Санкт Мориц
Санкт Мориц или Сент Мориц (германски: Sankt Moritz, реторомански: ⓘ, италијански: San Maurizio, француски: Saint-Moritz) е алпски туристички центар во Енгадин во Швајцарија, на надморска височина од околу 1800 метри. Се наоѓа во швајцарскиот кантон Граубинден.
Санкт Мориц | ||
---|---|---|
Зимска ноќ во Санкт Мориц | ||
Држава | Швајцарија | |
Кантон | Граубинден | |
Област | Малоја | |
Површина[1] | ||
• Вкупна | 28,69 км2 (1,108 ми2) | |
Надм. вис. | 1.822 м | |
Население (Грешка: погрешен формат за време[2]) | ||
• Вкупно | 5,206 | |
• Густина | 1,8/км2 (4,7/ми2) | |
Поштенски код | 6969 | |
БИЗ број | 3787 | |
Обиколен/а од | Бевер, Челерина, Замедан, Зилваплана | |
Мреж. место | gemeinde-stmoritz.ch SFSO statistics |
Сент Мориц лежи на јужните падини од Албулските Алпи со поглед на пространата глацијарната долина на Горен Енгадин и истоименото езеро: Сент Мориц. Тој беше домаќин на Зимските олимписки игри во 1928 и 1948 година.
Историја
уредиСент Мориц за првпат се споменува околу 1137–39 година како ад санктум Маурициум (латински: ad sanctum Mauricium).[3] Селото името го добило името по Свети Маврициј, ранохристијански светец од јужен Египет кој бил мачен во 3 век во Римска Швајцарија додека служел како водач на Тебанската легија.
Спорт
уредиСент Мориц било зимско одморалиште уште во 19 век. Студентите од Оксфорд и Кембриџ оделе таму и се натпреварувале меѓу себе. Сент Мориц беше град-домаќин на Зимските олимписки игри во 1928 и 1948 година, и е еден од трите градови кои двапати биле домаќини, заедно со Инсбрук, Австрија и Лејк Плесид во САД. Санкт Мориц бил домаќин на Светското првенство во алпско скијање ФИС во 1934, 1974, 2003 и 2017 година.
Освен тоа, Сент Мориц бил домаќин на Светското првенство во боб и скелетон санкање рекордни 21 пат. Од 1985 година, тој е домаќин на Сноу Поло Сент Мориц, турнир на кој учествуваат многу од најдобрите тимови на светот и се игра на посебно обележан терен на замрзнатото езеро. [4]
Сент Мориц е исклучително популарен во летните месеци како место за висински подготовки за спортски тркачи, најчесто велосипедисти, тркачи на долги патеки и тркачи во брзо одење. Популарен е поради надморската висина, временските услови, атлетската патека од светска класа и многуте други патеки и патчиња во околината.
Наводи
уреди- ↑ Arealstatistik Standard - Gemeindedaten nach 4 Hauptbereichen
- ↑ Сојузна статистичка служба на Швајцарија — STAT-TAB Ständige und Nichtständige Wohnbevölkerung nach Region, Geschlecht, Nationalität und Alter (германски)
- ↑ „St. Moritz“ на германски, француски и италијански во „Историски речник на Швајцарија“.
- ↑ „The Cradle of Snow Polo“. Snow Polo World Cup. Архивирано од изворникот на 3 January 2017. Посетено на 3 January 2017.