Кралство Кастиља

поранешна држава

Кралството Кастиља (шпан. Reino de Castilla) било едно од средновековните кралства на Пиринејскиот Полуостров. Се создало во текот на IX век, најпрво како вазалски посед под Кралството Леон. Името доаѓа поради големиот број замоци (шпан. castile) што биле градени во тој регион. Подоцна Кралството Кастиља заедно со соседните кралства учествувало во создавањето на Шпанија.

Кралство Кастиља
Reino de Castilla

 

1035 – 1230  

Знаме Грб
Местоположба на Кастиља
Карта на Кралството Кастиља во 1210 г.
Главен град Бургос и Толедо
Јазици шпански (кастиљски, леонски,[1] и галисиски); баскиски; и арапски
Вероисповед христијанство (католичко), Ислам и Јудаизам.
Уредување монархија
Историски период Среден век
 -  Фердинанд I станува прв крал на Кастиља 1035
 -  Родриго станува прв гроф на Кастиља 850
 -  Грофот Фердинанд Гонсалес ја обединува Грофовијата Кастиља 931
 -  Кастиља станува кралство 1035
 -  Здружување со Леон 1230

До 1230 г. имало постојано соперништво помеѓу Кастиља и Леон, особено што поради браковите помеѓу монарсите на двете кралства честопати предизвикувале и борби за превласт помеѓу наследниците. Во 1230 г. Фердинанд III го наследил кралството Леон од татко му Алфонсо IX, а Кастиља од мајка му Беренгуела од Кастиља уште во 1217. Со тоа, преку личен сојуз тој ги обединил двете кралства, а освоил и други соседни територии и ја зацрврстил државата под името Кастиљска круна.

Во 1469 кралицата Изабела I склучила брак со арагонскиот крал Фердинанд II и со тоа започнало обединувањето на тие две кралства во заедничка држава која го добила името „Хиспанија“ според античкото римско име за Пиринејскиот Полуостров.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. "El Dialecto Leonés" (Menéndez Pidal, 1906)

Надворешни врски уреди