Ѓорѓи Македонски — македонски просветител, учител и свештеник од 19 век. Роден е при крајот на 18 век, или почетокот на 19 век во село Радибуш, Кривопаланечко. За него е важно да се каже дека бил поборник за македонскиот идентитет, се противел на пропагандата за асимилирање на македонскиот народ од страна на соседните држави и ја промовирал идејата дека Македонците се посебен словенски народ. Ѓорѓи Македонски има напишано запис од 1846 год. во врска со своето потекло кој гласи:[1]

Да се знае кога селаните од моето родно село Радибуш, Криворечка Паланка, ме главија за учител во нашето селско училиште и за Ранковце и за Криви Камен, за 1800 гроша годишно. Роден сум од татко ми свјаштеник Димитрија и мајка Варскија како 7-мо дете од дванаесетте деца, пет машки седум женски . Славјанското писмо го изучив од татко ми Димитрија Маќедонски, кој така се вика зашто сме Маќедонци, а не Грци, а неговиот татко се викал Јосиф свјаштеник, а неговиот дедо Стоимен, свјаштеник. И ја прекарот си го земав Маќедонски, а не по дедо ми, за да се знае оти сме Славјани од Маќедонија. Ден Голема Богородица на 1846 година.

Текстот е превод од оригиналната верзија на старословенски, која започнувала со "знано будет" или "да се знае", со што сакал да им укаже на следните генерации за политичката состојба во врска со македонскиот народ за време на неговиот живот.

Наводи

уреди