiley-Blackwell. ISBN 1405112107. Надворешна врска во
|title=
(help)
Надворешни врски
уреди- „Olympias (Macedonian leader)“. Encyclopædia Britannica Eleventh Edition. Посетено на 31 јули 2006.
- „Olympias“. Livius. Articles on Ancient History. Архивирано од изворникот на 2013-09-01. Посетено на 3о јули 2006. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - „Olympias“. Online Encyclopedia. Архивирано од изворникот на 2006-10-31. Посетено на 30 јули 2006.
Аргеади | Каран • Коин • Тирима • Пердика I • Аргеј I • Филип I • Аероп I • Алкет I • Аминта I • Александар I • Алкет II • Пердика II • Архелај I • Кратер • Орест • Аероп II • Архелај II • Аминта II • Павзаниј • Аминта III • Аргеј II • Аминта III • Александар II • Пердика III • Аминта IV • Филип II • Александар III Македонски • Филип III Аридеј • Александар IV | |
Намесници | Антипатар • Пердика • Полиперхон • Касандар | |
Антипатриди | Касандар • Филип IV • Александар V • Антипатар II • Состен | |
Антигониди | Деметриј I Опсадникот • Антипатар II • Антигон II Гонат • Деметриј II • Антигон III Досон • Филип V • Персеј | |
Птолемаиди | Птоломеј II Керавн • Мелегар | |
Други | Лизимах • Пир Епирски |