Војната на розите (14551485[5]) — граѓанска војна која се водела за англискиот престол помеѓу Династија Јорк и Династија Ланкастер. Овие династии биле директни потомци на Династија Плантагенет, на чие чело стоел кралот Едвард III од Англија. Самиот назив на војната, односно војна на розите, во тоа време не бил користен. Името било создадено неколку години подоцна за да се претстават двете спротивставени страни. Династија Јорк била припадник на т.н. бела роза а династијата Ланкастер на црвената роза. Називот во употреба влегол во текот на 16 век, по создавањето на Шекспировата драма насловена под името ‘’Хенри VI’’, каде претставниците на двете страни избираат две различни по боја рози.

Војна на розите

Битка кај Тјуксбери, минијатура, крај на XV век
Датум 1455 – 1487
Место Англија, Велс, Кале
Исход Победа на Ланкастерите

Завојувани страни
Династија Ланкастер

Династија Тјудор
Supported by:
Кралство Шкотска
Кралство Франција

Династија Јорк

со поддршка од:
Бургундско војводство

Команданти и водачи
Хенри VI Executed

Хенри VII
Маргарита Анжујска
Принц од Велс 
Ерл од Ворик 
Маркез од Монтагу 
Томас Невил Executed
Ерл од Оксфорд
Војвода од Сомерсет Executed
Андреј Тролопе 
Војвода од Екстер
Ерл од Норттамберленд 
Барон Невил 
Барон Клифорд 
Ерл од Девон 
Војвода од Бакингем 
Ерл од Шрузбери 
Лорд Одли  
Барон од де Рос Executed
Војвода од Бедфорд
Овен Тјудор Executed

Едвард IV

Ричард III 
Војвода од Јорк 
Ерл од Ворик[4]
Ерл од Солсбери Executed
Маркез од Монтагу[4]
Томас Невил[4]
Ерл од Кент
Војвода од Кларенс Executed
Ерл од Рутленд 
Војвода од Норфолк Барон од Хастинг Executed
Барон Хауард 
Ерл од Линколн 

Војна на розите „Кубење на црвено-белите рози во старите храмови градини“ по оригиналната фреска слика од Хенри Алберт Пејн во 1910 година (Британец, 1868-1940), заснована на сцена во Шекспировиот Хенри Шести, оригиналот во Палатата на Вестминстер и подоцнежна слична слика на Пејн во музејот Бирмингем и уметничката галерија, овој отпечаток означуваше „авторско право 1912 година во Лондон и Вашингтон од страна на„ The Fine Art Publishing Co., Ltd. London “, поглед: 20,25„ h, 21 “w, вкупно: 27 "ч, 27,5" W, 9,25 bs
Војна на розите „Кубење на црвено-белите рози во старите храмови градини“ по оригиналната фреска слика од Хенри Алберт Пејн во 1910 година (Британец, 1868-1940), заснована на сцена во Шекспировиот Хенри Шести, оригиналот во Палатата на Вестминстер и подоцнежна слична слика на Пејн во музејот Бирмингем и уметничката галерија, овој отпечаток означуваше „авторско право 1912 година во Лондон и Вашингтон од страна на„ The Fine Art Publishing Co., Ltd. London “, поглед: 20,25„ h, 21 “w, вкупно: 27 "ч, 27,5" W, 9,25 bs

Заднина

уреди

Причината за започнување на граѓанската војна лежела во соперништвото на два табори кои биле под управа на династијата Плантагенет. Овие династии се познати под името Јорк и Ланкастер. Војната започнала по падот на англискиот крал Ричард II од Англија и доаѓањето на власт на Хенри IV Ланкастер во 1399 година[6]. Хенри IV бил внук на Едвард III по неговиот брат Џон. Круната требала да биде наследена од страна на неговиот втор син, Лајонел, војвода од Кларенс, кој ја застапувал страната на династија Јорк. Незадоволството на дел од англиското општество растело посебно бидејќи земјата била вовлечена во т.н. Стогодишна војна. Опозицијата, на чело со Ричард си поставиле за задача тој најпрвин да стане регент, а подоцна и иден крал на Англија. Главен мотив за Ричард да биде новиот крал бил тоа што тој бил правнук на Џон Гонт, четвртиот син на Едвард III, а Ричард од Јорк пак бил правнук на Лајонел, третиот син на Едвард III (по женска линија, а по машка бил правнук пак на Едмунд, петтиот син на Едвард III). Дедото на кралот Хенри IV на престолот дошол во 1399 година, откако од престолот го соборил на Ричард II и така на чело на Англија застанал клон Ланкастер од династија Плантагенет.

Во 1399 година по иницијатива на баронот од северните окрузи бил отстранет од престолот Ричард II од Англија, последниот крал од династијата на Плантагенетите. Бароните на престолот го донеле Хенри Ланкастерски под името Хенри IV од Англија (1399-1413). Во новата Ланкастерска династија, политичкото влијание на феудалната аристократијата значително се зголемила. Под нејзин притисок синот на Хенри IV - Хенри V од Англија (1413-1422), ја обновил Стогодишната војна. По крајот на Стогодишната војна, Англија на француските земји го задржила само Кале. По смртта на Хенри V во 1422 година, круната била префрлена на неговиот син Хенри VI од Англија, кој во тоа време немал навршено ниту една година. Околу престолот започнала борба помеѓу најголемите аристократи во Англија за влијание и превласт.

Недоразбирањата помеѓу двете династии во 1455 година довело до избувнување на воен конфликт. Во првата битка, династијата Јорк излегла како победник во Битката кај Олбан. Веднаш по таа победа, парламентот го прогласил Ричард Јоркски за кралски регент и наследник на Хенри VI. Во 1460 година, сепак, во Битката кај Вејкфилд, јоркскиот војвода бил убиен. Позицијата на белата роза била предводена од страна на неговиот син Едвард, кој во 1461 година бил крунисан за крал под името Едвард IV од Англија. Во следните години, династијата Јорк продолжила со своите успеси. Во последните борби главните сили на династијата на Ланкастер биле разбиени, а кралот Хенри VI побегнал од земјата, но набргу бил заробен и затворен во Лондонската кула. Војната со прекини продолжила во следните три децении. Династијата Ланкастер била поддржана од феудалците на север, а династијата Јор главно од феудалците на југ и исток. Активните борби продолжиле во 1470 година, кога на страната на Ланкастер поминале Граф Ричард и војводата Кларенс. Двајцата успеале да ја вратарт круната на Хенри VI. Едвард IV од Англија успеале да побегнат во Бургундија, од каде се вратиле во 1471 година. Во борбите биле убиени двајцата водачи, а кралот Хенри починал во затворот. Така била укинета династијата на Ланкастер. Борбата помеѓу двете групи продолжила. Поради болеста на кралот Хенри VI во 1455 година за регент на Англија бил прогласен војвода од Јорк - Ричард, но Ланкастерите го отстраниле, а подоцна и убиле во една од борбите. Во 1461 година синот на Ричард - Едвард, го освоил Лондон.

Во 1470-1471 година од страна на Ланкастерите бил организиран бунт, но истиот не бил успешен. Едвард IV од Англија предложил парламентот да изгласа поголеми права на кралот, според кој тој се здобил со поголеми финансиски средства, главно од собирање на даноци. Осве тоа, му било дадено слобода за управување и законодавство. Со тоа бил ставен крај на граѓанската војна во Англија.

Но, во 1483 годин Едвард IV починал, земјата повторно била дестабилизирана. Неговиот син, Едвард V од Англија имал само 12 години, па дошло до несогласие околу управувањето на земјата. Од една страна застанала роднината на кралот Вудвил, а од друга страна брат му Ричард III од Англија. Ричард III од Англија покренал иницијатива во парламентот за да докаже дека Едвард нема легимитет за престолот, во кое и успеал. Така Ричард III останал единствен престолонаслкедник бидејќи немал повеќе противкландидати. Едвард V, кој бил затворен во кулата никогаш повеќе не бил виден. Најверојатно бил убиен, но никогаш не било докажано како и зошто. Така, Ричард на 6 јули 1483 година бил крунисан за крал.

Од друга страна пак, Ланкастерите своите надежи ги полагале кон Хенри Тјудор, чиј татко бил Едмунд Тјудор, полубрат на Хенри VI. Хенри својата поддршка и помош ја побарал кај Франција. Тој успеал со армија од 5.000 војници да се префрли во Англија и да му нанесе тежок пораз на Ричард III, а на самото бојно поле бил убиен и кралот. По ова Хенри се прогласил за крал под името Хенри VII од Англија. Во 1486 година се оженил со ќерката на Едвард IV, Елизабета Јоршка. По ова голем дел од приврзаниците на династија Јорк преминале на страната на новиот крал. Овој настан го означил обединувањето на двете династии. Двете рози, белата и црвената биле споени во т.н. Тјудорска роза. Во историјата на Англија бил започнал нов период, познат како Тјудорски период.

Галерија

уреди

Симболи

уреди

Наводи

уреди
  1. John A. Wagner and Susan Walters Schmid, eds. Encyclopedia of Tudor England (3 vol. 2011).
  2. J. A. Guy, Tudor England (1990) a leading comprehensive survey
  3. Wallace McCaffrey, "Recent Writings on Tutor History," in Richard Schlatter, ed., Recent Views on British History: Essays on Historical Writing since 1966 (Rutgers UP, 1984), pp 1–34
  4. 4,0 4,1 4,2 Later defected to the Lancastrians
  5. http://www.warsoftheroses.com
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-05-12. Посетено на 2010-04-30.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: