Василиј II Слепиот

Василиј II Василевич Тјомниј (Слеп) (руски: Василий II Васильевич Тёмный) (роден на 10 март 1415 во Москва - починал на 27 март 1462 во Москва) бил кнез на Московското Кнежевство, чиешто долго владеење (1425-1462) било проследено со големата граѓанска војна од постарата руска историја.

Василиј II
Кнез на Москва
На престол10 март 1415 - 27 март 1462
ПретходникВасилиј I
НаследникИван III
Жена
ДецаИван Василевич
Ана Василевна
Андреј Болшој
ТаткоВасилиј I
МајкаСофија од Литванија

(1425—1433) уреди

Василиј II бил најстарото дете на Василиј I и Софија. Тој е роден по 25 години брак на неговите родители. Во времето кога неговиот татко починал, тој имал само десет години. Бидејќи не бил способен да владее бил поставен регент кој владеел во негово име. Како крајот на регенството се приближувало, така неговиот чичко Јуриј започнал да се спротивставува организирајќи побуна во 1430 година. Така земјата била воведена во граѓанска војна. На крајот како посилен останал Јуриј кој ја освоил Москва и се крунисал за голем кнез во 1433 година.

(1434—1446) уреди

Новиот владетел не се осудил да го погуби на Василиј туку го испратил во малиот град Коламна. По ова следувала нова побуна, овој пат од страна на Василиј кој во 1434 година успеал да победи а Јуриј во истата година починал. Голема помош на Василиј му пружил неговиот брат Димитриј. Истовремено граѓанска војна имало и во Златната орда која во тоа време конечно се распаднала. Еден од хановите успеал да го основа Казанскиот каганат по кое следувал напад на Големото московско кнежевство и неуспешна опсада на Москва во 1439 година. По оваа неуспешна опсада, Василиј тргнал во противнапад, кој завршил катастрофално. Московската војска била поразена, а кнезот бил заробен. Тој во затвор поминал околу пет месеци. Кога бил пуштен, неговата земја започнала да плаќа голем данок на каганатот.

Искористувајќи ја оваа можност, Димитриј Јуријевич извршил државен удар во 1446 година, а самиот Василиј го ослепил, чин кој според руските закони Василиј го направил неспособен да владее. По ова, Василиј бил пратен во провинциски град.

(1448—1464) уреди

Без разлика што бил ослепен, Василиј имал доволно пријатели кои започнале да прават завера за враќање на власт. Така, во 1448 година Василиј станал по третпат голем кнез на Москва. Остатокот од своето владеење било проследено преку отстранување на малите моќни феудалци кои одиграле голема улога во неговото отстранување од власта. Суздал, Псков, Киров и Новгород станале вазали на Мсоква.

Василиј починал на 27 март 1462 година. Самиот кнез своите најголеми успеси ги доживеал во времето кога бил слеп поради кое бил наречен Василиј II Слепиот. Негов наследник станал синот Иван III.

Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Даниел МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДмитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Дмитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I  
Императори на Русија (1721–1917) Петар IКатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIКатерина IIПавле IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II  
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов  
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Дмитриј Медведев • Владимир Путин