Чешка (историска област)

(Пренасочено од Бохемија)

Чешка (чеш. Čechy) или Бохемија (лат. Bohemia од герм. Böhmen) е историска област во Средна Европа, која се протега на западниот и централниот дел од денешна Чешка Република. Понекогаш „Чешка“ се користи да се означи и целата територија на Чешка, вклучувајќи ги и Моравија и Чешка Шлеска[1], особено во историски контекст како што е Кралството Чешка (Бохемија).

Чешка
Čechy, Böhmen
историска област
Знаме
Грб
Земја Чешка
Главен град Прага (историски)
Површина 52,065 км2
Население ~ 6 милиони
Местоположба на областа Чешка
Местоположба на областа Чешка
Местоположба на областа Чешка

Областа Чешка има вкупна површина од 52.065 км2 и денес е дом на околу 6 милиони од вкупно 10,3 милиони жители во државата. На југозапад, запад и северозапад се граничи со Германија, на североисток со Полска, на исток со Моравија и на југ со Австрија.

Потекло на поимот

уреди

Во 2 век п.н.е, Римјаните биле фокусирани кон доминирање на северна Италија, каде имало различни племиња, а меѓу кои и Боите, келтско племе. Боите биле поразени од страна на Римјаните во 194 и 193 година и тоа резултирало со повлекивање на боиското население северно од Алпите.[2]

Новата територија која ја населиле Боите од страна на Римјаните била наречена Boihaemum, а најстар запис за името[2] е во книгата „Германија“ од Такитиј[3]. Така, зборот е составен од зборот за народот „Бои“ и зборот „хајм“ (xaim- - „дом“) што во превод значи „дом на Боите“. Изворно, Чешка ја опфаќала денешна Јужна Чешка и делови од Баварија и Австрија.

Чешка како мотив во уметноста

уреди

Наводи

уреди
  1. The Columbia Encyclopedia, Sixth Edition. 2001-05
  2. 2,0 2,1 Collis, John. The Celts: Origins, Myth and Inventions. Tempus Publishing, 2003. ISBN 0-7524-2913-2
  3. http://www.thelatinlibrary.com/tacitus/tac.ger.shtml#28
  4. Mily Balakirev - In Bohemia, Overture on Czech Themes (1867; 1905) [With score (пристапено на 12.2.2024)]

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди