Гранада

град во Анадлузија, Шпанија

Гранада (шп. Granada) — главен град на покраината Гранада во автономната Андалусија во јужна Шпанија. Исто така се подразбира дека е некогашна маварско кралство, Таифе Гранада.

Гранада
Општина
400px
Знаме на ГранадаГрб на Гранада
Земја Шпанија
Autonomous Community Андалусија
ProvinceГранада
ComarcaВега де Гранда
Површина
 • Вкупна88,02 км2 (3,398 ми2)
Надм. вис. (AMSL)&10000000000000738000000738 м
Население (Jan. 2014)
 • Вкупно237.540
 • Густина27/км2 (70/ми2)
Демонимgranadino (m), granadina (f)
iliberitano (m), iliberitana (f) granadí, garnatí
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Postal codes18001–18019
Повик. бр.+34 (Шпанија) + (Гранада)
Мреж. местоМатична страница

Знамето на Гранада се состои од две еднакви вертикални пруги. Оној дел од знаемето кој е прикачен за јарболот, црвена боја е, додека другиот дел е зелен. Во самиот центар се наоѓа грбот.

Внатрешноста на службениот грб на Гранада се состои од три дела. На горната половина на внатрешниот грб прикажани се Католички кралеви до двоите круни, Фернандо и Изабела, како во царска облека седат на својот престол. Кралот Фернандо држи меч во својата десна рака, додека кралицата Изабела држи жезло. Долниот дел е поделен на два блока- на левиот е прикажана Кулата Бдења (Torre de la Vela), од која се виори црвено-жолтото шпанско знаме, а на десниот може да се види отворен плод на нара во своите природни бои. Цел внатрешен дел е опкружен со четири дворци, шест лавови свртени навнатре и со две тврдини на коишто се виорат знамињата на Шпанија. Околу нив е обвиена тесна трака, додека на грбот се наоѓа сјајна златна круна.

Географија

уреди

Гранада се наоѓа во Шпанија на југ и главен град е на истоимената покраина. Во неа живеат околу 265.000 жители. Лежи недалеку од Сиера Невада помеѓу два рида, во долините на реките Даро (шп. Darro), Хенил (шп. Genil) и Биро (шп. Beiro) на висина од 670 метри. Реката Даро тече низ центарот на градот и на тој начин ја прави границата меѓу ридовите Сакромонте (шп. Sacrtomonte) и Албајсин (шп. Albaycin).

Во покраината Гранада се наоѓаат некои од највисоките врвови во Европа како што се Муласен (шп. Mulhacen) (3.481 м), Велета (шп. Veleta) (3.470 м) и Алкасаба (шп. Alcazaba) (3.314 м). Овие врвови преку целата година се покриени со снег.

 
Брдото Сакромонте, Гранада

Оддалеченоста на Гранада до другите Шпански градови:

Аеродромот Гранада се наоѓа на 15 км од Гранада, на патот за накај Малага.

Клима

уреди
 
Сиера Невада под снег

Климата во Гранада е пријатна и сува. Воздухот е чист и здрав, а небото е најчесто ведро. Снегот, маглата и силните ветрови се многу ретки во овој град.

Сепак, Гранада како покраина има многу различна клима и пејзаж. Од алпската вегетација на Сиера Невада до тропскиот брег Мотрил (шп. Motril), каде просечната зимска температура е околу 15 °C, додека во некои села во Сијера Невада се спушта дури до минус 10 °C.

Просечната годишна температура во Гранада е 14 °C, просечната највисока 40 °C, а просечната најниска 4 °C. Најврнежливи месеци се ноември, март и април. Најпријатни температури се преку пролет и есен, па со само тоа ова годишно време е најповолно за посета на овој град.

Климатски податоци за Granada (Granada Base Aérea, altitude 687 м, 2,254 ст)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 23.4
(74.1)
27.6
(81.7)
29.1
(84.4)
31.9
(89.4)
38.6
(101.5)
40.2
(104.4)
43.5
(110.3)
42.0
(107.6)
40.6
(105.1)
35.2
(95.4)
27.6
(81.7)
24.8
(76.6)
43.5
(110.3)
Прос. висока °C (°F) 12.6
(54.7)
14.6
(58.3)
18.0
(64.4)
19.5
(67.1)
24.0
(75.2)
30.2
(86.4)
34.2
(93.6)
33.5
(92.3)
28.7
(83.7)
22.6
(72.7)
16.5
(61.7)
13.1
(55.6)
22.3
(72.1)
Сред. дневна °C (°F) 6.9
(44.4)
8.5
(47.3)
11.4
(52.5)
13.1
(55.6)
17.1
(62.8)
22.5
(72.5)
26.0
(78.8)
25.5
(77.9)
21.6
(70.9)
16.3
(61.3)
10.9
(51.6)
7.9
(46.2)
15.7
(60.3)
Прос. ниска °C (°F) 1.2
(34.2)
2.4
(36.3)
4.8
(40.6)
6.8
(44.2)
10.2
(50.4)
14.7
(58.5)
17.7
(63.9)
17.6
(63.7)
14.4
(57.9)
10.1
(50.2)
5.3
(41.5)
2.7
(36.9)
9.0
(48.2)
Најниска забележана °C (°F) −12.6
(9.3)
−13.4
(7.9)
−6.4
(20.5)
−1.9
(28.6)
0.6
(33.1)
5.6
(42.1)
9.0
(48.2)
8.2
(46.8)
1.2
(34.2)
−0.5
(31.1)
−4.5
(23.9)
−8.6
(16.5)
−13.4
(7.9)
Прос. врнежи мм (ин) 41
(1.61)
33
(1.3)
35
(1.38)
37
(1.46)
30
(1.18)
11
(0.43)
2
(0.08)
3
(0.12)
23
(0.91)
38
(1.5)
50
(1.97)
50
(1.97)
353
(13.91)
Прос. бр. врнежливи денови 5.8 5.6 5.1 6.3 4.7 1.7 0.3 0.6 2.7 5.1 6.7 7.2 51.8
Прос. бр. снежни денови 0.7 0.5 0.2 0.1 0 0 0 0 0 0 0.1 0.3 2
Прос. релативна влажност (%) 72 68 60 57 51 43 37 41 51 62 71 75 57
Сред. бр. сончеви часови месечно 170 172 219 234 280 331 362 330 254 211 164 148 2.881
Извор: Agencia Estatal de Meteorología[1][2]

</ref>[3]

Знаменитости

уреди

Музеи

уреди

Гранада има голем број музеи од различни типови и квалитети, каде се покажуваат колекции на големи уметнички интереси, етнолошки и културни. Такви музеи се: Археолошкиот и етнографскиот музеј, Музејот на ликовните уметности, Центарот Хосе Гереро, Музејот на меморијата во Андалусија или Куќата-музеј на Федерико Гарсија Лорка и тие се некои од најдобрите културни впечатоци.

Археолошкиот и етнографскиот музеј во Гранада

уреди

Археолошкиот и Етнографскиот музеј во Гранада е изграден во 1867 година, но до 1879 година се смета само за Габинете де Антигуедадес од Комисијата за знаменитости во Гранада (шп. Comisión de Monumentos de Granada), која ја створила својата прва колекција со фондот Комисија за знаменитости, со две секции: археолошки и уметнички уметности. Во 1917 година ја купил Куќата Кастрил за да го преместат музејот на тоа место. Куќата Кастрил е сметана како едно од најдобрите ренесански палати во Гранада. Таа била на одговарачкиот начинпроменета за да може музејот да се смести во нејзините простории. Покрај Куќата Кастрил откриена е куќата на сликарот Рафаел Латоре која била купена во 1962 година како продолжеток на музејот. Во 1980 година замислена е нова сала, Етнолошки одделок, кој никогаш се нема отворено.

Научниот парк во Гранада

уреди
 
Научниот Парк во Гранада

Научниот Парк во Гранада (шп. Parque de las Ciencias de Granadа) — прв интерактивен музеј на науки во Андалусија и еден од извондредните во Шпанија.[4] Од своето отворање, во мај 1995 година прераснал во три фази до изградбата на повеќе од 26.000 метри квадратни кои ја сочинуваат неговата површина. Во ноември 2008 година отворена е четвртината од фазите за продолжеток која го дуплирала површинскиот центар и исто така и неговата содржина. Научниот Парк се наоѓа во централната зона во Гранада и станал еден од основните туристички атракции, посебно за учениците од сите училишта од Андалусија. Паркот е направен од значајниот број на изложби кои биле постојани и привремени.

Музејот на меморијата во Андалусија

уреди

Музејот на меморијата во Андалусија се наоѓа пред паркот на Науките, во архитектонскиот простор на авангардата, проектиран од страна на архитектот Алберт Кампа Баеза. Има колекција која ја покажува уметничката меморија на Андалусија, како една регија поврзана со светот, уште од патниците и уметниците романтичари, низ Пикасо и Барк, Хосе Гереро, Луис Буржоа, Луис Гордиља и многу други.

Ботаничката Градина на Универзитетот во Гранада

уреди
 
Ботаничката Градина на Универзитетот во Гранада

Универзитетот во Гранада има ботаничка градина која се наоѓа на правниот факултет. Изградена е во 1786 година и после неколку етапи на напуштање обновена е при крајот на 20 век, ја обновила својата стара скица и стекнала функција на доцент која со време ја изгубила. Моментално брои околу 70 дрвја од различни врсти измеѓу кои посебно се истакнува гинко.

Музејот на Ликовните Уметности во Гранада

уреди
 
Палатата Карла V, Музејот на Ликовните Уметности во Гранада

Музејот на Ликовните Уметности во Гранада сместен е во Палатата Карла V, во ренесансна зграда поврзана со Алхамбра. За потеклото на овој музеј заслужна е конфискацијата на Мендисабала, кој претставил ширење на бројни уметнички дела кои припаѓале на религиозните редови кои биле земени на ова место.

После поминувањето низ разни места, во 1923 година се сместил во Куќата Кастрил каде делел простор со Археолошкиот музеј и со Кралевската Академија на Ликовните Уметности. Во 19 век му се прикажала прилика да си го врати своето средиште како музеј во Палатата Карла V. Процесот траел долго: на шести октомври 1958 година, конечно се отворил музејот на Ликовните Уметности во Гранада на својата нова локација, на првиот спрат во Палатата Карла V, каде се наоѓа и ден денес. Музејот во скоро време бил обновен, и отворен пак во јануари 2008 година. Со нив моментално управува Министерството за култура, Хунта де Андалусија.

Колекцијата на музејот го сочинуваат воглавно слики и скулптури, од 15 до 20 век. Широките и богати позадини доаѓаат од верските установи од 19 век. Подоцна им пружиле и дела донесени од музејот Прадо. Меѓу најстарите делови, се издигнува и една реплика на скулптурата Света Марија од Алхамбра, која води до Вратата на Правдата во Алхамбра, и од сликата се истакнува Бодегон дел кардо од Хуан Санчес Котан.

Музејот Алхамбра

уреди
 
Музејот Алхамбра

Музејот Алхамбра (шп. El Museo de la Alhambra), исто така се вика и Народен Музеј на Хиспаномуслиманските Уметности (шп. Museo Nacional de Arte Hispanomusulmán) кој се наоѓа во јужното крило во приземјето на Палатата Карла V во Алхамбра. Постои од 1780 година под името музеј Алхамбра. Од 1962 година се викал Народен Музеј на Хиспаномуслиманските Уметности и во 1994 година повторно го сменил своето име и бил Одбор на Алхамбра и Генералифе, од тогаш кога се преместил, се организирал спрема нови барања на музејот. Содржи парчиња од хиспаномуслиманската уметност од половината на осмиот век до последнатагодина на маварската култура. Се сосотои од седум сали каде се наоѓаат објекти кои се поделени по тематски и хронолошки облици.

Другите музеи

уреди

Во градот исто така можете да посетите и други музеи како што се: Музејот Гарсија Лорке; Музејот куќа на Мануел де Фаље; Музејот куќа на Писа; Музејот Родригес-Акоста; Центар за толкување Сакромонте; Центарот Хосе Гереро и Палатата на Грофот Габиа, која за цел има да ја промовира модерната или современата уметност.

Музика и театар

уреди
 
Мануел де Фаља

Гранада е блиску поврзана со музиката, како класичната, така и народната. Домородската музичка форма е Замбра, врста на фламенго, ја развиле Ромите во пештерите на Сакромонте. Мануел де Фаља, шпански композитор, ги напишал повеќето од своите дела во Гранада, помеѓу останатото и операта “Краток живот”, чија работилница е сместена во овој град во почетокот на 20 век. Андрес Сеговија, познатиот гитарист, ја поминал својата младост во овој град, каде научил да свири гитара. Песната “Гранада” ја напишал мексиканскиот поет Агустин Лара инспириран од музиката во Гранада. Песната станала незначајна химна на градот и преведена е на повеќе јазици. Исто така, ја изведувале многу познати и признати пејачи на многу значајни догаѓања. Шеесеттите години на 20 век, Мигел Риос, познат под името Мике Риос, рок пејач и композитоер, кој ја завршил својата професионална кариера, компонирал песна “Враќањето во Гранада”.

Наводи

уреди
  1. „Valores climatológicos normales. Granada Base Aérea“.
  2. „Valores extremos. Granada Base Aérea“. Посетено на 8 August 2017.
  3. „Valores extremos. Granada Aeropuerto“. Посетено на 8 August 2017.
  4. „Parques y Jardines de Granada“. Granadatur.com. Архивирано од изворникот на 2011-04-02. Посетено на 2011-03-11.