1401
< 14 век | 15 век | 16 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1401 (MCDI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1401 година од новата ера, 401. од вториот милениум, 1. од XV век и втора од 1400-тите.
Грегоријански календар | 1401 MCDI |
Ab urbe condita | 2154 |
Ерменски календар | 850 ԹՎ ՊԾ |
Асирски календар | 6151 |
Балиски календар | 1322–1323 |
Бенгалски календар | 808 |
Берберски календар | 2351 |
Будистички календар | 1945 |
Бурмански календар | 763 |
Византиски календар | 6909–6910 |
Кинески календар | 庚辰年 (мет. змеј) 4097 или 4037 — до — 辛巳年 (мет. змија) 4098 или 4038 |
Коптски календар | 1117–1118 |
Етиопски календар | 1393–1394 |
Еврејски календар | 5161–5162 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1457–1458 |
- Сачка ера | 1322–1323 |
- Кали-југа | 4501–4502 |
Холоценски календар | 11401 |
Игбоански календар | 401–402 |
Ирански календар | 779–780 |
Исламски календар | 803–804 |
Јапонски календар | Оеј 8 (応永8年) |
Јавански календар | 1315–1316 |
Јулијански календар | 1401 MCDI |
Корејски календар | 3734 |
Мингуо-календар | 511 пред Р. Кина 民前511年 |
Нанакшахи | −67 |
Тајландски сончев календар | 1943–1944 |
Тибетски календар | 阳金龙年 (машко железо-змеј) 1527 или 1146 или 374 — до — 阴金蛇年 (женско железо-змија) 1528 или 1147 или 375 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6909 и 6910 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6151 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5161 и 5162 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2154.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1401 година се протега во 4037 и 4038, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4097 и 4098 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1944. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 803 и 804 исламска година.
Настани
уреди- 6 јануари — Рупрехт Фалечки бил крунисан за Крал на Римјаните во Келн.
- 2 март — лолардот Вилијам Сотри станал првата личност којашто била спалена на клада во Смитфилд.
- 13 март — Самогитијците, поддржани од Големиот војвода Витаутас, се побуиниле против тевтонските витези и запалиле два замока. Витаутас се здобил со поголема автономија од страна на кралот на Полско-литванска Државна Заедница Јогаила.
- 24 март — турско-монголскиот владетел Тамерлан го ограбил Дамаск.
- јуни
- 14 октомври — делхискиот султан Махмуд II повторно дошол на власт.
Непознат датум
уреди- Законот De heretico comburendo бил изгласан во Англија откако Кентерберискиот архиепископ го притиснал кралот Хенри IV да ги протера лолардите како кривоверци.
- Дилавар Хан го основал Малавскиот Султанат во денешна Индија.
- Монархот Хо Куи Ли од династијата Хо (денешен Виетнам) му го предал престолот на неговиот син Хо Ханг Туонг.
- Во Маџапахит (денешна Индонезија) избувнала четиригодишна граѓанска војна.
- Династијата Чосон (денешна Кореја) званично станала вазал на кинеската династија Минг.
- Шогунатот Ашикага (деннешна Јапонија) станал вазал на кинеската династија Минг.
Родени
уреди- 27 март — Албрехт III, гроф на Баварија (1438-1460) (п. 1460)
- 10 мај — Томас Туденхам, господар (п. 1462)
- 12 мај — Шоко, крал на Јапонија (п. 1428)
- 23 јули — Франческо I Сфорца, италијански кондотјер (п. 1466)
- 14 септрмври — Марија Кастиљска, кралица на Арагон и Неапол (п. 1458)
- 27 октомври — Катерина од Валоа, кралица на Англија (1420-1422) (п. 1437)
- 28 октомври — Томас Сент Клер, англиски господар (п. 1435)
- 26 ноември — Хенри Бофорт, 2. гроф на Сомерсет (п. 1418)
- 21 декември — Томазо Мазачо, италијански сликар (п. 1428)
- непознат датум
- Шарл I Бурбонски, гроф на Клермон ан Бовези (п. 1456)
- Јакоба, грофица на Ено, Холандија и Зеланд (п. 1436)
- веројатно — Николај Кузански, германски филозоф, математичар и астроном (п. 1464)
Починале
уреди- март — Вилијам Сотри, англиски лолард
- 8 април или 8 август — Томас Бошан (р. 1338)
- 25 мај - Марија Сицилиска (р. 1363)
- 14 септември - Доброгост, полски епископ (р. 1355)
- октомври - Анабела Драмонд, кралица на Шкотска
- 19 октомври - Џон Чарлтон, 4. барон на Чарлтон (р. 1362)
- 20 октомври - Клаус Штертебекер, германски пират
- 25 ноември - Тарабја, крал на Ава (р. 1368)
- непознат датум - Андроникос Асен Закарија, барон на Чаландрица и Аркадија, Голем констабл на Археја