Список на владетели на Чешка

список на статии на Викимедија
(Пренасочено од Крал на Бохемија)

Ова е список на владетелите на Чешка кои управувале со Чешките земји од основањето на Чешкото кнежевство во 870 г. (од 1004 до 1806 г. во состав на Светото Римско Царство), како Чешко Кралство (Бохемија) од 1212 г., и како дел од Австроунгарија од 1620 до 1918 г. Со укинувањето на монархијата, Чешките земји станале дел од Чехословачка, а денес ја образуваат Чешката Република од 1993 г.

Монархија на Чешка
Поранешна монархија
Кралски грб
Карло III
Прв владетел Боривој I (како кнез)
Последен владетел Карло III (како крал)
Звање Негово Величество
Резиденција Прашки град
Прогласил наследно
Монархијата започнала ~ 870
Монархијата завршила 14 ноември 1918
Сегашни претенденти Карло Хабсбуршки

Легендарни владетели уреди

Кнезови на Велика Моравија уреди

Кнезови на Чешка (~ 870–1198) уреди

Кнезови на Чешка
Династија Пшемисловци
Слика Име на кнезот Владеел Белешки
  Боривој I ~ 870–888/9
  Спитихњев I 894–915 Син на Боривој I.
  Вратислав I 915–921 Брат на Спитихњев I.
  Вацлав I 921–935 Син на Вратислав I.
  Болеслав I 935–972 Брат на Вацлав I.
  Болеслав II 972–999 Син на Болеслав I.
  Болеслав III 999–1002 Син на Болеслав II.
Владивој 1002–1003 Припадник на династијата Пјастовци (?). Прв братучед на Болеслав III.
  Болеслав III 1003 По вторпат
  Болеслав Храбриот 1003–1004 Припадник на династијата Пјастовци; Брат на Владивој (?), внук на Болеслав I. Кнез, а потоа и Крал на Полска
  Јаромир 1004–1012 Брат на Болеслав III.
  Олджих 1012–1033 Брат на Јаромир
  Јаромир 1033–1034 По вторпат
  Олджих 1034 По вторпат
  Бретислав I 1034–1055 Син на Олджих
  Спитихњев II 1055–1061 Син на Бретислав I.
  Вратислав II 1061–1092 Брат на Спитихњев II. Крал 1085–1092 како Вратислав I.
  Конрад I 1092 Брат на Вратислав II.
  Бретислав II 1092–1100 Братанец на Конрад I, Син на Вратислав II.
  Боривој II 1101–1107 Брат на Bretislaus II.
  Сватоплук 1107–1109 Прв братучед ан Боривој II.
  Владислав I 1109–1117 Брат на Боривој II.
  Боривој II 1117–1120 По вторпат
  Владислав I 1120–1125 По вторпат
  Собеслав I 1125–1140 Брат на Владислав I.
Владислав II 1140–1172 Братанец на Собеслав I, Син на кнезот Владислав I. Крал 1158–1172 како Владислав I.
  Беджих 1172–1173 Син на Владислав II.
Собеслав II 1173–1178 Посреден браучед на Фридрих, Син на Собеслав I.
  Беджих 1178–1189 По вторпат
  Конрад II 1189–1191 Потомок на Конрад I.
Вацлав II 1191–1192 Брат на Собеслав II.
  Отокар I 1192–1193 Син на Владислав II.
Бретислав III 1193–1197 Прв братучед на Отокар I.
  Владислав III 1197 Брат на Отокар I.
  Отокар I 1197–1198 По вторпат. Станал крал во 1198 г., а неговите потомци ја задржиле титулата.

Кралеви на Чешка (1085-1092, 1158-1172, 1198–1918) уреди

Кралеви на Чешка
Династија Пшемисловци
Слика Име на кралот Владеел Белешки
  Вратислав II 1085–1092 Прв крал на Чешка. Владеел како Вратислав I со ненаследна кралска титула.
Владислав 1158–1172 Братанец на Собеслав I, Син на кнезот Владислав I. Крал 1158–1172 како Владислав I. Татко на кралот Отокар I
  Отокар I 1198–1230 Прв со наследна кралска титула, признаена од светиот римски цар Фридрих II во 1212 г. со Златната сицилиска була.
  Вацлав I 1230–1253 Син на Отокар I.
  Отокар II 1253–1278 Син на Вацлав I. Воедно Војвода на Австрија, Војвода на Штаерска, Војвода на Корушка и Војвода на Крањска.
  Вацлав II 1278–1305 Син на Отокар II. Воедно Војвода на Краков (од 1291 г.) и Крал на Полска (1300–1305).
  Вацлав III 1305–1306 Син на Вацлав II. Некрунисан (како Чешки крал). Воедно Крал на Унгарија и Крал на Полска.
нединастички
  Хајнрих Корушки 1306 Горички гроф. Зет на Венцислав II. Некрунисан.
  Рудолф I 1306–1307 Припадник на династијата Хабсбурговци. Втор сопруг на кралицата Елисавета Рикса, вдовица на Вацлав II. Некрунисан.
  Хајнрих Корушки 1307–1310 По вторпат
Династија Луксембурговци
  Јован Луксембуршки 1310–1346 Зет на Венцислав II.
  Карло IV 1346–1378 Син на Јован. Воедно Свет римски цар како Карло IV.
  Вацлав IV 1378–1419 Син на Карло IV. Воедно Германско-римски крал до 1400 г.
  Сигизмунд 1419–1437 Брат на Вацлав IV. Владдел вистински само во 1436–37 г. (поради Хуситската револуција). Воедно Свет римски цар и Крал на Унгарија.
Династија Хабсбурговци
  Албрехт 1437–1439 Зет на Сигизмунд . Воедно Германско римски крал и Крал на Унгарија.
меѓувластие 1440–1453 Доаѓањето на синот на Алберт не било признаено од чешкото благородништво; земјата била под управа на покраински и територијален земски мир.
  Ладислав Посмртниот 1453–1457 Син на Алберт, роден по татковата смрт. Воедно Крал на Унгарија.
Non-Dynastic
  Георги Подјебрадски 1457–1471 Избран за крал како припадник на благородничкото семејство Кунштат. Иако немал потомство, наследноста прешла на полски принц.
  Матеја Корвин 1469–1490 Крал на Унгарија, избран како антикрал од побунетите чешки аристократи-католици во 1469 г., но никогаш не е крунисан. во 1479 г. се согласил да се ограничи на Моравија, Шлеска и Лужица, но задржувајќи ја титулата.
Династија Јагелонци
  Владислав II Јагелонски 1471–1516 Братанец на Ладислав Посмртниот; избран на барање на неговиот претходник, Георги. Воедно Крал на Унгарија по 1490 г.
  Лудвиг Јагелонски 1516–1526 Син на Владислав II. Воедно Крал на Унгарија.
Хабсбурговци
  Фердинанд I 1526–1564 Шура на Лудвиг; избран за крал. Воедно Крал на Унгарија и Свет римски цар од 1558 г. (избран)
  Максимилијан I 1564–1576 Син на Фердинанд I, внук на Владислав II. Воедно Крал на Унгарија и Свет римски цар.
  Рудолф II 1576–1611 Син на Максимилијан I. Воедно Крал на Унгарија и Свет римски цар.
  Матеја 1611–1619 Брат на Рудолф II. Воедно Крал на Унгарија и Свет римски цар.
  Фердинанд II 1619–1637 Братучед на Матеја. Воедно Крал на Унгарија и Свет римски цар.
  Фридрих I 1619–1620 Припадник на династијата Вителсбаховци. Избран од крунскоо собрание на почетокот на Триесетгодишната војна, но потоа ја загубил Битката на Бела Гора, па избегал од земјата.
  Фердинанд III 1627–1657 Син на Фердинанд II. Воедно Крал на Унгарија и Свет римски цар.
  Фердинанд IV 1646–1654 Син на Фердинанд III. Ниж совладетел заедно со татко му. Воедно Крал на Унгарија и Германско-римски крал.
  Леополд I 1657–1705 Брат на Фердинанд IV. Воедно Крал на Унгарија и Свет римски цар.
  Јосиф I 1705–1711 Син на Леополд I. Воедно Крал на Унгарија и Свет римски цар.
  Карло II 1711–1740 Брат на Јосиф I. Воедно Крал на Унгарија и Свет римски цар како Карло VI.
  Карло Алберт 1741–1743 Припадник на династијата Вителсбаховци. Шура на Јосиф I. Противкрал на Марија Терезија за време на Војната за австриското наследство. Воедно Свет римски цар како Карло VII.
  Марија Терезија 1740–1780 Ќерка на Карло II. Воедно Кралица на Унгарија.
Лотариншка династија
  Јосиф II 1780–1790 Син на Марија Терезија. Воедно Крал на Унгарија и Свет римски цар.
  Леополд II 1790–1792 Брат на Јосиф II. Воедно Крал на Унгарија и Свет римски цар.
  Франц I 1792–1835 Син на Леополд II. Воедно Крал на Унгарија, Свет римски цар до 1806 г., Цар на Австрија од 1804 г.
  Фердинанд V 1835–1848 Син на Франц I. Воедно Цар на Австрија и Крал на Унгарија. Последниот крунисан крал на Чешка. Приморан да абдицира во Револуцијата од 1848 г.
  Франц Јосиф I 1848–1916 Братанец на Фердинанд V. Воедно Цар на Австрија и Крал на Унгарија.
Карло III 1916–1918 Внук на брат на Франц Јосиф I. Воедно Цар на Австрија и Крал на Унгарија. Владеел кратко за време на Првата светска војна, за во ноември 1918 г. да одбие учество во државните работи, но притоа не абдицирал.

Поврзано уреди