1410
< 14 век | 15 век | 16 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1410 (MCDX) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1410 година од новата ера, 410. од вториот милениум, 10. од XV век и прва од 1410-тите.
Грегоријански календар | 1410 MCDX |
Ab urbe condita | 2163 |
Ерменски календар | 859 ԹՎ ՊԾԹ |
Асирски календар | 6160 |
Балиски календар | 1331–1332 |
Бенгалски календар | 817 |
Берберски календар | 2360 |
Будистички календар | 1954 |
Бурмански календар | 772 |
Византиски календар | 6918–6919 |
Кинески календар | 己丑年 (зем. вол) 4106 или 4046 — до — 庚寅年 (мет. тигар) 4107 или 4047 |
Коптски календар | 1126–1127 |
Етиопски календар | 1402–1403 |
Еврејски календар | 5170–5171 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1466–1467 |
- Сачка ера | 1331–1332 |
- Кали-југа | 4510–4511 |
Холоценски календар | 11410 |
Игбоански календар | 410–411 |
Ирански календар | 788–789 |
Исламски календар | 812–813 |
Јапонски календар | Оеј 17 (応永17年) |
Јавански календар | 1324–1325 |
Јулијански календар | 1410 MCDX |
Корејски календар | 3743 |
Мингуо-календар | 502 пред Р. Кина 民前502年 |
Нанакшахи | −58 |
Тајландски сончев календар | 1952–1953 |
Тибетски календар | 阴土牛年 (женска земја-вол) 1536 или 1155 или 383 — до — 阳金虎年 (машко железо-тигар) 1537 или 1156 или 384 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6918 и 6919 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6160 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5170 и 5171 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2163.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1410 година се протега во 4046 и 4047, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4106 и 4107 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1953. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 812 и 813 исламска година.
Настани
уредиЈануари-декември
уреди- 25 март – започнале првите напади на царот Јонле против Монголците, што довело до пад на Олџеј Темур-хан.
- 29 март – Арагонците го освоиле Ористано, главен град на Џудикато ди Арбореа во Сардинија.
- 15 јули – Битка кај Гринвалд (Жалгирис), позната и како битка кај Таненберг: полските и литванските сили предводени од братучедите Владислав II Јагело и Витовт одлучно ги поразиле силите на тевтонските витези, чија моќ била нарушена.
Непознат датум
уреди- Јан Хус бил екскомунициран од надбискупот на Прага.
- Антипапа Јован XXIII бил избран.
- Започнала изградбата на замокот Вурден во Холандија.
- Прашкиот астрономски часовник бил изграден од Микулаш од Кадањ и Јан Шиндел во Прага.
- На власт во Тавантинсују доаѓа најпознатиот Сапа Инка Виракоча, осми по ред во империјата.
Родени
уреди- 30 јануари – Вилијам Калторп — англиски витез (п. 1494)
- 14 јули – Арнолд Егмонт — војвода на Гелдерн (1423–1465 и 1471–1473) (п. 1473)
- 1 август – Јохан IV (Насау) — гроф на Насау-Диленбург (1448–1475) (п. 1475)
- непознат датум
- Мазучо Салернитанец — италијански писател (п. 1475)
- Вилијам Синклер (3. гроф на Оркни) (п. 1484)
- веројатни
- Јоханес Окегем — холандски композитор (п. 1497)
- Олоф Лофтсдотир — политичка активистка (п. 1479)
- Конрад Пауман — германски оргулар и композитор (п. 1473)
- Векета — сиенски сликар, вајар и архитект (п. 1480)
Починале
уреди- 5 март – Матвеј Краковски — полски реформатор (р. 1335)
- 16 март – Џон Бофорт (1. гроф на Сомерсет) (р.1373)
- 3 мај – Папа Александар V
- 18 мај – Рупрехт (крал на Германија) — гроф на Пфалц на Рајна (р. 1352)
- 31 мај – крал Мартин I Арагонски (р. 1356)
- 15 јули – Улрих фон Јунгинген — германски голем мајстор на тевтонските витези (во борба) (р. 1360)
- август – Матеј I Цариградски — вселенски патријарх
- 10 август – Лудовик II Бурбонски (р. 1337)
- непознат датум
- Маргарета Думе — влијателна шведско-финска благородничка
- Џон Бадби — англиски маченик