Жан Рено (франц. Juan Moreno y Herrera Jiménez; Казабланка, 30 јули 1948) — француски глумец со шпанско потекло.

Жан Рено

Животопис

уреди

Бегајќи од режимот на Франко, родителите на Жан Рено се преселиле во Казабланка, каде што се родил Жан. Од Мароко, тие се преселиле во Франција, каде што тој ја започнал својата глумечка кариера.

Филмска кариера

уреди

Жан Рено го открил Лик Бесон кој му понудил улога во филмот „Големото синило“. Потоа следувале филмовите „Леон професионалецот“ и „Никита“. Рено соработувал со речиси сите великани на францускиот филм, како: Жерар Депардје, Кристијан Клавје, Франсис Вебер, Жан-Мари Поаре и Матје Касовиц. Трипати бил номиниран за наградата „Цезар“ во категоријата за најдобар глумец - двапати за главна машка улога (во „Леон профеционалецот“ и „Посетители“), а еднаш за споредна улога (во „Големото синило“).

Тој е еден од ретките француски глумци кој остварил успешна кариера во Холивуд, глумејќи во повеќе филмски хитови: „Невозможна мисија“ со Том Круз, „Годзила“ со Метју Бродерик, „Ронин“ со Роберт де Ниро, „Пинк Пантер“ со Стив Мартин и „Кодот на Да Винчи“ со Том Хенкс. Тој ја одбил улогата на Морфеус во филмот „Матрица“ за да игра во филмот „Годзила“, кој многу полошо поминал кај публиката. Посебно е популарен во Јапонија.