Андреас Торкилдсен
Андреас Торкилдсен (роден на 1 април 1982 г.) — норвешки атлетичар кој се натпреварува во дисциплината фрлање копје. Тој е првиот фрлач на копје во историјата кој станал европски, светски и олимписки шампион. Тој бил олимписки шампион во 2004 и 2008, европски шампион во 2006 и 2010, светски шампион во 2009 како и трикратен сребрен медалист од Светските првенства. Тој поставил светски јуниорски рекорд во 2001 година. Негов личен рекорд е 91.59 метри поставен во 2006 година.[1]
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Националност | Норвежанец | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден(а) | 1 април 1982 Кристијансанд, Норвешка | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | м | 1,88|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тежина | 90 kg (200 lb) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Земја | Норвешка | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Спорт | Атлетика | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплини | Фрлање копје | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Успеси и титули | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични рекорди | Фрлање копје: 91.59 метри | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Освоени медали
|
Кариера
уредиТоркилдсен започнал да тренира фрлање копје на 11-годишна возраст, и бил трениран од неговиот татко Том сè до 1999 година.[2] Тој поставил бројни младински државни рекорди додека бил тинејџер.[3] Во 1996 година тој поставил државен рекорд во категоријата до 14 години (53.82 метри), во 1998 година во категоријата до 16 години (61.57 метри), во 1999 година во категоријата до 17 години (72.11 метри), и во 2000 година во категоријата до 18 години (77.48 метри).[3] Тој завршил на седмото место на Европското јуниорско првенство во 1999 година
Во 2000 година, Торкилдсен го освоил својот прв медал на државното првенство на Норвешка, завршувајќи на второто место зад Рони Нилсен.[4] Поради неговата форма која идела во нагорна линија, тој бил повикан во норвешката екипа за Европскиот куп. Во октомври 2010, тој настапил на Светското јуниорско првенство и го освоил сребрениот медал зад Герардус Пиенар.
2001–2003
уредиВо 2001 година, Торкилдсен се преселил во Осло и започнал да се натпреварува за клубот Видар под водство на тренерот Асмунд Мартинсен,[5] кој бил поранешен фрлач на копје кој бил третопласиран на државното првенство на Норвешка во 1994 година,[4] и имал личен рекорд од 68.12 метри.[6] Нивната соработка се покажала како плодна бидејќи Торкилдсен набрзо ја соборил границата од 80 метри, префрлајќи 83.87 метри во Берген, Норвешка во јуни 2001 година.[7] Овој резултат бил светски јуниорски рекорд сè до 2011 година.[8] Настапувајќи на своето второ Европско јуниорско првенство, тој го освоил сребрениот медал зад Александар Иванов. На Светското првенство 2001 во Едмонтон, тој завршил на поседното место со префрлени само 68.41 метри. Кога бил запрашан да го искоментира неговиот настап, тој го оценил како "целосно ужасен".[9] На државно ниво, Торкилдсен станал норвешки шампион за првпат.[4]
Во 2002 година, негов најдобар резултат во сезоната биле префрлени 83.43 метри во јуни, но потоа тој имал пад во неговата форма.[10] На Европското првенство 2002 во Минхен, кое била негово прво во кариерата, тој не успеал да се пласира во финалето. Неговото најдобро фрлање од 78.36 метри било петнаесетто во вкупниот поредок во квалификациите.[11] И покрај тоа што Торкилдсен го освоил второто место на државното првенство на Норвешка зад Пал Арне Фагернес,[4] неговиот резултат од 83.43 метри бил доволен тој да се искачи на првото место на државната ранг листа за првпат.[10]
Следната година тој завршил на единаесеттото место на Светското првенство 2003 во Париз, во своето прво големо меѓународно финале. Неговиот резултат од 77.75 метри во финалето бил прилично разочарувачки бидејќи тој префрлил 79.44 метри во квалификациите,[12] и во Париз пристигнал со сопствен најдобар резултат од 85.72 метри, постигнат во јуни во Вентспилс.[13] Подоцна во годината тој вторпат во кариерата победил на државното првенство на Норвешка.[4]
2004
уредиВо 2004 година, Торкилдсен се соочил со конкуренција од Рони Нилсен, кој префрлил 84.73 метри во мај. Тој се квалификувал за Летните олимписки игри 2004 со префрлените 84.12 метри на митингот во Берген на кој победил американецот Бро Грир кој го соборил северноамериканскиот рекорд со префрлените 87.39 метри.[14] На 27 јули, норвешанецот ја остварил својата прва победа на еден гранд при митинг, победувајќи го Бро Грир на митингот во Стокхолм.[15] Три дена подоцна, тој го подобрил својот најдобар резултат во сезоната на 84.45 метри на митингот во Лондон.[16]
На Летните олимписки игри во Атина се сметало дека натпреварувањето во фрлање копје ќе биде најнеизвесно досега. Торкилдсен ја префрлил нормата од 81 метар префрлајќи 81.74 метри во квалификациите и без премногу ризикување се пласирал во финалето. Бро Грир бил првопласиран во квалификациите со префрлени 87.25 метри, но тој го напуштил стадионот со поткривнување. Во финалето два дена подоцна, норвешанецот префрлил 84.82 метри во првиот обид и по првата серија бил третопласиран. Вадим Василевскис од Латвија префрлил сопствен најдобар резултат од 84.95 метри и бил во изненадувачко водство пред актуелниот светски шампион Серген Макаров. Во втората серија, Торкилдсен префлил сопствен најдобар резултат во кариерата од 86.50 метри. До крајот на финалето никој не успеал да префрли повеќе, со што Торкилдсен изненадувачки го освоил олимпискиот златен медал, завршувајќи пред Василевскис и Макаров на подиумот. Коментирајќи ја својата победа, тој го опишал чувството како "неверојатно лудо".[17] Торкилдсен ја завршил сезоната со освојувањето на второто место на Светското атлетско финале во Монте Карло зад Бро Грир.
2005
уредиНајважно натпреварување во 2005 било Светското првенство. Подготовките за овој настан изгледале надежни за Торкилдсен бидејќи тој успеал да го поправи својот најдобар резултат во кариерата на 86.82 метри во Куортане во јуни, соборувајќи го норвешкиот државен рекорд на Пал Арне Фагернес.[6] Теро Питкемеки од Финска, кој остварил водечки резултат во сезоната од 91.53 метри на истото натпреварување, изгледал како најголем фаворит за освојување на светкото злато. Во јули, Торкилдсен го подобрил државниот рекорд на 87.66 метри на митингот во Осло, но две недели претходно Сергеј Макаров префрлил 90.33 метри на државното првенство на Русија во Тула.[18] Пред почетокот на Светското првенство, Питкемеки сè уште го имал најдобриот резултат во сезоната пред Макаров и Торкилдсен, кој имал подобар резултат од Бро Грир за еден сантиметар.[19]
Во квалификациите на Светското првенство, одржани во ветровити услови на Олимпискиот стадион во Хелсинки, само Питкемеки, Макаров и Торкилдсен успеале да ја префрлат квалификациската норма од 81 метар.[20] Во финалето во кое условите за натпреварување биле лоши поради дожд и ветер, Торкилдсен бил во водство по првите три серии со префрлени 86.18 метри, но на крајот го освоил сребрениот медал завршувајќи зад Андрус Верник кој се пробил на првото место со префрлените 87.17 метри во четвртата серија.[21]
Питкемеки, кој разочарувачки завршил четврти на Светското првенство, нашол утеха победувајќи на Светското атлетско финале пред Торкилдсен, кој го подобрил државниот рекорд на 89.60 метри. Тој резултат бил доволен за третото место на крајот на сезоната, зад Питкемеки и Макаров.[19]
2006–2008
уредиВо 2006 година, Торкилдсен се вратил во клубот Кристијансанд, откако претходно настапувал за Видар во претходните пет сезони.[22] Во мај тој за првпат ја соборил границата од 90 метри, префрлајќи 90.13 метри на гранд при митингот во Доха,[23] а потоа на митингот во Осло го подобрил резултатот на 91.59 метри.[24] Бидејќи никој не успеал да префрли подалеку od 91.59 метри, тој важел за фаворит на Европското првенство 2006 заедно со Теро Питкемеки кој бил победник на митингот во Париз.[25] Торкилдсен успеал да го освои својот прв златен медал од Европските првенства откако бил во водство уште од втората серија.[26] Тој ја завршил сезоната победувајќи на Светското атлетско финале како и на Светскиот куп. Со префрлените 91.59 метри тој за првпат во кариерата имал најдобро време во една сезона.[27]
Торкилдсен ја започнал 2007 година со просечни резултати. Тој префрлил 81.10 метри во Дакар и 86.39 метри во Доха.[28] На митингот во Осло, тој завршил на третото место зад Питкекеми и Грир со префрлени 87.79 метри. Својот најдобар резултат во сезоната, тој го поставил на митингот во Осло, каде победил со префрлените 89.49 метри. Иако неговата форма се движела во нагорна линија, тој сепак на Светското првенство 2007 го освоил само сребрениот медал, овојпат зад Питкемеки кој конечно станал светски шампион со префрлените 90.33 метри.
Во 2008 година, Торкилдсен победил на митингот во Осло, кој бил негов главен предизвик покрај Летните олимписки игри 2008 во Пекинг. Тој го освоил златниот медал на Олимписките игри со префрлените 90.57 метри, со што за 30 сантиметри го соборил олимпискиот рекорд на Јан Железни. Тој доминирал во натпреварувањето, водејќи од првата серија правејќи ги најдобрите две фрлања без искористувајќи ја последната серија. Сите негови пет фрлања биле вредни на медал. Покрај победата во Пекинг, тој до крајот на сезоната победил на митингот во Цирих префрлајќи 90.28 метри.
2009–2010
уредиТоркилдсен ја започнал 2009 година со победата на митингот во Доха каде префрлените 83.39 метри биле доволни за првото место. На почетокот на август, тој најпрво победил на митингот во Стокхолм, а потоа по седми пат станал државен шампион на Норвешка. Тој станал првиот фрлач на копје во историјата кој истовремено е европски, светски и олимписки шампион, откако конечно го освоил златниот медал на Светското првенство 2009 во Берлин со префрлените 89.59 метри. Торкилдсен исто така го имал најдобриот резултат во сезоната, 91.28 метри, кој го забележал на митигот во Цирих.
Тој ја отворил 2010 година со префрлените 90.37 метри на митингот во Флоре, резултат кој до крајот на сезоната не бил надминат од ниту еден фрлач. На митингот во Осло, тој забележал победа над Питкемеки, префрлајќи 86.00 метри.[29][30] На 31 јули тој ја одбранил својата европска титула префрлајќи 88.37 метри, завршувајќи пред второпласираниот Матијас де Зордо.[31]
Личен живот
уредиТоркилдсен потекнува од спортско семејство. Неговиот татко, Том Торкилдсен е поранешен фрлач на копје, кој имал личен рекорд од 71.64 метри во 1974 година.[2][6] Неговата мајка Бенте била државен шампион на 100 метри со пречки во 1972 година.[32] Тој има постар брат.[33]
Тој бил во врска со норвешката атлетичарка Кристина Вукичевиќ, но во март 2011 година парот објавил дека тие повеќе не се заедно.[34]
Наводи
уреди- ↑ http://www.iaaf.org/athletes/biographies/letter=t/athcode=176447/index.html
- ↑ 2,0 2,1 Johannessen, Bjørn Arne (2004-08-29). „- Skapt for spyd“. VG (норвешки). Посетено на 2007-01-03.
- ↑ 3,0 3,1 Norwegian Athletics Association (1 January 2007). „Norwegian athletics records – boys“ (норвешки). Посетено на 2007-03-17.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Norwegian Athletics Association (2007-01-01). „Norwegian championships in javelin throw“. Архивирано од изворникот 2007-03-06. Посетено на 2007-03-17.
- ↑ „Official site“. Архивирано од изворникот на 2006-08-25. Посетено на 2015-11-17.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Norwegian Athletics Association (2007-01-01). „Norwegian all-time list – men's javelin throw“. Архивирано од изворникот 2007-03-06. Посетено на 2007-03-17.
- ↑ Norwegian Athletics Association (31 December 2001). „Norwegian athletics statistics 2001 – jumping and throwing events“. Посетено на 2007-03-17.
- ↑ Athletics Weekly (2006-08-06). „World Junior Records and Best Performances“. GBR Athletics. Архивирано од изворникот 2007-03-02. Посетено на 2007-03-17.
- ↑ NTB (2001-08-11). „Kastet for kort“. NRK. Посетено на 2007-01-25.
- ↑ 10,0 10,1 Norwegian Athletics Association (31 December 2002). „Norwegian athletics statistics 2002 – jumping and throwing events“. Посетено на 2007-03-17.
- ↑ „2002 European Championships results, day 2“. The Athletics Site. 7 August 2002. Архивирано од изворникот на 2013-04-14. Посетено на 2007-03-17.
- ↑ NTB (2003-08-31). „Thorkildsen: – Kjipt“. NRK. Посетено на 2007-01-03.
- ↑ Norwegian Athletics Association (31 December 2003). „Norwegian athletics statistics 2003 – throwing events“. Посетено на 2007-03-17.
- ↑ NTB (2004-06-12). „Thorkildsen klarte OL-kravet“. NRK. Посетено на 2007-01-25.
- ↑ NTB (2004-07-27). „Thorkildsen vant DN-galan i spyd“. NRK. Посетено на 2007-01-25.
- ↑ Norwegian Athletics Association (2004-12-22). „Norwegian athletics statistics 2004 – throwing events“. Архивирано од изворникот 2006-12-11. Посетено на 2007-03-17.
- ↑ "CT" (2004-08-28). „Men's Javelin Throw Final“. IAAF. Посетено на 2007-01-01.
- ↑ Orlov, Rostislav; Nickolai Dolgopolov (2005-07-12). „Fabulous results – 90 metres men's Javelin and 1:56 women's 800 m – Russian Champs, Day Two“. IAAF. Посетено на 2007-03-12.
- ↑ 19,0 19,1 IAAF (2005-12-31). „Javelin Throw 2005“. Архивирано од изворникот 2010-04-11. Посетено на 2010-04-03.
- ↑ IAAF (2005-08-09). „Event Report – Men Javelin Throw Qualification“. IAAF. Посетено на 2007-03-12.
- ↑ IAAF (2005-08-10). „Event Report – Men Javelin Throw Final“. IAAF. Посетено на 2007-01-01.
- ↑ NTB (2006-06-02). „Thorkildsen tilbake til moderklubben“. Aftenposten (норвешки). Посетено на 2007-01-01.
- ↑ Norwegian Athletics Association (2006-12-31). „Norwegian athletics statistics 2006 – throwing events“. Архивирано од изворникот 2006-11-12. Посетено на 2007-03-17.
- ↑ NTB (2006-06-02). „- Jeg kjente at jeg traff!“. NRK (норвешки). Посетено на 2007-01-01.
- ↑ IAAF (2006-07-08). „Meeting Gaz de France Paris Saint-Denis – 8 July 2006 – men's javelin throw“. Архивирано од изворникот на 2012-12-02. Посетено на 2007-03-17.
- ↑ „Tero Pitkämäki wins javelin silver in Gothenburg“. Helsingin Sanomat – International Edition. 2006-06-02. Архивирано од изворникот 2006-12-07. Посетено на 2007-01-01.
- ↑ IAAF (2006-12-31). „Javelin Throw 2006“. Архивирано од изворникот 2010-04-11. Посетено на 2010-04-03.
- ↑ Norwegian Athletics Association (2007-05-16). „Norwegian athletics statistics 2007 – throwing events“. Архивирано од изворникот 2007-09-30. Посетено на 2007-05-23.
- ↑ Ramsak, Bob (2010-05-30). Thorkildsen launches 90.37m blast in Florö Архивирано на 25 октомври 2012 г.. IAAF. Посетено на 2010-06-06.
- ↑ Rowbottom, Mike (2010-06-04). Overview Disciplines – 04.06.2010 Javelin Throw – MenR. IAAF Diamond League. Посетено на 2010-06-06.
- ↑ „Thorkildsen etter EM-gullet: – Det var digg!“. VG (норвешки). 2010-07-31. Посетено на 2010-08-01.
- ↑ Norwegian Athletics Association (2007-01-01). „Norwegian championships in 100 metres hurdles“. Архивирано од изворникот 2007-09-28. Посетено на 2007-04-19.
- ↑ Lund, Jacob (2004-08-29). „Champagne i strie strømmer“. VG (норвешки). Посетено на 2007-04-19.
- ↑ Jørstad, Atle (2011-06-03). „Brudd mellom Thorkildsen og Vukicevic“. Verdens Gang (норвешки).
Надворешни врски
уреди„Андреас Торкилдсен“ на Ризницата ? |
- Профил на IAAF.org
Награди | ||
---|---|---|
Претходник Петер Солберг |
Норвешки спортист на годината 2004 |
Наследник Марит Бјерген |
Претходник Аксел Лунд Свиндал |
Норвешки спортист на годината 2008 |
Наследник Петер Нортхуг |
Претходник Теро Питкемеки |
Европски атлетичар на годината 2008 |
Наследник Филипс Идову |