Џими Клиф
Џејмс Чемберс (роден на 30 јули 1944), професионално познат како Џими Клиф ― јамајски ска, рокстиди, реге и соул музичар, мултиинструменталист, пејач и глумец. Тој е единствениот жив реге музичар носител на Орден за заслуги, највисока чест што ја доделува владата на Јамајка за исклучително достигнување во уметноста и науката.
Џими Клиф | |
---|---|
Клиф на настап во 2012 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Џејмс Чемберс |
Роден(а) | 30 јули 1944[1] Сент Џејмс, Колонија Јамајка |
Жанрови | Ска, рокстиди, реге, соул |
Занимања | Музичар, пејач, глумец |
Инструменти | |
Период на активност | 1962–денес |
Издавачи | [2] |
Мреж. место | jimmycliff.com |
Клиф е најпознат со песните: „Many Rivers to Cross“, „You Can Get It If You Really Want“, „The Harder They Come“, „Reggae Night“ и „Hakuna Matata“ и неговите преработки на „Wild World“ од Кет Стивенс и „I Can See Clearly Now“ од Џони Неш за филмот Реге на мраз. Глумел во филмот The Harder They Come, кој помогнал да се популаризира регето ширум светот,[3] и во Club Paradise. Во 2010 година, Џими Клиф бил примен во Куќата на славните од рокенролот.
Ран живот и образование
уредиЏими Клиф е роден како Џејмс Чемберс на 30 јули 1944 година во Сент Џејмс, Колонија Јамајка.[4] Почнал да пишува песни уште додека бил во основно училиште. На негови 14 години, татко му го однел во Кингстон, каде го презел уметничкото име Џими Клиф.[5]
Наводи
уреди- ↑ „Jimmy Cliff Official Facebook“. Facebook. Архивирано од изворникот на 2022-02-26.
- ↑ „Jimmy Cliff: Biography“. answers.com. Архивирано од изворникот 4 November 2011. Посетено на 17 November 2011.
- ↑ Colin Larkin (1998). The Virgin Encyclopedia of Reggae. Virgin Books. ISBN 0-7535-0242-9.
- ↑ Greene, Jo-Ann. „Jimmy Cliff Biography“. AllMusic. Посетено на 30 August 2020.
- ↑ Thompson, Dave (2002). Reggae & Caribbean Music. Backbeat Books. стр. 76. ISBN 0-87930-655-6 – преку Google Books.