14 век
век
< 13 век | 14 век | 15 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
14 век — век кој траел од 1 јануари 1301 до 31 декември 1400 година, според грегоријанскиот календар.
Политичките и природните катастрофи ја опустошиле Европа заедно со нападите на Монголското Царство. Во текот на овој век во Персија се распаднал Илханатот, Чагатајскиот Ханат се растурил и распаднал на два дела, а Златната Орда ја изгубила својата позиција како голема сила во Источна Европа.
Во Европа, црната смрт зела помеѓу 75 и 200 милиони животи, додека Англија и Франција се бореле во долготрајната Стогодишна војна.
Настани
уреди- Премин од средновековниот топол период до малото ледено доба.
- Почеток на Отоманското Царство, рана експанзија на Балканот.
- Приказ на животот на Буда, преведен на грчки од Свети Јован Дамаскин и широко распространет до христијанството како приказна за Варлам и Јоасаф.
- Сингапур за првпат се појавува како утврден град и трговски центар од некоја важност.
- Исламот достигнува до Теренгану, на Малезискиот Полуостров.
- Народот Хауса основал неколку град-држави на југот од денешен Нигер.
- Поетот Франческо Петрарка го дава терминот мрачно време за да ги опише претходните 900 години во Европа, започнувајќи од падот на Западното Римско Царство во 476 до појавата на ренесансата.
- Изградена е Соборната џамија во Исфахан.
- 1302 - Битка кај Бафеј помеѓу Византија и Отоманското Царство.
- 1303 - Каталонски поход во Анадолија на Византија против Отоманското Царство.
- 1309 - 1377 - Авињонско папство и пренесување на седиштето на папите од Италија во Франција
- Големиот глад убива милиони луѓе во Европа.
- Италијанскиот монах Одорико ги посетува Суматра, Јава и Банџармасин во Борнео. Во неговиот запис тој го опишал кралството на Маџапахит.
- 1312 - Битка кај Галиполе помеѓу Рашка и Отоманското Царство.
- 1320 - Владислав I Локетек е крунисан за Крал на Полска.
- 1323 - Малетоафаига наредил канибализмот да биде укинат во Тутуила, денешна Американска Самоа.
- 1325 - Ацтеките го основаат градот Теночтитлан.
- 1326 - Успешна опсада на Бурса од страна на Османлиите.
- 1329 - Битка кај Пелеканон помеѓу Византија и Отоманското Царство.
- Почеток на ренесансата во Италија.
- 1331 - Успешна опсада на Никеја од страна на Османлиите.
- 1333 - 1337 - Успешна опсада на Никомедија од страна на Османлиите.
- 1335 - Умира Абу Саид, владетел на Илканатот.
- 1336 - Основано е Царство Виџајнагара во Јужна Индија.
- 1337 - Стогодишната војна започнува кога Едвард III бара право на францускиот престол.
- 1344 - Битка кај Стефанијана помеѓу Србија и Отоманското Царство.
- 1345 - 1346 - Французите регрутираат војници и бродови во Џенова, Монако и Ница.
- 1346 - Англиските сили предводени од Едвард III ја поразуваат француската војска предводена од Филип VI во Битката кај Креси, главна точка во стогодишната војна која го означува подемот на долгиот лак како доминантно оружје во Западна Европа.
- 1347 - 1351 - Црната смрт убива околу една третина од населението во Европа.
- 1302 - Битка кај Ихтиман помеѓу Бугарија и Отоманското Царство.
- 1356 - Рајхстагот на Светото Римско Царство на чело со Карло IV ја издава т.н. Златна була.
- 1357 - Шкотска ја задржува својата независност со потпишувањето на договорот од Берик, со што завршува Војната за шкотската независност.
- 1357 - Во Битката кај Бубат, кралското семејство на Кралство Сунди е масакрирано од силите на Маџапахит по наредба на Гаџа Мада[2]
1363 - Битка кај Езеро Појанг, поморски конфликт меѓу кинески бунтовнички групи предводени и Хунг-ву. Оваа битка е една од најголемите поморски битки во историјата.
- 1365 - Александриска крстоносна војна.
- 1365 - Битка кај Одрин помеѓу Византија и Отоманското Царство.
- 1368 - Крајот на владеењето на монголската династија Јуен во Кина и почеток на династијата Минг
- 1377 - Маџапахит испраќа казнена експедиција против Палембанг во Суматра.
- 1378 - Започнува Големиот раскол на Западот, што доведува до три истовремени папи.
- 1378 - 1382 - Востание Чомпи во Фиренца
- 1381 - Џон Виклиф е разрешен од Универзитетот во Оксфорд поради критики кон Римокатоличката црква.
- 1381 - Битка кај Дубравница помеѓу Србија и Отоманското Царство.
- 1381 - Селански револт во Англија
- 1385 - Кревска Унија помеѓу Полска и Литванија.
- 1385 - Битка на Саврово поле помеѓу Србија и Отоманското Царство.
- 1386 - Битка кај Плочник помеѓу Србија и Отоманското Царство.
- 1388 - Битка кај Билеќа помеѓу Србија и Отоманското Царство.
- 1389 - Косовска битка помеѓу Србите на чело со Лазар Хребељановиќ и Милош Обилиќ и Османлиите на чело со султанот Мурат I
- 1393 - Опсада на Трново помеѓу Бугарија и Отоманското Царство.
- 1395 - Битка кај Ровине помеѓу Влашка и Отоманското Царство. Загинува Крал Марко.
- 1396 - Битка кај Никопол помеѓу здружените христијански сили и Отоманското Царство.
- 1397 - Основана е Калмарската Унија, обединувајќи ги Норвешка, Шведска и Данска во едно царство.
Личности
уреди- Јован Оливер - македонски феудалец
- Крале Марко - македонски владетел
Наводи
уреди- ↑ Filippo Brunelleschi, Totally History
- ↑ Drs. R. Soekmono; и др. (1988) [1973]. Pengantar Sejarah Kebudayaan Indonesia 2, 2nd ed (5 reprint. изд.). Yogyakarta: Penerbit Kanisius. стр. 72.