Трансилванија

историска област во Романија

Трансилванија или Седмоградска (романски: Ardeal или Transilvania; унгарски: Erdély; германски: Siebenbürgen) — историски регион кој се наоѓа во централниот дел на Романија. Граничи на исток и на југ од Карпатите, продолжува на запад до Апусени. Терминот, сепак често ги опфаќа не само териториите на Трансилванија, туку и некои историски региони како што се: Кришана, Марамуреш и Банат.

Трансилванија на картата на Романија
Трансилванија на картата на Европа

Историја

уреди

Трансилванија во текот на својата историја била „во срцето“ на Кралство Дакија (82 п.н.е.-106). Во 106 година била освоена од страна на Римјаните, а нејзините богатства целосно експлоатирани. Кога Римјаните се повлекле во 271 година, територијата била изложена на различни влијанија од различни племиња. Во следните години, оваа област била под контрола на дакиското племе Карпи, Визиготи, Хуни, Гепиди, Авари и Бугари. По романизацијата на овие простори, дакиските племиња и народи започнале да се предвижуваат кон југ. Така, главниот карактер на населението во Трансилванија бил формиран со мешењето на Дакиските народи и Римјаните заедно со нивните култури.[1] Сепак, денес историчарите водат сѐ уште дебати околу карактерот на областа пред таа да биде освоена од страна на Унгарците.

Така, кон крајот на 9 век, со Трансилванија започнала да биде зазимана од страна на Кралство Унгарија, за да во 1003 година, во времето на Иштван I, го порази принцот Ѓула, кој воедно му бил вујко.[2][3][4][5] Во периодот од 1003 до 1526 година, Трансилванија претставувала војводство во рамките на Кралство Унгарија, на чие чело стоел војвода кој директно бил назначуван од страна на унгарскиот крал. По Мохачката битка, во 1526 година Трансилванија станала независно кнежевство управувана од калвинистичките унгарски ннезови. Во 1566 година, Унгарија била поделена помеѓу Хабсбуршката династија и Османликсатас империја, а Кнежевство Трансилванија добила одредена автономија во рамките на османлиската држава.

По Битката кај Виена, Хабсбуршката династија во 1683 година ја зазела Трансилванија. Но, многу бргу, унгарскиот суверенитет бил признаен над Трансилванија,[1] а наспроти ова Трансилванците го признале сузеренството на царот на Светото Римско Царство Леополд I (1687), кое означува дека територијата била под директно влијание на Австријците.[6][7][8][9][10] По 1867 година, регионот целосно бил заземен од Унгарија, како дел од новоформираната Австроунгарија.[3][5]

По поразот во Првата светска војна, Австроунгарија се распаднала. На 1 декември, 1918 година, Романија прогласила независност, по кое голем дел од територијата на Трансилванија била приклучена кон новата држава. Унгарија протестирала против ова присвојување, бидејќи околу 1.600.000 Унгарци живееле на овие простори[11], главно во Цеклер. Во 1940 година, за време на Втората светска војна, Унгарија присоединила 40% од територијата на Трансилванија, главно како награда добиена од Германија и Италија. Сепак, освоените територии на Романија повторно и биле вратени по крајот на војната во 1945 година, кое било потврдено со париската мировна конференција по две години.[3].

Во денешно време, Трансилванија честопати е поврзувана со Дракула,[12][13][14], како и со многу хорор филмови, додека пак од Средна Европа и Источна Европа, регионот е доста познат по своите убавини и ценета историја.

Потекло на поимот

уреди

Името Трансилванија, за првпат во латинската географија се појавило во 1 век, како област која се наоѓала во рамките на провинцијата Дакија. Во средновековед документ, којшто датира од 1975 година, Трансилванија се поистоветува со ultra silvam, кое во превод значи надвор од шумата. Трансилванија, со алтернативна латинска предлошка претставка, значи "од другата страна на шумата". Унгарски историчари тврдат дека средновековната латинска форма Ultrasylvania, а подоцна Трансилванија, била директен превод од унгарскатс форма на Erdő-elve.[15] Германското име Siebenbürgen пак во превод значи "седум тврдини". Името го добило постарогермански градови, главно населени со трансилваниски Саксонци. Градовите се: Брашов, Сигишоара, Медијаш, Сибиу, Себеш, Бистрица и Клуж-Напока. Унгарското име Erdély за првпат било споменато во 12 век во Gesta Hungarorum односно Унгарски летопис како "Erdeuleu". Првото романско име Ardeal се појавило во 1432 година, како Ardeliu.[16]

Административна поделба

уреди
 
Романски етнографски региони (Трансилванија-црвено; Округ-сина; Сатмар-зелена; Кришана-жолти; Банат-виолетова)

Историскиот регион, кој во 1920 година бил вклучен во составот на Романија вклучува речиси 102.200 км ². Административната поделба на Трансилванија денеска вклува:

Најнаселени односно најголеми градови се:

Население

уреди
 
Население во Трансилванија

Овој регион има население од 7.221.733, со големо ромснако мнозинство (75,9%). Исто така во Трансилванија живеат и Унгарци (20%), Роми (3.3%), Германци (0.7%) и Срби (0.1%).[17][18] Етничките Унгарци формираат мнозинство во Ковасна и Харгита.

Процентот на романско население на овие простори се зголемил по приклучувањето на Трансилванија кон новоформираната романска држава во 1918 година. Во 1910 година, според пописот, од вкупно 5.262.495 населени, Романци биле 53,8%; Унгарци 31,6%; Германци 10.7%.[19] Заземањето на Трансилванија и експлоатација на унгарските имоти, распределба на земјиштата на романските селани, културната романизација на територијата биле главните причини за затегнување на односите помеѓу Романија и Унгарија.[20] Во периодот помеѓу [1945] и 1977 година, околу 630.000 луѓе се преселиле од Старото Кралство во Трансилванија, а 280.000 од Трансилванија на Старото Кралство, особено во Букурешт.[21]

Економија

уреди

Трансилванија е богата со минерални ресурси, особено лигнит, железо, води, манган, злато, бакар, природен гас, сол и сулфур.

Постојат големи ресурси на железо и челик, хемиски и текстилни индустрии. Градежното дрво е уште еден вреден ресурс.

Трансилванија зазема околу 35% од БДП на Романија, и има БДП по глава на жител (ППП) на околу 11.500 $, околу 10% повисока од просечната романска.

Туристички атракции

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 International Boundary Study - No. 47 – 15 април, 1965 - Hungary – Romania (Rumania) Boundary“ (PDF). US Bureau of Intelligence and Research. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-03-03. Посетено на 2010-01-24.
  2. Gyula - it is possible that during the 10th century some of the holders of the title of gyula also used Gyula as a personal name, but the issue has been confused because the chronicler of one of the most important primary sources (the Gesta Hungarorum) has been shown to have used titles or even names of places as personal names in some cases.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Transylvania“. Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica, Inc. 2008. Посетено на 2008-08-01.
  4. Engel, Pal; Andrew Ayton (2005). The Realm of St Stephen. London: Tauris. стр. 27. ISBN 185043977X.
  5. 5,0 5,1 "Transylvania," Microsoft® Encarta® Online Encyclopedia 2008 http://encarta.msn.com Архивирано на 11 април 2009 г. © 1997-2008 Microsoft Corporation. All Rights Reserved.
  6. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/1459175/Diploma-Leopoldinum
  7. http://www.britannica.com/EBchecked/topic/603323/Transylvania
  8. Peter F. Sugar. Southeastern Europe Under Ottoman Rule, 1354-1804 (History of East Central Europe), University of Washington Press, July 1983, page 163, http://books.google.com/books?id=LOln4TGdDHYC&pg=PA163&dq=independent+principality+that+was+not+reunited+with+Hungary&lr=
  9. John F. Cadzow, Andrew Ludanyi, Louis J. Elteto, Transylvania: The Roots of Ethnic Conflict, Kent State University Press, 1983, page 79, http://books.google.com/books?id=fX5pAAAAMAAJ&q=diploma+leopoldinum+transylvania&dq=diploma+leopoldinum+transylvania&lr=&pgis=1
  10. Paul Lendvai, Ann Major. “The Hungarians: A Thousand Years of Victory in Defeat” C. Hurst & Co. Publishers, 2003, page 146; http://books.google.com/books?id=9yCmAQGTW28C&pg=PA146&dq=diploma+leopoldinum+transylvania&lr=
  11. World Atlas of History (унгарски). Cartographia. 1998. ISBN 9633525195CM Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  12. „Transylvania Society of Dracula Information“. Архивирано од изворникот на 2017-11-07. Посетено на 2010-01-24.
  13. Travel Advisory Lure of Dracula In Transylvania - New York Times
  14. Romania Transylvania
  15. Engel, Pál (2001). Realm of St. Stephen: History of Medieval Hungary, 895–1526 (International Library of Historical Studies), page 24, London: I.B. Taurus. ISBN 1-86064-061-3
  16. Pascu, Ştefan (1972), Voievodatul Transilvaniei, I, стр. 22
  17. 2002 Census official results
  18. Ethnocultural Diversity Resource Centre database
  19. Varga, E. Árpád, Hungarians in Transylvania between 1870 and 1995, Translation by Tamás Sályi, Budapest, March 1999 , p. 27
  20. „Transylvania“. Columbia Encyclopedia. Посетено на 2008-11-18.
  21. Varga, E. Árpád, Hungarians in Transylvania between 1870 and 1995, Translation by Tamás Sályi, Budapest, March 1999 , p. 31