Големо Московско Кнежевство

Големо Московско Кнежевство (руски: Великое княжество Московское) — средновековно руско кнежевство кое постоело во периодот од 1263 до 1547 година. Оваа кнежевство било наследник на Владимирско-суздаљското Кнежевство а претходник на Руското царство.

Големо Московско Кнежевство
Великое Княжество Московское
Velikoye Knyazhestvo Moskovskoye
1283–1547
Териториите во перидот од 1390 до 1530
Териториите во перидот од 1390 до 1530
СтатусCountry
Главен градМосква
Говорени јазициСтароисточнословенски јазик
Вероисповед
Руска православна црква
Уредувањеапсолутна монархија
Голем кнез 
• 1283–1303
Даниел Московски (first)
• 1462–1505
Иван III
• 1505–1533
Василиј III
бојар 
Историја 
• Основана
1283
22 октомври 1547
Валутаруска рубља
Претходници
Наследници
Владимирско-суздаљско Кнежевство
Новгородска Република
Големо Тверско Кнежевство
Рјазанско Кнежевство
Царство Русија

Кога монголците ја нападнале територијата на Киевска Русија, Москва претставувала безначајно место во Владимирско-суздаљското Кнежевство. Иако во зимата на 1238 година ја опожариле Москва, московската област пружила одредена сигурност од монголските напади. Киевска Русија започнало постепено да се распаѓа на неколку мали кнежевства. Така кон крајот на 12 век Владимир се поделил на Ростовско, Перејаславско, Јуриевско и Страдодубско кнежевство. Во втортата половина на 13 век настанале Суздаљското, Костромското и Московското Кнежевство.

Московското Кнежевство се појавило за првпат во еден летопис од 1147 година, додека во 13 век пак, во времето кога започнало да се распаѓа некогашното Ростовско кнежевство меѓу потомците на Всеволд III, Московското започнало да се создава. Во околу 1260 година, синот на Александар Невски, Даниел Александрович ја основал новата московска династија. Во тоа време, тоа кнежевство било сѐ уште мало. Во времето на Данаил, таа започнала да се проширува, со кое започнал процесот на соединување на руските земји под Москва.

Московското Кнежевство, главно поради својата географска положба привлекувала голем број на доселеници. Кнежевството било полно со шума и било заштитено од напади на соседните кнежевства. Трговијата овозможила зголемување на материјалното богатство на земјата. Московскиот кнез во тоа време се ставил во служба на Златната орда.

Кнезови

уреди
Портрет Име Роден Од Семејство До Починал
  Даниел Московски
(Данаил I)
ноември/декември 1261
Киев, Големо Московско Кнежевство
1283 Син на Александар Невски и Александра Полоцкаја
оженет:
Марија
6 деца
4 март 1303 4 март 1303
Москва, Големо Московско Кнежевство
  Јуриј III
(Юрий III)
1281 4 март 1304 Син на Данаил Московски и Марија
женен на двапати:
ќерка на кнезот Константин Ростовски
немаат деца
Кончака
немаат деца
21 ноември 1325 21 ноември 1325
Сарај Бату,Монголија
  Иван I
(Иван I Калита)
1288
Москва, Големо Московско Кнежевство
21 ноември 1325 Син на Даниел Московски и Марија
женен двапати:
Елена
3 деца
Јулија
3 деца
31 март 1340 31 март 1340
Москва,Велико московско княжество
  Симеон Московски
(Симеон Гордиот)
7 ноември 1316
Москва, Големо Московско Кнежевство
31 март 1340 Син на Иван I и Елена
еднаш:
Августа Литовска
немале деца
27 април 1353 27 април 1353
Москва, Големо Московско Кнежевство
  Иван II Убвиот
(Иван II Красный)
30 март 1326
Москва, Големо Московско Кнежевство
27 април 1353 Син на Иван I и Елена
брат на Симеон Гордиот
двапати:
Феодосија
немале деца
Александра Велјаминова
4 деца
13 ноември 1359 13 ноември 1359
Москва, Големо Московско Кнежевство
  Димитриј Донски
(Дмитрий Донской)
12 октомври 1350
Москва,Велико московско княжество
13 ноември 1359 Син на Иван II и Александра
еднаш:
Евдокија Дмитриевна
13 деца
19 март 1389 19 март 1389
Москва, Големо Московско Кнежевство
  Василиј I
(Василий I)
30 декември 1371
Москва, Големо Московско Кнежевство
19 март 1389 Син на Димитриј Донски и Евдокија
еднаш:
Софија Литовска
9 деца
27 февруари 1425 27 февруари 1425
Москва, Големо Московско Кнежевство
  Василиј II
(Василий II Тёмный)
10 март 1415
Москва, Големо Московско Кнежевство
27 февруари 1425 Син на Василиј I и Софија
еднаш:
Марија Јарославна
3 деца
27 март 1462 27 март 1462
Москва, Големо Московско Кнежевство
  Иван III Велики
(Иван III Великий)
22 јануари 1440
Москва, Големо Московско Кнежевство
27 март 1462 Син на Василиј II и Марија
двапати:
Марија Тверска
1 дете
Софија Палеологина
8 деца
27 октомври 1505 27 октомври 1505
Москва, Големо Московско Кнежевство
  Василиј III
(Василий III)
25 март 1419
Москва, Големо Московско Кнежевство
27 октомври 1505 Син на Иван III и Софија Палеологина
двапати:
Соломонија Сабурова
немале деца
Елена Глинскаја
2 деца
3 декември 1533 3 декември 1533
Москва, Големо Московско Кнежевство
  Иван IV Грозни
(Иван IV Грозный)
25 август 1530
Москва, Големо Московско Кнежевство
3 декември 1533 Син на Василиј III и Елена
женен 8 пати
18 март 1583 18 март 1583
Москва,Руско царство