Династија Ланкастер

Династијата Ланкастер била кралска лоза на династија Плантагенет. За основач на династијата се смета Џон Гонт, четвртиот син на кралот Едвард III. Во 1399 година неговиот син, Хенри Болингбрук (1367-1413) го симнал од власта својот роднина, кралот Ричард II. На тој начин се качил на престолот под името Хенри IV. Негов наследник станал Хенри V (1413-1422) кој пак бил наследен од страна на единствениот негов син Хенри VI. Во времето кога станал крал, тој бил на возраст од само десет месеци, а на негово место раководел неговиот чичко Џон. За време на Стогодишната војна, тој бил и крал на Франција.

Династија Ланкастер
Претходна династијаДинастија Плантагенет
ЗемјаАнглија
ПрпадностАнгличани, Французи, Кастилци
Основана1385
ОсновачЏон Гаунт
Последен владетелХенри VI од Англија
ТитулиВојвода на Ланкастер, Крал на Англија
ИмотАнглија

Во 1461 година Хенри бил соборен од власта, кога на чело на земјата застанала династија Јорк. Во 1470 година, за време на т.н. војна на розите, Хенри повторно станал крал во траење од неколку месеци, пред да биде затворен во Лондонската кула и убиен. Пред ова, бил убиен и неговиот единствени син Едвард. По убиството на Хенри VI, династијата Ланкастер останала без машки наследник.

Хенри VII, основачат на династија Тјудори и кој на престолот се качил во 1485 година, бил потомок на вонбрачниот син на Џон Гонт и бил сметен за наследник на династијата Ланкастер.