Кенениса Бекеле

етиописки атлетичар

Кенениса Бекеле (роден на 13 јуни 1982 г.) е етиопски атлетичар на долги патеки, кој ги поседува светските и олимписките рекорди на трките на 5000 и 10000 метри. На Летните олимписки игри 2004, тој го освоил златниот медал на трката на 10000 метри, а четири години подоцна, на игрите во Пекинг, забележал двојна победа на трките на 5000 и 10000 метри.

Кенениса Бекеле
Бекеле во 2012
Лични податоци
НационалностЕтиопиец
Роден(а)13 јуни 1982(1982-06-13)(41 г.)[1]
Бекоџи, Етиопија[2]
Висина&100000000000001650000001,65 м[3]
Тежина56 kg (123 lb)
Спорт
ЗемјаЕтиопија Етиопија
СпортАтлетика
Дисциплини5000 метри, 10000 метри
Успеси и титули
Лични рекорди5000 метри: 12:37.35 (СР)
10000 метри: 26:17.53 (СР)

Тој е најнаградуваниот атлетичар во историјата на Светските првенства во крос, со освоени шест златни медали на долгите трки (12 км) и пет златни медали на кратките трки (4 км). Тој е четирикратен шампион од Светските првенства на трките на 10000 метри, освојувајќи ги златните медали од 2003 до 2009, со што се изедначил со Хаиле Гебреселасие. Бекеле бил непобедлив на трките на 10000 метри од неговиот прв настап во 2003 сè до 2011, кога не успеал да ја заврши трката во финалето на Светското првенство.

На Светското првенство 2009 во Берлин, тој станал првиот човек со светски титули на 5000 и 10000 метри на исто првенство. На трките на 5000 метри тој исто така има освоено еден олимписки сребрен медал (2004), еден бронзен медал од Светските првенства (2003), два златни медали од Африканските првенства и еден златен медал од Сеафриканските игри. Тој исто така бил победник на трката на 3000 метри на Светското првенство во сала 2006.

Бекеле се смета за еден од најдобрите атлетичари на долги патеки, кој поседува неколку светски рекорди и колекција од медали. На 6 април 2014, на својот прв настап на маратонските трки, тој победил на Парискиот маратон, со рекордно време на маратонот од 2:05:04. Тој е постар брат на Тарику Бекеле кој исто така е успешен атлетичар на долги патеки.

Кариера уреди

Бекеле е роден во 1982 година во Бекоџи, Етиопија, во истиот град во кои се родени сестрите Дибаба (Еџагајеху, Тирунеш и Гензебе) и нивната братучетка Дерарту Тулу.

Во август 2001 тој поставил Нов Светски јуниорски рекорд на 3000 метри со време од 7:30.67 минути во Брисел. Рекордот бил во функција 3 и пол години, сè додека не бил соборен од Августин Чоге, кој делницата од 3000 метри ја истрчал за 7:28.78 минути.[4]

Пет години последователно, од 2002 до 2006, тој победувал на кратката (4 км) и долгата трка (12 км) на Светските првенства во крос, подвиг кој го нема остварено ниту еден друг атлетичар. Во 2004, тој ги соборил светските рекорди на 5000 и 10000 метри на отворено, како и светскиот рекорд на 5000 метри во сала.

Бекеле е познат по својата способност да забрза на крајот на трките на долги патеки; во Осло во јуни 2003, тој бил позади кениецот Абрахам Чеби но последните 400 метри ги истрчал за 54.64 секунди со што победил со време од 12:52.26. Повторно во Лозана на 1 јули 2003, Бекеле во последниот круг истрчал 200 метри за 24 секунди како и 100 метри за 12 секунди, со што кругот го истрчал за 52.63 секунди.

2005 уреди

На 4 јануари 2005, вереницата на Бекеле, 18-годишната Алем Техале, починала од срцев удар додека трчала за време на тренинг со него. Таа била светски кадетски шампион од 2003 на трката на 1500 метри и била во одлична физичка состојба.

 
Бекеле на митингот во Париз во 2006

Во текот на следните неколку недели по смртта на Алем, Бекеле бил ожалостен. Тој продолжил да се натпреварува на 29 јануари, и загубил на трка на 3000 метри во сала од ирецот Алистер Крег откако започнал да трча со сета сила на круг и половина до крајот, мислејќи дека му преостанал само половина круг. Неколку недели подоцна, тој загубил од сонародникот Маркос Генети на трка на две милји.

Во март, Бекеле се соочил со најтешкиот предизвик досега. И покрај неговата тага и неодамнешните порази, тој ги одбранил титулите на кратката и долгата трка на Светското првенство во крос 2005. На драматичен начин, Бекеле стигнал до победата на кратката трка и покрај брзото темпо кое го поставил катарецот Саиф Саид Шахин. Следниот ден тој го освоил златниот медал и на долгата трка победувајќи ги еритрејецот Зерсенај Тадесе и кенискиот соперник Елиуд Кипчоге.

На 8 август 2005, Бекеле го освоил златниот медал на трката на 10.000 метри на Светското првенство 2005 во Хелсинки со чудесен спринт во последните 200 метри.[5]

На 26 август 2005, Бекеле го поставил актуелниот светски рекорд на 10.000 метри со време од 26:17.53 на митингот во Брисел, со што го подобрил сопствениот светски рекорд од 26:20.31 за три секунди.[6][7] На крајот на 2005 година, Бекеле бил избран за атлетичар на годината од списанието Атлетски вести (Track & Field News).

2006–2007 уреди

Бекеле победил на трката на 3.000 метри на Светското првенство во сала 2006 во Москва, и станал првиот атлетичар во историјата кој бил олимписки шампион, светски шампион на отворено, светски шампион во сала, и светски шампион во крос трчање.

Во 2006, на митинзите од златната лига, тој бил победник на 5 од 6 трки на кои настапил на 5.000 метри со што заработил 83.333 американски долари.

На 17 февруари 2007, тој го соборил светскиот рекорд во сала на 2000 метри во Бирмингем, поставувајќи време од 4:49.99. Следниот месец, сепак, неговата извонредна серија од 27 последователни победи на крос трките (која траела од декември 2011) завршила кога тој на претпоследниот круг на Светското првенство во крос во Момбаса потклекнал на топлото и суво време (кое предизвикало повеќе од 1/6 од натпреваруваќите да се откажат) и бил поминат од крајниот победник Зерсенај Тадесе во последниот круг пред Бекеле да се откаже на само 800 метри до крајот. Неговиот пораз бил поздравен со овации од страна на кениската публика, настан кој ја зачудил пошироката атлетска јавност.

Тој го надоместил реткиот пораз со победата на трката на 10.000 метри на Светското првенство 2007 во Осака, повторно победувајќи го својот сонародник Силеши Сихине. Тој во последниот круг од трката влегол како третопласиран, но со неверојатен спринт во последните 150 метри го поминал водачот Силеши, освојувајќи ја третата последователна светска титула на делницата од 10.000 метри.

На 18 ноември 2007, Бекеле стапил во брак со етиопската глумица Данавит Гебрегзиабер во Адис Абеба.[8]

ОИ во Пекинг и СП 2009 уреди

 
Бекеле го слави златниот медал освоен на Светското првенство 2009

На 30 март 2008 во Единбург, Бекеле шести пат во кариерата победил на долгата трка од Светското првенство во крос, соборувајќи го рекордот од пет титули кој го делел со Пол Тергат и Џон Нгуги. Со оваа победа, Бекеле станал најодликуваниот атлетичар во историјата на Светските првенства во крос. Вкупно, тој во кариерата шест пати бил победник на долгата трка (12 км), 5 пати на кратката трка (4 км), еднаш на јуниорската трка (8 км), и четири пати во тимска конкуренција, освојувајќи 16 златни медали. Неговиот севкупен број на освоени медали изнесува: 16 златни, 9 сребрени и 2 бронзени.

На 17 август 2008, Бекеле го освоил златниот медал на трката на 10.000 метри на Летните олимписки игри 2008 со време од 27:01.17, поставувајќи нов олимписки рекорд. Тој последните 400 метри од трката ги истрчал за 53.42 секунди, со што вторпат последователно станал олимписки шампион на 10.000 метри.[9] Пет дена подоцна, Бекеле повторно бил подобар од конкурентите и победил на трката на 5.000 метри, разбивајќи го олимпискиот рекорд на Саит Ауита за речиси осум секунди со време од 12:57.82.

Со двојната победа на 10,000/5000 метри на игрите во Пекинг, Бекеле станал шестиот атлетичар на кој тоа му успеало по Ханес Колемаинен (1912), Емил Затопек (1952), Владимир Кутс (1956), Ласе Вирен (двапати, во 1972 и 1976) и Мирус Ифтер (1980). Во 2012, на овој елитен клуб од алтетичари му се приклучил и Мо Фарах.

На Светското првенство 2009 одржано во Берлин, Бекеле освоил два златни медали. Со неговата двојна победа на 5000 метри (13:17.09) и 10,000 метри (26:46.31 – рекорд на првенствата) тој станал првиот атлетичар кој ги освоил златните медали на двете трки на долги патеки на едно исто првенство.[10] Комбинацијата од талент, издржливост и брзина направија да е речиси невозможно Бекеле да загуби кога е во полна сила. Поради неговото мирно однесување и одбивноста од интервјуа тој не станал високо профитабилен спортист во западниот свет. Јусејн Болт изјавил дека достигнувањата на Бекеле не добиле признанија какви што заслужуваат.[11]

Повреди уреди

 
Бекеле ја предводи групата на трката на 10.000 метри на игрите во Лондон 2012

Бекеле ја започнал разочарувачки 2010 година, завршувајќи на четвртото место на крос трка во Единбург, каде иако бил голем фаворит за победа, бил престигнат од три кенијци во последниот круг. Поради скинат лист на ногата, Бекеле не се натпреварувал речиси целата сезона

Во март 2011, Бекеле конечно почнал да тренира по повредата која ја имал на коленото.[12] Тој настапил на Светското првенство 2011, на трката на 10.000 метри, но на 10 круга до крајот се повлекол.[13] Тој одлучил да не се натпреварува на 5.000 метри [14] и на тартанот се вратил на митингот од дијамантската лига во Брисел каде го поставил најдоброто време на 10.000 метри за 2011 година.[15][16]

Бекеле лошо ја започнал 2012, завршувајќи на 11. место на крос трката во Единбург.[17] Во април, тој се вратил во форма победувајќи на 10 километарската трка на отворено во Даблин, Ирска со нов сопствен најдобар резултат од 27:49 минути, подобрувајќи го дотогашниот рекорд на трката за 46 секунди.[18] На Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Бекеле целата трка од 10.000 метри ја трчал заедно со групата која била во водство, но не го издржал спринтот во последните 150 метри и завршил на четвртото место со време од 27:32.44, само 1.01 секудна зад бронзениот медалист, неговиот брат Тарику.[19]

Прва трка за Бекеле во 2013 била 10 километарската трка во Даблин, на која вторпат последователно победил.[20] Потоа тој исто така победил и на полумаратонската трка на Great North Run со време од 60:09, победувајќи го домашниот фаворит Мо Фарах за само една секунда.

Маратонска кариера уреди

 
Бекеле на Парискиот маратон 2014

Кенениса Бекеле својата маратонска кариера ја започнал на Парискиот маратон на 6 април 2014. Тој победил на својот прв маратонски настап со време од 2:05:04, време кое претставува рекорд на маратонот во Париз. Неговото дебитантско време исто така било подобро од дебитантските времиња на легендите Хаиле Гебреселасие, Пол Тергат и Самуел Ванџиру.[21]

Следен маратон за Бекеле бил маратонот во Чикаго одржан на 12 октомври 2014. Тој маратонот го завршил на четвртото место со време од 2:05:51, 1 минута и 40 секунди зад кениецот Елиуд Кипчоге.[22]

На 23 јануари 2015, Бекеле настапил на маратонот во Дубаи, но бил приморан да се откаже од трката по истрчани 30 километри.[23]

Бекеле планирал да настапи на Лондонскиот маратон во 2015 но го откажал својот настап поради постојаната повреда на десната ахилова тетива.[24]

Статистика уреди

Лични рекорди уреди

 
Бекеле води на трката на 5000 метри На Светското првенство 2009
Дисциплина Резултат Место Датум
На отворено 1.500 метри 3 мин 32 s 35 Шангај, Кина 28 септември 2007
3.000 метри 7 мин 25 с 79 Стокхолм, Шведска 7 август 2007
2 милји 8 мин 13 с 51 Хенгело, Холандија 26 мај 2007
5.000 метри 12 мин 37 с 35 Хенгело, Холандија 31 мај 2004
10.000 метри 26 мин 17 с 53 Брисел, Белгија 26 август 2005
10 километри (пат) 27 мин 49 с Даблин, Ирска 15 април 2012
15 километри (пат) 42 мин 42 с Берг, Холандија 9 декември 2001
Маратон 2 ч 05 мин 03 с Париз, Франција 6 април 2014
Во Сала
1 милја 4 мин 01 с 57 Њујорк, САД 3 февруари 2006
2.000 метри 4 мин 49 с 99 Бирмингем, ОК 17 февруари 2007
3.000 метри 7 мин 30 с 51 Стокхолм, Шведска 20 февруари 2007
2 милји 8 мин 04 с 35 Бирмингем, ОК 16 февруари 2008
5.000 метри 12 мин 49 с 60 Бирмингем, ОК 20 февруари 2004

Годишна прогресија уреди

5000 метри
Год. Најдобро време Место Датум Ранг
2012 12:55.79 Париз, Франција 6 јули 9. место
2009 12:52.32 Цирих, Швајцарија 28 август 1. место
2008 12:50.18 Цирих, Швајцарија 29 август 1. место
2007 12:49.53 Сарагоса, Шпанија 28 јули 1. место
2006 12:48.09 Брисел, Белгија 25 август 1. место
2005 12:40.18 Париз, Франција 1 јули 1. место
2004 12:37.35 Хенгело, Холандија 31 мај 1. место
2003 12:52.26 Осло, Норвешка 27 јуни 3. место
2002 13:26.58 Милано, Италија 5 јули 71. место
2001 13:13.33 Севиља, Шпанија 8 јуни 29. место
2000 13:20.57 Ријети, Италија 3 септември 53. место

10.000 метри
Год. Најдобро време Место Датум Ранг
2012 27:02.59 Бирмингем, ОК 22 јуни 3. место
2011 26:43.16 Брисел, Белгија 16 септември 1. место
2009 26:46.31 Берлин, Германија 17 август 1. место
2008 26:25.97 Јуџин, САД 8 јуни 1. место
2007 26:46.19 Брисел, Белгија 14 септември 1. место
2005 26:17.53 Брисел, Белгија 26 август 1. место
2004 26:20.31 Острава, Чешка 8 јуни 1. место
2003 26:49.57 Париз, Франција 25 август 4. место

Резултати уреди

Големи натпреварувања уреди

Год. Првенство Место Позиција Дисциплина
1999 Светско првенство во крос Белфаст, Обединето Кралство 9. место Јуниорска трка
Светско кадетско првенство Бидгошч, Полска 2. место 3.000 метри
2000 Светско јуниорско првенство Сантјаго, Чиле 2. место 5.000 метри
2001 Светско првенство во крос Остенде, Белгија 2. место Кратка трка
1. место Јуниорска трка
2002 Светско првенство во крос Даблин, Ирска 1. место Кратка трка
1. место Долга трка
2003 Светско првенство во крос Лозана, Швајцарија 1. место Кратка трка
1. место Долга трка
Светско првенство Париз, Франција 3. место 5.000 метри
1. место 10.000 метри
Сеафрикански игри Абуџа, Нигерија 1. место 5.000 метри
2004 Светско првенство во крос Брисел, Белгија 1. место Кратка трка
1. место Долга трка
Летни олимписки игри Атина, Грција 2. место 5.000 метри
1. место 10.000 метри
2005 Светско првенство во крос Сент-Галмир, Франција 1. место Кратка трка
1. место Долга трка
Светско првенство Хелсинки, Финска 1. место 10.000 метри
2006 Светско првенство во сала Москва, Русија 1. место 3.000 метри
Светско првенство во крос Фукуока, Јапонија 1. место Кратка трка
1. место Долга трка
Африканско првенство Бамбус, Маврициус 1. место 5.000 метри
Континентален куп Атина, Грција 2. место 3.000 метри
2007 Светско првенство во крос Момбаса, Кенија Не завршил Сениорска трка
Светско првенство Осака, Јапонија 1. место 10.000 метри
2008 Светско првенство во крос Единбург, Обединето Кралство 1. место Сениорска трка
Африканско првенство Адис Абеба, Етиопија 1. место 5000 метри
Летни олимписки игри Пекинг, Кина 1. место 5.000 метри
1. место 10.000 метри
2009 Светско првенство Берлин, Германија 1. место 5.000 метри
1. место 10.000 метри
2011 Светско првенство Тегу, Јужна Кореја Не завршил 10.000 метри
2012 Летни олимписки игри Лондон, Обединето Кралство 4. место 10.000 метри

Гран при финалиња уреди

Год. Првенство Место Позиција Дисциплина
2001 Гран при финале Мелбурн, Австралија 2. место 3000 метри
2003 Светско атлетско финале Монако, Монако 1. место 3000 метри
2005 Светско атлетско финале Штутгарт, Германија 1. место 5000 метри
2009 Светско атлетско финале Солун, Грција 1. место 3000 метри

Наводи уреди

  1. „Kenenisa Bekele“. bbc.com. BBC Sport. Посетено на 9 February 2014.
  2. „Kenenisa Bekele“. iaaf.org. Светска атлетска федерација. Посетено на 9 February 2014.
  3. „Kenenisa Bekele“. sports-reference.com. Sports Reference LLC. Архивирано од изворникот на 2009-05-23. Посетено на 9 February 2014.
  4. IAAF, 17 November 2009: World Records ratified
  5. 2005 World Championships 10000 m final[мртва врска]
  6. Bekele 10000 m world record – IAAF
  7. Bekele 10000 m world record – YouTube video
  8. „Bekele follows Campbell down marriage path“. iaaf.org. Архивирано од изворникот на 2007-11-11. Посетено на 2015-08-28.
  9. BBC Sports http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/olympics/athletics/latest_results/default.stm
  10. Jörg Wenig (2009-08-23). Bekele conquers another superlative Архивирано на 27 јануари 2010 г.. IAAF. Посетено на 24 August 2009.
  11. Chadband, Ian (2009-09-01). Kenenisa Bekele is the Usain Bolt of distance running. The Daily Telegraph. Посетено на 1 September 2009.
  12. „Bekele back in training, hopeful for London 2012 | Athletics Weekly - the best coverage of the No.1 Olympic sport“. Athletics Weekly. Архивирано од изворникот на 2011-08-29. Посетено на 2015-08-28.
  13. „World Athletics 2011: Mo Farah settles for 10,000m silver in Daegu | Mail Online“. Dailymail.co.uk. 30 August 2011.
  14. „Farah won't face Bekele in 5,000m as the Ethiopian returns home | Athletics“. insidethegames.biz. 31 August 2011.
  15. „Bekele sets season best in 10,000m - The Times of India“. Timesofindia.indiatimes.com. 17 September 2011.
  16. IAAF.org (15 September 2011). „Brussels offers Bekele the chance to bounce back – Samsung Diamond League“. iaaf.org. Архивирано од изворникот на 2011-10-25. Посетено на 2015-08-28.
  17. Wenig, Jorg (2012-01-07). Kiprop triumphs in race of champions, Bekele a distant 11th – Edinburgh XC report. IAAF. Посетено на 8 January 2012.
  18. Cole, Brendan (2012-04-15). Bekele wins Great Ireland Run in stunning style. RTE. Посетено на 15 April 2012.
  19. Mulkeen, Jon (2012-08-04). Ennis, Farah and Rutherford take gold for Britain on 'Super Saturday' - London 2012 Day Two Report. IAAF. Посетено на 4 August 2012.
  20. Martin, David (2013-04-14). Bekele retains title, Howarth takes honours in Dublin. IAAF. Посетено на 2013-04-18.
  21. „Kenenisa Bekele Runs 2:05:03 in Marathon Debut – Breaks course record and smahes debut times of past legends Gebrselassie, Tergat and Wanjiru“. 6 April 2014. Посетено на 6 April 2014.
  22. „Kenyans sweep Chicago Marathon, Kenenisa Bekele fourth“. 12 October 2014. Посетено на 18 March 2015.
  23. „Ethiopian clean sweep at Standard Chartered Dubai Marathon“. 23 January 2015. Посетено на 18 March 2015.
  24. „Kenenisa Bekele Withdraws from London Marathon with Injury“. 18 March 2015. Посетено на 18 March 2015.

Надворешни врски уреди

Рекорди
Претходник
  Хаиле Гебреселасие
Светски рекордер на 10.000 метри
8 јуни 2004 –
Наследник
Актуелен
Претходник
  Хаиле Гебреселасие
Светски рекордер на 5.000 метри
31 мај 2004 –
Наследник
Актуелен
Награди и достигнувања
Претходник
  Хишам Ел Геруж
Светски атлетичар на годината
2004–2005
Наследник
  Асафа Пауел