Седмобој
атлетска дисциплина
Седмобој[1][2] или хептатлон (грчки хепта (έπτά) значи седум, а атлон значи натпревар) — атлетски повеќебоен натпревар кој се состои од седум атлетски дисциплини.
Атлетика Седмобој | |
---|---|
Светски рекорди | |
Мажи | Ештон Итон 6645 бода (2012) |
Жени | Џеки Џојнер-Керси 7291 бода (1988) |
Олимписки рекорди | |
Жени | Џеки Џојнер-Керси 7291 бода (1988) |
Рекорди на светски првенства | |
Жени | Џеки Џојнер-Керси 7128 бода (1987) |
Постојат два вида седмобој:
- седмобој за жени, кој се одржува во текот на два дена според следниот распоред:
- прв ден: 100 m со пречки, скок во височина, фрлање ѓуле, 200 m
- втор ден: скок во далечина, фрлање копје, 800 м
- седмобојот во сала за мажи е скратен облик на десеттобојот:
- прв ден: 60 m, скок во далечина, фрлање ѓуле, скок во височина
- втор ден: 60 m со пречки, скок со стап, 1000 m
Според посебните табели на Меѓународната атлетска федерација (ИААФ), резултатите се претвораат во бодови и се собираат. Победник е седмобојката и седмобоецот со најголем број бодови.
Седмобојот бил воведен во 1980-тите како замена за петобојот, кој дотогаш бил вообичаено повеќебојно натпреварување за жени.
Сегашен светски рекорд за жени:
- 7291 бодови, Џеки Џојнер-Керси , САД, Сеул, Јужна Кореја , 24 септември 1988 година.
Резултати по дисциплини при соборување на светскиот рекорд
Дисциплина | Резултат |
---|---|
100 m со пречки | 12,69 с |
скок во височина | 1,86 м |
фрлање ѓуле | 15,80 м |
200 м | 22,56 с |
скок во далечина | 7,27 м |
фрлање копје | 45,66 м |
800 м | 2:08,51 с |
Светска ранг листа на седмобојки
уреди(состојба 1 декември 2017 година)
Бодови | Атлетичарка | Држава | Место, држава | датум |
---|---|---|---|---|
7.291 | Џеки Џојнер-Керси | САД | Сеул, Јужна Кореја | 24 септември 1988 година . |
7.032 | Керолин Клифт | Шведска | Осака, Јапонија | 26 август 2007 г |
7.013 | Нафисат Тиам | Белгија | Гецис, Австрија | 20 мај 2017 |
7.007 | Лариса Турчинскаја | СССР | Брјанск СССР | 11 јуни 1989 |
6.985 | Сабине Браун | Германија | Гецис, Австрија | 31 мај 1992 |
6.955 | Џесика Енис-Хил | Обединето Кралство | Лондон, Обединето Кралство | 4 август 2012 |
6.946 | Сабине Џон | Источна Германија | Потсдам, Источна Германија | 6 мај 1984 |
6.942 | Бадас Шо | Сирија | Гецис, Австрија | 26 мај 1996 |
6.935 | Рамона Нојберт | Источна Германија | Москва, СССР | 19 јуни 1983 |
6.889 | Јунис Барбер | Франција | Арл, Франција | 5 јуни 2005 |
6.859 | Наталија Шубенкова | СССР | Киев, СССР | 21 јуни 1984 |
6.858 | Анке Фатер-Бемер | Источна Германија | Сеул, Јужна Кореја | 24 септември 1988 |
Победнички на светски првенства
уреди- Хелсинки 1983 – Рамона Нојберт Источна Германија
- Рим 1987 – Џеки Џојнер Керси САД
- Токио 1991 – Сабине Браун Германија
- Штутгарт 1993 – Џеки Џојнер-Керси САД
- Гетеборг 1995 – Гада Шо Сирија
- Атина 1997 – Сабине Браун Германија
- Севиља 1999 - Јунис Барбер Франција )
- Едмонтон 2001 - Јелена Прохорова Русија
- Париз 2003 – Каролина Клифт Шведска
- Хелсинки 2005 – Каролина Клифт Шведска
- Осака 2007 – Каролина Клифт Шведска
Олимписки победнички
уреди- Лос Анџелес 1984 – Глинис Нун, Австралија
- Сеул 1988 – Џеки Џојнер-Керси, САД
- Барселона 1992 – Џеки Џојнер-Керси, САД
- Атланта 1996 – Гада Шоуа, Сирија
- Сиднеј 2000 – Денис Луис, Обединетото Кралство
- Атина 2004 – Каролина Клуфт, Шведска