<< април >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30
2024

7 април — 97-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (98-и во престапна година). Остануваат 268 денови до крајот на годината.

Настани:

529  Во Цариград бил издаден првиот нацрт на Јустинијановиот законик (Corpus iustis civilis) — кодификација на царските закони од II век до тогаш.
1348  Во Прага е основан Карловиот универзитет, прв во Средна Европа.
1795  Франција го усвоила метарот како основна мерка за должина.
1906  Вулканот Везув го уништил градот Неапол во Италија.
1939  Војската на Фашистичка Италија започнала инвазија врз Албанија.
1945  Втора светска војна: Американските авиони го потопија најголемиот јапонски воен брод „Јамато“.
1948  Во рамки на Обединетите Нации, основана е Светската здравствена организација.
1953  Даг Хамаршелд, шведски дипломат, е избран за генерален секретар на Обединетите нации.
1963  Усвоен е новиот устав на Југославија, со кој таа се преименувала во Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), а Јосип Броз Тито е прогласен за доживотен претседател.
2005  Пакистан и Индија ја утврдиле граничната линија во областа Кашмир.
2012  Џојс Банда станала првата жена-претседател на Малави.

Родени:

1770  Вилијам Вордсворт — англиски поет.
1772  Шарл Фурје — француски економист и социолог.
1804  Саломон Милер — германски природонаучник.
1893  Алмада Негреирош — португалски сликар.
1896  Бени Леонард — американски боксер.
1915  Били Холидеј — американска џез-пејачка.
1920  Рави Шанкариндиски класичен музичар.
1931  Тед Кочеф — американски филмски режисер.
1938  Фреди Хабард — американски џез-музичар.
1939  Френсис Форд Копола — американски режисер.
1944  Герхард Шредер — германски канцелар.
1948  Пјетро Анастази — италијански фудбалер.
1954  Џеки Чен — хонгконшки глумец.
1964  Расел Кроу — новозеландско-австралиски глумец.
1967  Бодо Илгнер — германски фудбалски голман.
1983  Франк Рибери — француски фудбалер.
1985  Џек Бауер — новозеландски велосипедист.
1987  Патрик Греч — германски велосипедист.
1987  Мартин Касерес — уругвајски фудбалер.
1990  Џорџ Бенет — новозеландски велосипедист.
1991  Лука Миливоевиќ — српски фудбалер.

Починале:

1498  Шарл VIIIФранцуски крал од династијата Валоа.
1614  Ел Греко — шпански сликар со грчко потекло.
1761  Томас Баес — англиски свештеник, филозоф и статистичар.
1789  Абдул Хамид Iсултан на Отоманското Царство.
1943  Јован Дучиќ — српски поет и дипломат.
1947  Хенри Форд — американски претприемач, основач на претпријатиетоФорд“.
1975  Крсто Хегедушиќ — хрватски сликар.
1985  Карл Шмитгермански политички теоретичар.
1953  Димитар Влахов — македонски револуционер, политичар и публицист.
1968  Џими Кларк — шкотски автомобилист.
2017  Релја Башиќ — хрватски глумец.

Празници:

Светски ден на здравјето