Забранет Град

(Пренасочено од Забранетиот град)

39°54′53″N 116°23′26″E / 39.91472° СГШ; 116.39056° ИГД / 39.91472; 116.39056

Царски дворци на династиите Минг и Ќинг во Пекинг и Шенјанг
светско наследство на УНЕСКО
Салата на врховната хармонија (太和殿) во средиштето на Забранетиот град
КритериумКултурно: i, ii, iii, iv
Навод439
Запис1987 (XI заседание)
Дополнувања2004
План на Забранетиот град.
- - - Приближна делбена линија помеѓу Внатрешниот (северен) и Надворешниот (јужен) двор.

A. Меридијанска порта
B. Порта на божествената сила
C. Западна славна порта
D. Источна славна порта
E. Аголни кули
F. Порта на врховната хармонија
G. Сала на врховната хармонија

H. Сала на военото достоинство
J. Сала на книжевната слава
K. Јужни три дворци
L. Дворец на божествената чистота
M. Царска градина
N. Сала на умствената култивација
O. Дворец на спокојната долговечност

Царски престол во Дворецот на небесната чистота (乾清宮), местото каде се одвивало секојдневното управување и приеми
Одаја на царицата

Забранет Град или Забранет Дворец (кин. 紫禁城, пинјин: Zǐjìn Chéng, мак. Цеџин ченг - букв. „Виолетов забранет град“), сместен точно во центарот на стариот град Пекинг — царски дворец за време на династиите Минг и Ќинг. Денес е познат како „музеј-дворец“ (кинески: 故宫博物院, пинјин: Gùgōng Bówùyùan), и комплексот зафаќа површина од 720.000 м², 800 објекти со 8.000 простории. Како таков, тој според УНЕСКО важи за најголемата збирка на зачувани стари дрвени градби во светот, и бил прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО во 1987 г. како „Царски дворец на династиите Минг и Ќинг“. Дворецот се наоѓа северно во непосредна близина на Тјенанменскиот плоштад и во него може да се влезе преку Тјенанменската порта. Неговото опкружување се нарекува Царски град.

Иако во него повеќе не живее царското семејство, Забранетиот Град е симбол на кинеската државност и сликата на главната порта стои на амблемот на НР Кина. Музејот во него е една од најголемите туристички атракции во светот. Во последно време се одвиваат многу реновации кои го имаат ограничено пристапот на неколку внатрешни дворишта и градини.

Историја

уреди

Местото на кое се наоѓа забранетиот град пред тоа било дел од царскиот град за време на династијата Јуен. Кога династијата Минг дошла на власт, првиот цар Хунгву ја преместил престолнината во Нанѓинг и во 1369 наредил да се срамнат со земја монолските дворци. Неговиот син, Џу Ди, бил назначен за Принц на Јан со престолнина во Пекинг. На ова место бил изграден принцов дворец. Во 1402, Џу Ди го узурпирал престолот и станал Цар Јунгле. Тој ја вратил престолнината во Пекинг и започнал со планирање на нов царски дворец кој ќе му биде рамен на оној во Нанѓинг.

Изградбата на Забранетиот град започнала во 1406 и биле потребни 14 години и 200.000 работници за таа да се заврши. Главната оска на новиот дворец се наоѓа источно од дворецот на династијата Јуен, дизајн наменет да ја постави другиот дворец во западна или „убиствена“ позиција. При копањето на шанецот околу дворецот, земјата се натрупувала северно од дворецот за изработка на вештачко брдо, Џингшанското брдо.

Од завршувањето во 1420 до 1644, во селската буна под водство на Ли Зиченг дворецот бил нападнат како седиште на династијата Минг. Династијата Ќинг која следела по неа исто така била сместена во Забранетиот град. Во 1860, за време на Втората Англо-кинеска Опиумска војна, британските сили успеале да се пробијат до средиштето на Забранетиот град и го држеле под окупација сè до крајот на војната. Англија е едиствената земја која го постигнала ова.

По здомувањето на 24 цареви—четиринаесет од династијата Минг и десет од династијата Ќинг —Забранетиот град престанал да биде политички центар во 1912 со абдикацијата на Пу Ји, последниот кинески цар. Но тој сѐ уште живеел во Забранетиот град, сè до пучот на еден генерал во 1924. Играјќи улога на царски дворец околу 500 години, Забранетиот град содржи многу богатства и куриозитети. Во 1947, многу артефакти биле поместени во Националниот дворски музеј во Тајпеј, Тајван од страна на Чанг Кај-Шек.

Распоред

уреди

Забранетиот град е најголемата палата во светот. Тој е правоаголен по форма и зафаќа 720,000 м² (72 хектари). Опкружен е со шанец длабок 6 м и ѕид висок 10 метри. Во него се наоѓаат пет сали, седумнаесет дворци и бројни други градби. Според музејскиот попис комплексот денес има 8.600 простории.

Ѕидот има порти на сите четири страни. На јужниот крај се наоѓа Меридијанската порта (технички, Тјенанменската порта не е дел од Забранетиот град); северно е Портата на божествената сила, која гледа во Џингшанскиот парк. Растојанието помеѓу овие две порти е 960 метри, додека растојанието помеѓу портите на источниот и западниот ѕид е 750 метри. Ѕидовите се дебели и набиени бидејќи биле осмислени за одбрана од топови.

На секој агол од ѕидот се наоѓа по една уникатна и префинета кула. Од овие може да се види и дворецот и градот надвор. Забранетиот град се дели на два дела. Надворешниот двор, во кој спаѓаат јужниот и централниот дел окружува три церемонијални сали кои се користеле за свечености како крунисувања, наименувања и венчавки. Тука се вбројува велеченствената Сала врховната хармонија (太和殿), пред која се наоѓа Портата на врховната хармонија (太和門). Освен за церемонии, надворешниот двор содржи и библиотека, архиви, и магацин за складирање за фенери. Во Внатрешниот двор спаѓаат северниот, источниот и западниот дел од Забранетиот град, и во него исто така наоѓаме три сали кои се користеле за секојдневни намени. Најважната од овие е Дворецот на небесната чистота (乾清宫). Во овој Вантрешен двор живеел и работел царот со неговото семејство, евнуси и слугинки.

На дургиот крај од Забранетиот град се наоѓа Царската градина. Таму наоѓаме релативно стари дрва, помеѓу 100 и 300 години.

Вон главната порта за на Забранетиот град, Меридијанската порта гледа на плоштад каде понекогаш биле изведувани смртни казни по царска наредба. Јужно од овој плоштад се наоѓа Тјенанменската порта. Денес, Тјенанменската порта пред Забранетиот град е украсена со протрет на Мао Зе Тунг во средината и две плакети од обете страни. На левата пишува „中华人民共和国万岁“(традиционално: „中華人民共和國萬歲“; пинјин: zhōnghuá rénmín gònghéguó wànsuì; „Да живее Народна Република Кина“), додека на десната пишува „世界人民大团结万岁“(традиционално: „世界人民大團結萬歲“; пинјин: shìjiè rénmín dà tuánjié wànsuì; „Да живее великото единството на народите во светот“). Ова фразирање има големо симболично значење, бидејќи фразата која се користи за „да живее“, како и самиот дворец, традиционално се употребувала исклучиво за кинеските цареви, но денес е достапна за обичните луѓе.

Главни згради:

Забранетиот град е опкружен со царски градини. Западно се наоѓа Џунгнанхај, комплкес од згради околу две езера кои служат како генерален штаб на Комунистичката партија на Кина. Северозападно се наоѓа Бејхајскиот парк, во кој исто така има езеро. Северно се наоѓа Џингшанскиот парк каде последниот цар од династијата Минг се обесил за да не падне во рацете на бунтовниците.

Поединечните згради во рамките на Забранетиот град биле дом на многу важни членови на аристократијата. Во овие згради се одржувал славниот испит за државни службеници. Царската боја била жолтата, и тоа е бојата која предоминира на покривите. На секој агол од покривите наоѓаме мали статуетки, чиј број ја означувал моќта на лицето кое живее внатре. Бројот 9 бил за царот. Само една зграда има 10 статуетки на секој агол.

Галерија

уреди

Разно

уреди
  • Последниот кинески цар“ (1987) бил првиот игран филм во историјата кој добил дозвола за снимање во Забранетиот град од Владата на НР Кина.
  • Операта „Турандот“ на Џакомо Пучини, во која се работи за приказната на една кинеска принцеза, била за првпат изведена во Забранетиот град во 1998.

Извори

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди