Западна Африка
Западна Африка е регион во Африка кој ја зафаќа територијата меѓу приморјето на Гвинејскиот Залив и јужните делови на пустината Сахара и од Камерунските Планини на исток до Атлантскиот Океан на запад.[1] Релјефот во Западна Африка е претежно низински, со незначителни територии под висорамнини и планини.[1] Климата во Западна Африка е екваторска и тропска, со големи количества врнежи.[1] Најпознати реки се Нигер, Волта, Сенегал, Гамбија и други.[1]
Овој регион се нарекува уште и Гвинејска Африка; името го добил поради тоа што излегува на Гвинејскиот залив.
Држави
уредиНа територијата на Западна Африка се наоѓаат следниве држави: Бенин, Брегот на Слоновата Коска, Буркина Фасо, Гамбија, Гвинеја, Гвинеја-Бисао, Гана, Зелен ’Рт, Либерија, Мали, Нигер, Нигерија, Сенегал, Сиера Леоне и Того.[2]
Држава | Главен град | Површина(км2) | Население (ООН, 2009) |
---|---|---|---|
Бенин | Порто Ново | 112 622 | 8 935 000 |
Брегот на Слоновата Коска | Јамусукро | 322 460 | 21 075 000 |
Буркина Фасо | Уагадугу | 274 000 | 15 757 000 |
Гамбија | Банџул | 10 380 | 1 705 000 |
Гана | Акра | 238 534 | 23 837 000 |
Гвинеја | Конакри | 245 857 | 10 069 000 |
Гвинеја-Бисао | Бисао | 36 125 | 1 611 000 |
Зелен ’Рт | Праја | 4 033 | 506 000 |
Либерија | Монровија | 111 369 | 3 477 000 |
Мали | Бамако | 1 240 192 | 14 517 000 |
Нигер | Нијамеј | 1 267 000 | 15 290 000 |
Нигерија | Абуџа | 923 768 | 154 729 000 |
Сенегал | Дакар | 196 723 | 12 534 000 |
Сиера Леоне | Фритаун | 71 740 | 5 696 000 |
Того | Ломе | 163 610 | 6 619 000 |
Население и стопанство
уредиСе забележува дека Западна Африка зафаќа помалку од една петтина од површината на Африка, или 5,2 милиони км2, но на неа живее една третина од населението во Африка односно околу 287 милиони жители. Со најмногу население се одликува Нигерија. Населението претежно се занимава со земјоделство и со сточарство. Најзастапени земјоделски култури се кафе, какао, пченка, банани, кикирики, маслодајни палми, шеќерна трска и др. Во сточарството најмногу се одгледуваат говеда, кози и овци.[1]
Земјите од Западна Африка поседуваат и разни рудни богатства: железо, бакар, злато, алуминиум, олово, цинк, нафта и дијаманти.[1] Индустријата е во постојан развој.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Благоја Маркоски, Географија за 8 одд., стр. 36.
- ↑ „millenniumindicators“. Архивирано од изворникот на 13. 07. 2011. Посетено на 08. 04. 2014. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |archive-date=
(help)
Надворешни врски
уреди- West Africa by Region and Country – Африкански студии на Универзитетот Колумбија
Библиографија
уредиБлагоја Маркоски, Географија за 8 одделение за осумгодишното основно образование, Министерство за образование и наука на Република Македонија. 978-608-4575-86-3