Португалско Царство

Португалско Царство (португалски: Império Português), познато и како Португалски прекуокеански територии (Ultramar Português) или Португалско Колонијално Царство (Império Colonial Português), било составено од прекуокеанските колонии, трговски испостави ипрекуокенските територии управувани од Португалија. Тоа било една од најдолговечните колонијални царства во историјата на Европа, кое постоело безмалку шест века од освојувањето на Сеута во Северна Африка, во 1415 година, до пренесувањето на суверенитетот над Макао на Кина во 1999 година. Царството било основано во 15 век, а веќе на почетокот од 16 век се протегало ширум светот, со бази во Северна и Јужна Америка, Африка и различни региони во Азија и Океанија.[3][4][5]

Португалско Царство
Império Português
1415–1999
Португалски грб (1481–денес)
Coat of arms
Места во светот кои порано биле дел од Португалското Царство
Места во светот кои порано биле дел од Португалското Царство
Главен градЛисабон
Рио де Жанеиро (1808–1821)
Говорени јазициПортугалски
Вероисповед
Римокатолицизам (Официјална)[1][2]
Уредување
Монарси 
• 1415–1433 (прв)
Жоао I
• 1908–1910 (последен)
Мануел II
Претседатели 
• 1911–1915 (прв)
Мануел ди Ариага
• 1996–1999 (последен)
Жорже Сампаијо
Историја 
• Освојување на Сеута
1415
• Откривање на патот до Индија од Португалците
1498
• Колинијален Бразил
1500
• Иберијски Сојуз
1580–1640
• Холандско португалска војна
1588–1654
• Војна за обнова на Португалија
1640–1668
1822
• Загубата на индиските провинции
1961
1961–1974
1974–1975
• Предавање на Макао на Кина
1999

Португалското Царство настанало на почетокот од ерата на географските откритија, а моќта и влијанието на Кралството Португалија се проширило низ цел свет. На почетокот од Реконквиста, португалските морнари почнаа да го истражуваат брегот на Африка и архипелазите во Атлантикот (1418-19 година), при што ги користеле најновите откритија во навигацијата, картографијата и поморската технологија (како каравелата), за да пронајдат морски пат до лукративната трговија со зачини. Во 1488 година Бартоломео Дијас стигнал до 'Ртот на Добрата Надеж, а во 1498 година Васко де Гама стигнал до Индија. Во 1500 година, Педро Алварес Кабрал стигнал до бреговите на денешен Бразил.

Наредните децении, португалските морнари продолжиле да ги истражуваат бреговите и островите на Источна Азија, градејќи утврдувања и трговски испостави (фабрики) за време на нивните патувања. До 1571 година, поморскиот пат од Лисабон до Нагасаки бил поврзан со многу трговски испостави долж бреговите на Африка, Блискиот Исток, Индија и Јужна Азија. Оваа трговска мрежа и колонијалната трговија значително придонеле за растот на португалската економија (1500–1800) и придонесувал со околу една петтина од приходот по глава на жител на Португалија.

Откако кралот Филип II од Шпанија (Филип I од Португалија) ја зел португалската круна во 1580 година, започнала 60-годишната заедница на Шпанија и Португалија во подоцнежната историографија позната како Пиринејски сојуз. Царствата и понатаму имале посебна администрација. Затоа што кралот на Шпанија истовремено бил и крал на Португалија, португалските колонии станале предмет на напади од три конкурентски европски сили непријателски настроени кон Шпанија: Холандската Република, Англија и Франција. Затоа што населението на Португалија било помалкубројно, Португалија не можела ефикасно да ја одбрани својата огромна мрежа на трговски испостави, и Царството го започнало своето долго и постепено слабеење. Бразил станал највредната колонија од втората ера на царството (1663–1825), а по бранот на движењата за независност што ја зафатило Америка на почетокот од 19 век, Бразил се отцепил во 1822 година.

Третата ера на царството ја опфаќа последната фаза од португалскиот колонијализам по независноста на Бразил во 1820-тите. Колонијалните поседи веќе биле сведени на тврдини и плантажи долж африканското крајбрежје (подоцна биле проширени кон внатрешноста за време на поделбата на Африка кон крајот на 19 век), Португалски Тимор и енклави во Индија (Португалска Индија) и Кина (Португалски Макао). Со Британскиот ултиматум од 1890, португалските амбиции во Африка значително се намалиле.

Под водство на Антонио Салазар (премиер од 1932–1968), за време на диктатурата на Нова Држава биле направени неуспешни обиди да се задржат последните колонии во португалска сопственост. Според идеологијата на плуриконтинентализмот, режимот ги преименувал колониите во „прекуокеански провинции“ а го задржал системот на принудна работа, од кој обично само мала домородна елита била изземена. Во 1961 година Индија ги анектирала Гоа и Даман, а Дахомеј ја анектирала тврдината Сао Жоао Баптиста де Аџуда. Португалската колонијална војна во Африка траела од 1961 година до конечното соборување на диктатурата Нова Држава во 1974 година. Со Револуцијата на каранфилите која избувнала во април 1974 година во Лисабон започнала забрзаната деколонизација на португалска Африка и до анексија на Португалски Тимор од Индонезија во 1975 година. Оваа деколонизација го поттикнала егзодусот на речиси сите португалски колонијални доселеници и на многу луѓе од мешаните раси од колониите. Португалија го врати Макао на Кина во 1999 година. Единствените прекуокеански поседи кои останале под португалска власт, Азорите и Мадејра, претежно биле населени со португалско население, а Лисабон подоцна нивниот уставен статус го променил од „прекуокеански провинции“ во „автономни региони “.

Поврзано

уреди

Извори

уреди

Наводи

уреди
  1. C. Bloomer, Kristin (2018). Possessed by the Virgin: Hinduism, Roman Catholicism, and Marian Possession in South India. Oxford University Press. стр. 14. ISBN 9780190615093.
  2. J. Russo, David (2000). American History from a Global Perspective: An Interpretation. Greenwood Publishing Group. стр. 314. ISBN 9780275968960. the Church of England was a " state church " in the colonies the way it indisputably was in England, and as the Roman Catholic Church was in the neighboring Spanish and Portuguese empires.
  3. Page & Sonnenburg 2003
  4. Brockey 2008
  5. Juang & Morrissette 2008

Општи извори

уреди