22 јули — 203-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (204-и во престапна година). Остануваат 162 денови до крајот на годината.

01
02 03 04 05 06 07 08
09 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31  

Настани уреди

1099  Прва крстоносна војна: Годфрид Бујонски е избран за прв Бранител на Светиот Гроб на Ерусалимското Кралство.
1456  Унгарскиот регент Јанош Хуњади ја пробил опсадата на Белград и им нанел тежок пораз на Отоманските освојувачи предводени од Мехмед II.
1894  Првата воопшто моторизирана трка се одржала во Франција, на 128-километарски пат помеѓу Париз и Руан. Победил Албер де Дион, основачот на Тур де Франс.
1908  Младотурците ја презеле власта во Битола и ги ослободиле сите затвореници.
1933  Американскиот воздухопловец Вили Пост го извел првото самостојно летање со авион околу Земјината топка. Прелетал 25.000 километри со 14 застанувања за 7 дена, 18 часа и 45 минути.
1948  Во Скопје, со одлука на Владата на НРМ, е основан Институтот за национална историја.
1962  Пропадна првиот американски обид за лансирање автоматска сонда на Венера. Ракетата лансирана од Кејп Канаверал на Флорида ја промени насоката и по неколку минути експлодира.
1992  Најголемиот колумбиски производител и трговец со дрога Пабло Ескобар побегнал од затвор. Убиен е во декември следната година во Меделјин, во престрелка со полицијата.


Родени уреди

356 п.н.е.  Александар III Македонски — една од најпознатите личности на стариот век, војсководец и државник. Го поразил огромното персиско царство и во своите походи стигнал до Индија.
1210  Јована Англиска — кралица на Шкотска.
1784  Фридрих Вилхелм Беселгермански астроном и математичар.
1822  Грегор Менделавстриски ботаничар и генетичар.
1882  Едвард Хопер — американски сликар.
1888  Селман Ејбрахам Ваксманамерикански микробиолог, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1952 година.
1894  Оскар Марија Графгермански писател.
1916  Марсел Сердан — француски боксер.
1941  Џорџ Клинтон — американски фанк-музичар.
1944  Ананд Сатјананд — генерален гувернер на Нов Зеланд.
1946  Дени Гловер — американски глумец.
1946  Пол Шредер — американски режисер.
1947  Дон Хенли — американски поп-рок музичар, член на групата Иглс (Eagles).
1949  Ласе Вирен — фински атлетичар.
1956  Мајкл Спинкс — американски боксер, поранешен светски првак.
1969  Деспина Ванди — грчка пејачка.
1983  Дрис Девенинс — белгиски велосипедист.
1991  Кени Елисонд — француски велосипедист.
1991  Анте Будимир — хрватски фудбалер.
1992  Селена Гомес — американска пејачка.
1998  Федерико Валверде — уругвајски фудбалер.
1998  Марк Кукуреља — шпански фудбалер.
2013  Џорџ Велшки — син на во британскиот престолонаследник Вилијам и принцезата Катерина


Починале уреди

1461  Шарл VII Победникотфранцуски крал.
1676  Климент X — римски папа.
1822  Наполеон IIфранцуски крал.
1926  Фридрих Визер — австриски економист.
1934  Џон Дилинџерамерикански криминалец.
1967  Лајош Касак — унгарски писател и сликар.
1968  Павлос Гипарис — грчки офицер.
1979  Шандор Кочишунгарски фудбалер.
1990  Асан Керим — македонски и југословенски политичар .


Празници уреди

22 јули (празници)