Историја на Европа

Историјата на Европа е дел од историјата како наука која се занимава со проучување на минатото на европските народи, етноси и држави. Историчарите историјата на Европа ја разделуваат на повеќе периоди. Првите податоци за човечко постоење на Стариот континент датира пред околу 35 000 години во палеолитот.

Карта на Европа од Абрахам Ортелиј, 1595 г.

Праисторија

уреди
 
Праисториски култури во Европа (среден неолит).

Праисторијата на Европа се однесува на периодот од човечката праисторија од Долниот палеолит. Овој период го опфаќа времето пред околу 1,8 милиони години. Горниот палеолит го опфаќа времето од пред 20.000 години, период во кој Европа била населена од неандерталци. Мезолитот во Европа започнал пред околу 10.000 години и тоа во југоисточна Европа. Во следните векови, тој се проширил до Северна Европа.

Европското бронзено време започлнала во околу 2800 п.н.е. Рапидниот економски прогрес резултирал со појава на првите европски градови, како што се Троја, Крит, Микена, кои се забележани во подоцнежните епохални литературни извори, како и градење на тврдини и владетелски палати. Во тие рамки се манифестирало и самото религиско сфаќање во склоп на архитектурата, сликарството и скулптурата. Веќе припитомениот коњ и користењето на колата, како во земјоделството, така и во воените походи, овозможиле ширење на сообраќајот, трговијата и комуникацијата дури и со географски најоддалечените области. Европската Железно доба започнала во околу 800 п.н.е. Во времето на оваа епоха, Европа посетепено навлегла во историски период во кој се познати т.н. егејските преселби. Во IV век п.н.е. се развила Трипилската култура на територијата на денешните држави Украина, Молдавија и Романија.

Класична антика

уреди

Класична Антика е поим кој го означува периодот на европската политичка и културна историја во кој водечка улога имале Стара Грција и Рим. Старогрчка цивилизација се простирала на просторите на денешна Грција, Мала Азија, Сицилија, јужна Италија, а подоцна и во Египет, Сирија и Индија. Бидејќи старогрчка цивилизација не може да се ограничи само на Грција ниту само на Грците, најпогодни се старогрчките имиња Хелада и Хелени. Антиката го опфаќа периодот од околу 15 векови, од 1000 година п.н.е. до 500. н.е., помеѓу падот на Западното Римско Царство (476) и затворањето на паганските филозофски училишта во источното, Јустинијаново царство.

Античка Македонија

уреди

Античка Македонија било античко кралство на територијата на денешна Македонија и Беломорска или Егејска Македонија, во северниот дел на денешна Грција. Се граничело со кралството Епир на запад и областа Тракија на исток.[1] Во даден временски период Македонија била најмоќната држава на светот кога Александар Македонски го освоил скоро цел познат свет во тоа време и со тоа го започнал македонскиот период на светската историја. Античките Македонци живееле во јужната област на тогашна Македонија уште од архаичното време. Првата македонска држава се јавува во VIII или раниот VII век п.н.е. под водството на династијата Аргеади, кога Македонците мигрирале таму од позападните краишта. Првиот крал за кој има документација е Пердика I. За време на кралот Филип II, (359336 п.н.е.) Македонија се проширила на територијата на Пајонците, Тракијците и Илирите. Ова ги придодало кон кралството битолската и гевгелиската област (во параметри на денешна Македонија). Синот на Филип, Александар Македонски (336323 п.н.е.) за релативно краток период успеал да ја наметне македонската власт не само врз Грција, туку и врз персиското царство, вклучувајќи го и Египет, Блискиот Исток и Индија. Александар ги прифатил политичките системи на освоените земји. Иако царството се распаднало накратко по неговата смрт, неговите освојувања оставиле траен печат во регионите.

 
Македонската империја во времето на Александар Велики

И покрај распадот на царството во помали кралства раководени од генералите на Александар, Македонија останала многу привлечна територија. За кратко време била владеена од страна на Деметер I (294288 п.н.е.), но потоа започнала граѓанска војна. Антипатер и неговиот син Касандар ја зазеле власта, но ја изгубиле по смррта на Касандар во 297 п.н.е..

Синот на Деметер Антигон II (277239 п.н.е.) успешно го вратил мирот и просперитетот и успешно ја одбранил Македонија од галациската инвазија, но изгубил контрола врз многу грчки полиси. Тој сепак воспоставил стабилна монархија и благодарение на него, новата династија Антигониди. Неговиот наследник Антигон II (239221 п.н.е.) ги искористил овие предности и ја проширил власта на Македонија ширум регионот. Под водство на кралот Филип V (221179 п.н.е.) и неговиот син Персеј (179168 п.н.е.) Македонија се соочила со експанзионизмот на римската република. За време на II век п.н.е. и I век п.н.е. Македонија била во неколку војни со Рим. Ова резултирало со пораз на Македонија, отстранувањето на Антигонидите и распадот на македонското кралство. Андриск успеал накратко да ја врати монархијата во 149 п.н.е. но бил поразен следната година и македонија потпаднала под директна римска власт како Римска провинција Македонија.

Стара Грција

уреди

Поимот Стара Грција се однесува на делот од грчката историја кој траел од Грчкото Темно Доба (околу 1100 п.н.е.) и инвазијата на Дорците, до 146 п.н.е. и римското освојување на Грција по Битката кај Коринт. Општо прифатено е дека античко-грчката култура ја претставува самата основа на културите на Западните цивилизации. Грчката култура имала големо влијание над Римското Царство, која пренела различни верзии од неа во многу делови од Европа. Цивилизацијата на Старите Грци извршила големо влијание на јазикот, политиката, образовните системи, филозофијата, науката и уметностите.

Грција се наоѓала на јужниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа излегувала на три мориња: Јонско, Егејско и Средоземно. Грција била планинска земја, највисокиот врв се наоѓал на планината Олимп (3000 м). Според тоа, таа била без услови за развој на земјоделство. Во Грција било развиено сточарството, морепловството и трговијата. Според грчкиот историчар Тукидид (460-369 п.н.е.), најстари жители на Елада биле Каријците и Лелегитите, кои ја развивале цивилизацијата на островот Крит. Најзначаен центар на островот Крит бил градот Кносос, а според легендата тука живеел кралот Минос. Според Минос, и културата развивана на овие простори била наречена Минојска или Критска, а била развивана од XIV век п.н.е.. Во почетокот на XX век п.н.е., од север во Грција се населиле Ахајци, кои продреле во најјужните предели на Грција, го освоиле островот Крит и ја уништиле критската култура. На Пелопонез бил изграден градот Микена кој станал центарна новата Микенска цивилизација (1600-XIII век п.н.е.). Околу XII век п.н.е. во северот на Грција се населиле Јонци, Дорци и Еолци, кои го покориле и асимилирале домородното население кое имало поразвиена култура, ја прифатиле и ја развиле уште повеќе. Тие се нарекле Хелени, а земјата Елада, а подоцна го добиле името Грци од Римјаните.

Со развојот на производствените сили елинското општество сè повеќе се раслојувало на богати и сиромаси. Богатите за да ја зачуваат власта над сиромасите создале државен апарат, но планинската природа на Грција не давала можност за економско и политичко обединување на Хелените. Тука не се создала единствена држава, како на стариот исток, туку се создале повеќе мали држави (околу 100). Тие ја опфаќале територијата на еден град со околината, и се наречени градови-држави (полиси). Секој полис ги задоволувал потребите на своето население, и затоа секоја држава ја чувала својата самостојност и била против обединување во една држава. Полисите често војувале меѓу себе. На чело на град-држава се наоѓал Базилеј, кој бил врховен војсководец, свештеник и судија. Тој се советувал со советот на старешини и со народното собрание. Најзначајни градови-држави биле: Атина, Спарта, Теба, Коринт, Мегара и други.

Во Грција немало доволно обработлива земја, што предизвикало голема пренаселеност во градовите и појава на глад. Во периодот од VII век п.н.е. -VI век п.н.е. била извршена колонизација во три правци: на запад кон јужна Италија и Сицилија, на север кон Тракија и Јадранско Море и на исток кон Мраморно Море и Црно Море.

Стар Рим

уреди
 
Римското Царство низ вековите

Римската држава била создадена на Апенинскиот Полуостров. Во страриот век на Апенинскиот Полуостров живееле многу племиња. Најпознати биле: Галите, Италите, Латините, Умбрите, Самнитите и други. По Италите подоцна Апенинскиот Полуостров го добил името Италија. Во јужниот дел на Апенинскиот Полуостров и на Сицилија живееле колонии на Хелените и овој дел бил наречен Магна Граециа.

Латините имале најзначајна улога во историјата на Рим. Ја населувале областа Лациј во Средна Италија, јужно од Етрурците и од долниот тек на реката Тибар која била граница со Етрурците. Во оваа област имало повеќе градови меѓу кои бил и градот Рим (Рома), кој имал прекрасна местоположба. Се наоѓал 25 км од морето, на левиот брег на пловната река Тибар, преку која бил поврзан со морето. Градот се простирал на седум добро утврдени ритчиња, кои се обединиле за да можат полесно да се бранат од надворешните напади. Според легендата Рим бил основан во 753 година п.н.е но според археолошките податоци порано околу X век п.н.е.

Во најстариот период Рим имал родовско уредување. Родовите биле составени од патријахални семејства - фамилии, на чие чело стоел патер. Десет рода сочинувале братство, а десет братства сочинувале племе или триба. Вкупно имало три триба. Населението го сочинувале слободни и неслободни луѓе. Слободните се делеле на патриции и плебејци. Патриции биле богати луѓе, кои уживале големи привилегии и ги заземале сите положби во државната управа. Од нивните редови биле избирани конзули и сенатори. Плебејците воделе потекло од потчинетото население на Лациј и на Етрурците. Се заземале со земјоделство, занаетчиство и трговија. Плаќале даноци на државата, служеле војска, но немале политички права и не учествувале во работата на народното собрание. Бракот меѓу патрициите и плебејците бил забранет со закон. Неслободното население го сочинувале робови, кои во овој ран период во римската држава не биле бројни.

Според традицијата постоеле седум кралеви. Последните три кралеви биле етрурски, бидејќи во VII век п.н.е. Лациј бил освоен од Етрурците. Со нивното владеење не биле задоволни римските патриции, кои во 509 п.н.е. го симнале од престолот и го протерале последниот крал (Тарквиниј Гордиот) и прогласиле република. Римјаните започнале да водат војни за проширување на својата држава најпрвин во Италија а подоцна и надвор од нејзините граници.

Во IV век п.н.е. Рим водел војна со Галите во Северна Италија, кои во 390 п.н.е. го нападнале и го ограбиле градот Рим. Единствено тврдината на ритчето Капитол не била освоена, иако била опседнувана цели шест месеци. Во исто време Рим војувал и со италските племиња во Средна Италија. Најжесток отпор му пружиле Саминтите, со кои морал да води три војни. Дури по третата семитска војна (298-290), Рим станал господар на средна Италија. Потоа Римјаните ги насочиле своите сили кон Јужна Италија каде што се наоѓале многу колонии на Хелените. Меѓу нив се истакнал и градот Тарент со кого Рим дошол во судир. На овој град во војна му помагал епирскиот крал Пир. На крајот римјаните победиле, го потчиниле Тарент и цела Јужна Италија и се претвориле во една од најголемите и најсилните држави на Средоземното Море.

Доцна Антика

уреди

Доцна Антика е груба периодизација за периодот од новата ера помеѓу 300 - 600 година, употребена од историчарите и научниците за да се опише интервалот помеѓу Класичната Антика и средниот век воглавно во Европа и средоземниот свет. Тоа е временскиот период помеѓу пропаста на Западното Римско Царство од III век натаму, сè до Исламското освојување, и повторното формирање на Источна Европа под името Византиско Царство. поимот Spätantike, буквално „доцна антика“, бил употребен од германските историчари од моментот кога ја популаризирал Алојз Ригли во раниот XIX век.

Среден век

уреди

Според граѓанските историчари кои не ја признаваат класната борба како главен двигател на историските збиднувања, средниот век трае од падот на Западното Римско Царство во 476 година до средината или крајот на XV век (гранични дати се падот на Цариград во 1453.

Византиско Царство

уреди

Византија е современ поим кој се користи да се опише Pимското царство, во средниот век, кое имало седиште во Цариград. За да може подобро да се брани Римското Царство од напади, кои вообичаено доаѓале од исток, Константин Велики во 330 г. го преместува главниот град на империјата од Рим во градот Византиум кој бил стратешки позициониран на бреговите на Босфор каде се вкрстувале патиштата кој воделе од исток на запад. Константин, исто така, извршил голем број реформи кои довеле до стабилизација на империјата во периодот кој следел[2]. Тој го стабилизирал ковањето на пари (зладниот солидус кој бил воведен во оптек станал стабилна и ценета валута[3]), но исто така иницирал и промени во структурата на армијата. Во текот на владеењето на Константин Велики империјата ја зацврснала својата воена моќ. Освен тоа периодот на владеење на овој император претставува период на просперитет на Римското Царство.

Во текот на периодот на владеење на Константин христијанството не станало единствена религија во империјата, туку претставувал религија која била во милост на императорот, со оглед на тоа што императорот ја поддржувал, а христијанските заедници добивале извесни привилегии поради тоа. Константин го востановил принципот дека императорот не треба да ги решава прашањата од религиски интерес, туку дека треба да помага во нивното решавање со свикување на собори за таа цел (како што бил Првиот собор во Никеја) и на таков начин се поставил себеси на врвот на црковната хиерархија.[4] Источното Римско Царство било поштедено од тешкотиите со кои се соочувало Западното царство во текот на третиот и четврток век, што било резултат на подобро зацврснатата урбана култура, подобрите финансиски ресурси кои овозможувале зачувување на мирот и просперитетот на државата, но исто така и ангажирање на странски платеници во војската. Понатаму, Теодосиј II ги изградил ѕидините на Цариград кои успешно го бранеле градот од различните напаѓачи сè до 1204 година кога за првпат одбраната на градот била совладана од крстоносците. За да ги смири амбициите на Хуните на Атила тој им исплатил околу 300 кг злато. Тој исто така го поттикнувал развојот на трговијата на Цариград со Хуните и со другите соседни земји.

Неговиот наследник Марцијан одбил да ги продолжи да им исплаќа злато на Хуните, но тоа не ја погодила империјата затоа што вниманието на Атила било насочено кон Западното Римско Царство. По смрт на Атила, во Источното царство настанал период на просперитет, додека пак, Западното царство пропаѓа. За година кога Западното Римско Царство престанува да постои се смета 476 година кога Одоакар го принудува Ромул Августус, последниот император на Западното Римско Царство, да се откаже од круната.

Византија престанала да постои по 1453 година, кога градот Цариград бил заземен од страна на Османлиското Царство.

Свето Римско Царство

уреди

Почетоците на Светото Римско Царство се во 800 година, кога Карло Велики станал император. По неговата смрт царството веднаш било поделено, а повторно го обединиле Отон I и неговите наследници, кои владееле со Германија од 919 до 1024 година. Имало постојани борби за влест помеѓу имераторите и папите. Последниот император на Светото Римско Царство абдицирал во 1806 година.

Карло Велики бил крунисан од страна на pапата Лав III како император на Римјаните. Историчарите понекогаш го нарекуваат ова царство како Западно Римско Царство, за да означат дека не било дел од Византиското царство на исток.

Кордопски Калифат

уреди

Кордопскиот Калифат била држава која се наоѓала на Пиринејскиот Полуостров и Северна Африка во периодот од 929 година до 1031 година. Престолнина на калифатот бил градот Кордоба. Периодот во којшто опстојувал халифатот е познат по значајните успеси кои биле постигнати на полето на трговијата и културата. Во текот на владеењето на овој халифат, Во престолнината била изградена познатата Мескита де Кордоба, најголемата џамија во тоа време во регионот. Абдераман III на 16 јануари 929 година се прогласил за халиф на Кордоба. Сите наредни калифи биле членови на Умаидската династија. Претходно, истата династија владеела со овие простори но како емири од Кордоба. Во 1010 година избила граѓанска војна. Халифатот формално постоел до 1031 година, кога бил уништен од страна на независните мали таифи кои формирале на овие простори мали муслимански кралства.

Доцно средновековие

уреди

Света војна

уреди

Крстоносни војни

уреди

Крстоносните војни претставуваат серија од кампањи и воени походи започнати кон крајот на [[Предлошка:11 век]], со религиозен карактер од страна на христијанското население во Европа, под покровителство на Римокатоличката црква и папата. Овие походи главно биле поткренети против муслиманското население на Блискиот Исток, како и против евреите, руските и грчките православни христијани, монголците, катарството и политичките противници на папата[5].

 
Крак де Шевалие

Особено важно место за започнувањето на Крстоносните војни има т.н. заштита на Светите Земји и Ерусалим, односно протерување на муслиманското население од тие простори и воспоставување на христијанска власт врз тие територии. Крстоносците се ангажирале со учество на витези, монаси и редовна војска кои ќе војуваат против арапите, маврите, Турците - селџуци. Од борбите против муслиманите сите очекувале дека од страна на Бог по нивната смрт ќе добијат место во Рајот, а селаните ќе бидат ослободени од своите зависности. Во процесот на развивање на државите и народите од Западна Европа се појавиле католички професионални војници – кои најмногу ни се познати како витези. Папа Урбан II прв ја претставил пред широката јавност идејата за крстоносна војна кон Светите Земји изрекувајќи ги зборовите „Бог тоа го сака“.

Точниот број на крстоносните походи сѐ уште е непознат. Освен официјалните девет крстоносни походи, исто така биле спроведени и множество други крстоносни походи во Палестина, но и во централна Европа и Шпанија. Може да се каже дека крстоносните походи продолжиле до ренесансата и реформацијата, кога политичката и религиозната клима во Европа станала многу поразлична од онаа во текот на средниот век.

Реконквиста

уреди

Реконквиста претставува период на протерување на арапските Маври од Пиринејскиот Полуостров од страна на христијанското население во Шпанија и Португалија. Периодот на Реконквистата траел вкупно 774 години. Борбата околу престолот во почетокот на VIII век помеѓу Визиготите кои владееле со Пиринејскиот Полуостров им овозможила на муслиманските Маври на навлезат на европска почва преку претходно освоената Северна Африка. По само три години, Маврите во 714 година освоиле голем дел од полуостровот. По инвазијата на полуостровот, тие продолжиле кон север, каде војувале со државата на Каролинзите. Муслиманите стигнале до градот Поатје, каде во 732 година биле поразени во Битката кај Поатје од страна на Карло Мартел.

Во времето кога Маврите навлегле на полуостровот, малобројното визиготско население се повлекло кон планинските предели на Астурија и Кантабрија, каде подоцна го основале Кралството Астурија. Карло Велики основал т.н. Шпанска марка која претставувала погранична зона и нејзината цел била да го сопре напредувњето на Арапите кон внатрешноста на Европа.

Битката кај Ковандога, која се одиграла во 720 година го означила почетокот на Реконквистата. По битката, Дон Пелајо бил прогласен за крал на Визиготите. По неговата смрт во 737 година, неговиот наследник Алфонсо I повторно покренал подход против Маврите, напредувајќи кон Ла Риоха и реката Дуеро.

Кон крајот на IX век, западниот дел од т.н. Шпанска марка станал дел од новосоздаденото Кралство Навара кое ги опфаќала Баскија, Памплона и Арагон. Од нејзината десна страна било создадено Грофовија Барселона. Кралство Астрија до 1000 година било поделено помеѓу Кралство Леон и Кралство Кастиља.

Во текот на X век, христијанските кралства само ја шириле својата територија на сметка на Маврите. Астурските кралеви Ордоњо I и Алфонсо III Астурски ја потврдувале својата позиција покрај граицата со Арапите. Во 913 година било создадено Кралство Леон, време кога кралевите на Астурија ја преместиле престолнината од Овиедо во Леон. Во 931 година, грофот Фернан Гонсалес Кастиља ја претворил во грофовија независна од Леон. Во исто време ја добил титулата крал на Кастиља, според многу тврдини (шпански: castillos) кои се наоѓале на овие простори. Во следните години кралството се проширило на сметка на Леон.

Во средината на X век, христијанските земји ги опфаќале Леон, Астурија, Галисија и Кастиља, како и делови од Баскија и Навара. Рамиро II продолжил со проширување на христијанските земји кон југ на сметка на муслиманските Арапи. Во времето на Алфонсо V, на Леон му биле изречени посебни закони, а во исто време се грижел и за останатите делови кои биле освоени. Кастиља благодарение на Фернан Гонсалес кој ја искористил смртта на Рамир II, успеала да ги утврди своите граници и да стане независна. Кастиља настанала на самата граница на Кралство Астурија. Територеијата била населена од Баскијци. До XIII век, Леон и Кастиља на повеќепати биле соединувани и повторно разделувани. Конечно, во 1230 година дошло до последно обединување на Кастиља и Леон, кога Фернандо III од Кастиља го наследил Кралството Кастиља во 1217 година, а во 1230 година го наследува Леон од својот татко Алфонсо IX.

Што се однесува до муслиманскиот свет, сè додека тие останале единствени помеѓу себе, христијаните не можеле ништо да направат туку само да ја чуваат својата територија. Во 1034 година дошло до распаѓање на Кордопскиот халифат, кој бил поделен на повеќе од дваесет мали држави. По опва, христијаните добиле можност за побрзо напредување кон јужниот дел на полуостровот.

Во текот на Реконквистата, голем број на монаси започнале да ја проповедат војната против шпанските муслимани. Еден од најзначајниот поход бил оној на Рајмонд Тулиски од 1085 година. Во текот на XI век, голем дел од христијанските земји на полуостровот припаѓале на двајца кралеви, Алфонсо VI- крал на Кастиља и Леон и Санчу Рамирези- крал на Арагон и Навара. Овие два крала, заедно со француските витези презеле голема офанзива против муслиманските таифи. Во 1085 година, Алфонсо VI го освоил градот Толедо, град кој бил голем културен центар на муслиманскиот5 свет. Во следните години, овие два крала постојано војувале со муслиманите, и постепено ја слабееле нивната држава. Во тоа време, славниот јунак Родриго Дијаз де Вивара, меѓу муслиманите познат како Ел Сид, ја освоил Валенсија. Во меѓувреме, освен војната против муслиманите, постоеле и повремени војни помеѓу самите христијани. Ова значително ја оспорило Реконквистата.

 
La rendición de Granada (1882) од Франсиско Прадила.

Таифите бргу заклучиле дека нивните противници се премногу силни, па затоа стапиле во сојуз со Алморавидите, народ кој владеел со Северна Африка. Со нивна помош, муслиманите ги принудиле на Алфонсо VI да се повлече кон север во градот Ларида и Валенсија. Меѓутоа, многу бргу муслиманскиот сојуз се распаднал, па ова било повод за нов поход кон јужниот дел на полуостровот. Алфонсо I од Арагон и Навада, во 1118 година ја освоил Сарагоса, а грофот на Барселона Рамон Беренгер III ги освоил регионите кои се наоѓале околу Средоземјето, а самиот остров Мајорка го опљачкал. Пои триесе години, Алфонсо VII ги зазел Кордоба и Алмерија. Во 1150 година Рамон Беренгер IV се венчал со Петронила од Арагон, ќерка на Рамир II со кое дошло до обединување на двете кралства.

Во 1125 година, берберското племе Алмохади ја зазела Северна Африка, а Алморавидите биле прогонети. Така, муслиманското население од Пиринејскиот Полуостров ги повикале на помош новите владетели на Северна Африка. Во 1146 година стигнале на полуостровот и ги освоиле сите територии кои претходно ги освоил Алфонсо VII.

Кастиљскиот крал Алфонсо VIII и неговиот вујко Фернандо II од Леон покренале нов поход кон муслиманите. Во 1195 година, во Битката кај Аларкос, војската на Алфонсо VIII доживеала тежок пораз. Во наредните години, и двете години се спремале за одлучувачката битка која се случила на 16 јули 1212 година, позната како Битка кај Лас Навас де Толоса. Во битката, муслиманите претрпиле тежок пораз.

По оваа голема победа, христијанските земји започнале да војуваат меѓусебно. Процесот на Реконквиста продолжил по 1230 година. Фердинанд III, крал на Леон и Кастиља во 1236 година ја зазел Кордоба, а во 1248 и Севиља. Џејми I Арагонски ги освоил Мајорка, Менорка и Валенсија. Последен паднал градот Гранада во 1492 година, под раководство на Католичките кралеви.

Големата повелба

уреди

Во јуни 1215 година англискиот крал Јован под притисок на бунтовничките барони бил принуден да ја потпише Големата повелба за правата (латински: Magna Carta Libertatum). Со неа се ограничела моќта на монархот, а обичните луѓе се стекнале со права, со што започнале да се развиваат идеите за слобода и демократија. Magna Carta во буквален превод значи Голема карта.оваа карта била пример за создаванје на други подобри декларации .од оваа декларациа се создала и универзалната декларација

Стогодишна војна

уреди

Стогодишната војна е името на серија вооружени конфликти помеѓу Англија и Франција кои траеле од 1337 година до 1453 година. Воените судири главно се водиле во Франција.

Првата голема победа на Англичаните се случила во 1340 година. По ова, тие навлегле во северна Франција и веднаш постигнале уште една голема победа наречена Битката кај Креси во 1346 година. Англичаните, кои имале околу 9.000 војници, ги разбиле француските војници кои биле околу 30.000 на број. Главна причина за поразот на Франција се согледува во англиските стрелци со лак, наспроти француската коњаница. По десет години од Битката кај Креси, двете армии повторно одвиле голема битка позната како Битката кај Поатеа. На истиот начин, англиските војски повторно ги поразиле француските витези. Новиот француски крал, Јован II Добриот бил заробен, и останатиот дел од својот живот го поминал во Англија. Негов наследник бил Шарл V, кој раководил до 1380 година. Последиците од Поатеа биле многу тешки за Франција. Во 1358 година избувнало востание во Париз на чело со Етјен Марсел. Во 1360 година французите биле принудени да потпишат договор во Бретини со кој англискиот крал Едвард се откажал од француската корона, но за своја сметка ја добил цела југозападна Франција, места каде претходно се наоѓале англиските територии.

Војните продолжиле во 1369 година кога на чело на француските војски застанал Бертран Дугеклен. Тој направил нова тактика со која од функција ги отфрлил тешковооружените витези и ги заменил со лесни одреди. Ги одбегнувал директните дејства со англиските стрелци и претпочитал партизански начин на војување. Како резултата на тоа, англиското присуство во Франција било повторно сведено само на неколку крајбрежни града. Но настанале нови внатрешни конфликти, како востание во Фландрија поради тешките даноци (1378-1382), како и соперничките конфликти помеѓу Кабошиените и Арманеките.

Во почетокот на XV век, Англија повторно презела нови походи кон Франција. Во 1415 година, Хенри V навлегол во Франција, каде во Битката кај Азенкур се соочил со француската армија. Англичаните, иако биле пет пати помалку на број, сепак ги победиле француските позиции. Нормандија, Пикардија и Париз биле окупирани. Хенри V добил можност и достап до управните органи на Франција и бил признат од страна на многу аристократи за наследник на душевно болниот Шарл VI. Веднаш по ова, Бургундија влегла во сојуз со Англија. Во времето кога Хенри и Карло починале во 1422 година, Арманеките за француски крал го избрале Шарл VII, син на Шарл VI. Од другата страна, новиот англиски крал повторно претендирал за круната. Англичаните го опсадиле Орлеан, кој во тоа време претставувал т.н. врата кон јужна Франција. Во 1429 година се настапила Јованка Орлеанка, седумнаесет годишна девојка која го убедувала француското население да се приклучи кон француската војска. Под нејзино раководство, тие го ослободиле Орлеан. Така, во 1429 година, Шарл VII бил прогласен за крал. Во 1431 година, Јованка Орлеанка била заробена од страна на бургундите и била предадена на англичаните, а по ова таа била осудена за ерес од страна на религиозниот суд на Англија и изгорена како вештерка.

И покрај тоа, подемот на Франција продолжил. Во 1436 година, Французите го зазеле Париз и Шарл VII ја добил титулата “Победник“. Тогаш тој ги поставил ѝ основите на обединетата француска монархија, со издавање на документот Прагматична санкција во 1438 година. Со него, тој создал самостојна француска црква која била подчинета на кралот, го вовел основниот данок таил, формирал постојана и платена војска. Последните војни помеѓу англичаните и французите биле во периодот од 1449 година до 1453 година и се одвивале во Нормандија и Аквитанија. Во тие битки биле вратени Руан и Бордо. Со победата на французите во Битката кај Кастион во 1453 година, англичаните се повлекле без да потпишат мировен договор. Оваа година се смета за крај на Стогодишната војна. По ова, само крадот Кале останал под англиска власт, сè до 1558 година.

Ренесанса

уреди

Ренесансата се смета за историско доба помеѓу средниот век и реформацијата.

Според вообичаениот опис, италијанската ренесанса од XV век, ширејќи се низ западна Европа, претставувала повторно поврзување на западот со класичната антика, преземањето на знаења—особено математика—од арапски, враќањето на експериментализмот, придавањето важност на квалитетот животот во сегашноста (како на пр. Ренесансен хуманизам), експлозијата на знаење како релузтат на изумувањето на печатарството и создавањето на новите техники во уметността, поезијата и архитектурата кои довеле до радикални промени во стилот и содржината на уметностите и книжевноста. Во овој период трговијата и истражувањата исто така земаат замав. Италијанската ренесанса често се смета за почетокот на „новиот век“.

Протестантска реформација

уреди

Во почетокот на XVI век, се создало движење против католичката црква коешто го започнал германскиот свештеник Мартин Лутер и Улрих Цвингли во 1517 година. Лутер се противел на политиката на папата на продавање проштални писма за гревовите, наречени индулгенции, како и на некои теолошки сфаќања на католичката црква. Повод за почеток на борбата за реформа на католичката црква било повторното продавање на индулгенции, наводно за прибирање средства за доградба на Базиликата Свети Петар во Рим. Во 1517 година на вратата на Витембершката црква ги истакнал своите "95 тези", според кои тој барал Евангелието да биде основен извор на христијанската вера, црквата да биде скромна, да нема многу празници, црковните обреди да се изведуваат на народен јазик, а не на латински (ја превел Библијата), свештениците да се свртат кон народот а не кон трупање на богатство, и да им се даде право на женидба. Движењето било наречено "Лутеранство", според неговото име. За истапувањето на Лутер против Католичката црква и против папата се расчуло низ цела Германија и тој стекнал многу приврзаници од сите слоеви на населението. Но за неговото истапување разбрал и Римскиот Папа и веднаш јавно го осудил неговото учење како Ерес и побарал Лутер да се откаже од 95-те тези.

Лутер го одбил барањето, а Папата со папска була (писмо) го исклучил од Католичката црква. Лутер не се уплашил од заканите на Папата, и јавно ја изгорел папската була на плоштад, како резултат на што дошло до раскнување на врските меѓу Лутер и Папата. Учењето на Лутер брзо се ширело низ цела Германија опфаќајки ги сите слоеви на општеството. Преку реформа на црквата богатото граѓанство барало евтин а црква која би ги штитела нивните интереси, кнезовите барале одземање на имотите на Католичката црква, и таа да биде потчинета, а селаните и сиромашните граѓани барале освен црковна и реформа во општеството, да се ослободат од феудалната експлоатација. Меѓутоа реформацијата имала и свои противници. Освен папата, еден дел од благородништвото на чело со императорот не го прифатиле учењето на Лутер. На соборот во Вормс 1521 г. тоа било забрането, а Лутер бил прогонет. Тој се засолнал кај германските кнезови кои биле приврзаници на реформацијата.

Големите географски откритија

уреди

Големите географски откритија (познати и како ера на проучување) претставуваат период од човечката историја кој започнал во XV век и продолжил сѐ до XVII век. Овој период се одликува со големи проучувања на океаните со цел барање на трговски партнери, со воспоставување на европски колонии во откриените земји и најважно со доминација на европските држави на светските мориња. Најбарани стоки на европските пазари биле златото, среброто, свилата и различни зачини. Сето ова било иницирано од развојот на науаката во периодот на ренесансата. Тоа овозможило еврпските држави да конструираат нови и поиздржливи бродови кои можеле да пловат и по мориња кои биле многу потешки за пловидба од Средоземното. Од друга страна, пак, напредокот во астрономијата и географијата овозможил полесна навигација низ морињата.

Меѓу најпознатите морепловци и истражувачи од тоа време се Кристофер Колумбо, Васко де Гама, Педро Алварес Кабрал, Џон Кабот, Фернандо Магелан и други. Новите типови на бродови кои во овој период биле конструирани од страна на Португалија биле од типот карак и каравела. Тоа биле првите бродови кои можеле слободно да патуваат и низ Средоземно Море и низ Балтичко Море и низ Атлантскиот Океан. Големите географски откритија дополнително придонеле врз развојот на науката и врз појават на нови идеи во времето на ренесансата. Тие дополнително влијаеле врз напредокот во картографијата, навигацијата и бродоградбата. Новото мислење дека Земјата има кружна форма ги натерало морепловците да започнат со својата пловидба кон исток, за еден ден да се вратат кон истата точка од запад.

Просветителство

уреди

Просветителството е духовно движење кое започнало некаде на крајот од XVII век. Ова движење имало влијание што се чувствувало и во XIX век. Целта на просветителството, како што и самиот збор кажува, е расветлување на тајните кои отсекогаш биле догма за човештвото. Тоа навлегло во речиси сите области на културата и духот. Носител на идеите на просветителството била граѓанската класа, која почнала да се еманципира уште во ренесансата. Токму затоа литературата во просветителството е антирелигиозна и антифеудална. Во услови кога апсолутизмот на владетелите во Европа со помошта на црквата ги потенцира класните антагонизми, граѓанската класа со својата материјална моќ и со интелектуалната супериорност се чувствувала повикана да го смени светот. Во литературата од овој период доминираат граѓански теми, додека класицизмот инсистира на литература која ќе го опише животот на дворот, односно аристократијата.

XIX век

уреди

Индустриска револуција

уреди

Индустриската револуција претставува периодот од крајот на XVIII век до почетокот на XIX век, кога се случиле големи промени во земјоделството, производството и транспортот, што имало голем ефект врз социоекономските и културни услови во Британија. Промените последователно се прошириле во Европа, Северна Америка, и евентуално низ целиот свет. Почетокот на Индустриската револуција означил голем пресврт во човечкото општество; речиси сите аспекти од секојдневниот живот биле променети на некој начин.

Француска револуција

уреди

Француската револуција е движење што ја потресила Франција меѓу 1789–1799 и претставува период на голема политичка и општествена промена во француската политичката историја, но и на Европа во целина. Во неа, француската структура на власта, претходно апсолутна монархија со феудални привилегии за аристократијата и католичкото свештенство, претрпела радикална промена во форми инспирирани од просветителските идеали на република, граѓанство и неотуѓиви права. Овие промени биле проследени со насилни немири, вклучувајќи и масовни погубувања и репресија за време на таканареченото Владеење на Теророт, како и со француските револуционерни војни, кои ќе зафатат голем дел од континентална Европа, со создавање на краткотрајни француски клиентски држави (сестрински држави) и менување на европските граници.

Обединување на Италија

уреди

Кримска војна

уреди

Кримската војна започнала во 1853 година а завршила во 1856 година. Оваа војна се водела помеѓу Русија од една страна и Велика Британија, Франција, Кралство Пијемонт и Османлиското Царство од друга страна. Војната била започната од страна на Русија, позната како една од руско-турските војни за господарство на Блискиот Исток. Со парискиот договор, влијанието на Дунав било пренесено на сите големи сили како целина, било забрането влегување во Црно Море на воени бродови. Исто така големите сили се обврзиле дека ќе ја почитуваат независноста и територијалниот интегритет на Османлиското Царство. Самиот париски мировен договор бил срушен кога Франција била поразена од страна на Прусија. Русија тоа го искористила најмногу, Русија повторно ја формирала својата флота на Црно Море.

Француско-пруска војна

уреди

Империјализам

уреди

Империјализам претставува стремеж за господарење над други народи, освојување и подјармување на други земји. Тоа е политичко однесување на една држава, кое претставува начин на вршење контрола или влијание врз странски ентитет со намера да се придобие или одржува како империја. Ова може да се врши преку директно територијално освојување или населување, или пак, преку индиректни методи на влијание врз политиката и економијата на одредени области.

Османлиско Царство

уреди

Османлиското Царство е мулти-етничка држава што постоела во периодот од 1299 до 1923 година. Таа е една од најголемите империи што било кога владееле со границите на Средоземното Море. Во својот зенит, таа се простирала на Анадолија, Блискиот Исток, делови од Северна Африка и југоисточна Европа. Била основана од племето на Турците Огуз во западна Анадолија, а на нејзино чело стоела Османската (или Отоманската) династија. Османската династија започнува од Осман I (неброејќи го неговиот татко Ертугрул), иако како династија не била прогласена сѐ до 1383 година кога Мурат I се самопрогласил за султан. До тогаш, владетелите се нарекувале бегови или поглавари. Според династијата, и народот се нарекувал Турци-Османлии. Османлиското Царство своето име го добила по својот основач, првиот султан Осман I. На турски јазик, Осман се вика Отоман (Uthmān) од каде иде и називот Отоманско Царство. Оваа империја постоела во периодот помеѓу 1299 година до 1923 година,кога била прогласена за република како Република Турција, [3] или вкупно 624 години. Во дипломатијата, многу често била нарекувана и Висока Порта или само Порта, кое води потекло од францускиот превод за зборот Баб'и'али (турски: Bâb-i-âlî) кое значи “висока капија“, според интегрирањето на империјата од Европа во Азија.

Хабсбуршко Царство

уреди

Руска Империја

уреди

Руската Империја произлегла од моќната средновековна држава Московија (Московска рус), владеена од наследниците на Иван IV како цареви. Иако империјата била официјално прогласена во 1721 г. од страна на цар Петар I, таа навистина се родила кога Петар станал цар во 1682. Петар бил згаден од назадноста на неговата земја, и затоа, пред да го заземе престолот, тој патувал по Европа, работејќи разни работи и занимања за да стекне искуство, како би можел да ја осовремени Московија. По војната на Балтикот во раните 1700-ти, Петар се зацврстил на крајбрежјето, и го основал градот кој ќе биде престолнина на државата во следните 200 години, Санкт Петербург. До крајот на XIX век империјата зафаќала површина од 22,400,000 км2 (речиси 1/6 од копнената површина на светот); во тоа време нејзиниот единствен соперник била Британската Империја. Меѓутоа во тоа време, најголемиот дел од населението живеело во европска Русија. Во Руската Империја живееле повеќе од 100 различни етнички групи, со тоа што русите биле мнозинство, со околу 45% од населението.

Руската Империја била наследна апсолутна монархија на чие чело стоел автократскиот император (царот) од династијата Романови. Руското православие била официјална државна религија која била контролирана од царот преку Светиот Синод. Поданиците на Руската Империја биле поделени цо сословја, или општествени класи како благородништво(дворјанство), свештенство, трговци, козаци и селани. Сибирските и централноазиските народи биле официјално регисрирани како инородци (несловени, буквално: „луѓе со друго потекло“). Малиот државен печат на Руската Империја

По падот на монархијата по Февруарската револуција во 1917 год, Русија била прогласена за република од страна на Привремената влада.

Француско Царство

уреди

Британска Империја

уреди

Британската Империја била најраспространетото царство во историјата на светот. Настанала во XVI век и траела сѐ до втората половина на XX век. Во 1921 година, помеѓу 470 и 570 милиони луѓе живееле во царството, односно една четвртина од тогашното население во светот.

Холандско Царство

уреди

1914-1991

уреди

Прва светска војна

уреди

Првата светска војна е светски конфликт што се одвива од 1914 до 1918 година и започнува во Европа. Првата светска војна претставува одлучувачко раскрстување со Стариот Светски поредок, обележувајќи ја пропаста на апсолутистичката монархија во Европа. Војната ќе се покаже како катализатор за Руската револуција која понатаму ќе инспирира револуции во земји како Кина и Куба и ќе ја постави основата за Студената војна меѓу Советскиот Сојуз и Соединетите Американски Држави. Поразот на Германија во војната и неуспехот да се решат некои од причините за Големата војна поставуваат основа за раст на националниот социјализам и неговиот конечен резултат - избувнувањето на Втората светска војна во 1939 година. Војната исто така на големо ја зголемува употребата на масовна индустријализација како база за нова форма на војување што се потпира целосно на технологија и вовлекува цивили како никогаш порано. Прва светска војна станува позната како рововска војна, каде што голем број на војници се врзани за рововите и не можат да се движат многу заради напнатоста на одбраната. Ова е посебно вистинито за Западниот Фронт. Преку 9 милиони луѓе умираат на бојното поле и уште приближно толку на домашниот фронт како последица на недостаток на храна, геноцид и битка на земја.

Руска револуција

уреди

Февруарска револуција

уреди

Октомвриска револуција

уреди

Октомвриската револуција (позната и како Болшевичка револуција) е втората фаза на Руската револуција од 1917. Првата фаза на Руската револуција започна со Февруарската револуција во истата година. Револуцијата ја кренаа руските болшевици на чело со Владимир Ленин и Лав Троцки. На почетокот, овој настан се нарекуваше Октомвриско востание или Востанието од 25-ти, на пример, во првите изданија на севкупните дела на Ленин. Неговиот официјален назив, Голема октомвриска социјалистичка револуција потекнува од прославата на 10-годишнината од револуцијата во 1927. Резултатот од револуцијата беше воведување на еднопартиска власт на комунистите и реорганизација на претходното Руско царство во Сојуз на Советските Социјалистички Републики.

Версајски договор

уреди

Големата криза од 1929 г.

уреди

Големата криза била драматичен светски економски пад којшто ги зафатил речиси сите западноевропски и северноамерикански држави. Почетокот на Големата криза се поврзува со падот на берзата во Њујорк на 29 октомври 1929 година, познат како Црн вторник. Кризата имала уништувачки ефекти и во индустриските земји како и во оние кои извезувале суровини за нив. Меѓународната трговија стрмоглаво опаднала, како и личните примања, даночните приходи, цените и профитот. Големите градови низ целиот свет биле особено погодени, особено оние со развиена тешка индустрија. Градежништвото речиси запрело во многу земји. Земјоделството настрадало поради падот на цените на производите од 40%-60%. Соочувајќи се со опаѓачка побарувачка и без многу алтернативни извори на работа, областите на примарната индустрија (земјоделство, рударство, шумарство и сл.) настрадале исто така.

Големата криза завршила во различни земји во различно време: дното на кризата било во раните 1930-ти, а опоравувањето почнало да се чувствува после 1935, а некаде и подоцна. Во многу земји биле развиени државни програми за помош, а речиси во сите земји настанале политички пресврти како резултат на општото незадоволство. Очајните граѓани често се свртувале кон радикалните политички опции - леви или десни, и национални демагози како што биле Адолф Хитлер во Германија и Бенито Мусолини во Италија, што било и вовед во Втората светска војна во 1939.

Втора светска војна

уреди

Втората светска војна е глобален вооружен конфликт што почнал на 7 јули 1937 година во Азија, и на 1 септември 1939 во Европа и траел до 8 мај 1945 во Европа со капитулацијата на Германија , а до 15 август 1945 во Азија со капитулацијата на Јапонија. Втората светска војна ги зафатила мнозинството на земји во светот на секој населен континент. Речиси сите земји што биле вклучени во Првата светска војна биле инволвирани и во Втората светска војна. Таа е најголемиот и најскапиот вооружен конфликт во светската историја.

Се претпоставува дека до 1945 година околу 57 милион луѓе загинале во војната, вклучувајќи геноцид како што е Холокаустот. Втората светска војна е пример за тотална војна, каде што се вклучени и фронтот и бомбардирањето на цивили. Атомската бомба, млазниот авион и радарот се само некои од изумите за време на војната.

Поствоена Европа била поделена на Западна и Советска сфера на влијание. Првата доживеала економска реконструкција преку Маршаловиот план, додека пак источните земји станале сателити на СССР. Во воена смисла, Западна Европа, во најголем дел била инкорпорирана во НАТО, а Источна Европа во Варшавскиот пакт, сојузи меѓу кои се водела подоцна Студената војна. Во Азија, американската воена окупација на Јапонија довела до нејзина вестернизација, додека пак Кина била поделена на комунистичка Народна Република Кина и националистичка Република Кина (Тајван) по кинеската социјалистичка револуција во 1949.

Студена војна

уреди

Студената војна бил период на конфликти, тензија и натпревар помеѓу САД и СССР и нивните сојузници од времето по Втората светска војна до раните 1990-ти. Во текот на овој период, соперништвото помеѓу двете велесили се одвивало на повеќе полиња: воени сојузи, идеологија, психологија, шпиунажа, технолошка надмоќ, освојување на вселената, огромни трошоци за одбрана, огромни конвенционални и јадрени воени потенцијали, и многу посредни војни. Иако никогаш не дошло до директен воен судир меѓу двете велесили САД и СССР, во текот на половина век постојано се зголемувале воените сили и политичките борби за поддршка ширум светот, при што и обете страни настојувале да ја обезбедат поддршката од останатите земји. Така во еден период, речиси сите земји во светот биле или сојузници, или поддржувачи на една од двете велесили. Неколкупати доаѓало до тензии кои се заканувале да прераснат во нова светска војна: Блокадата на Берлин во (1948-49.), Корејската војна (1950-53.), Виетнамската војна (1959-75.), Кубанската криза со јадрени проектили (1962.) и Советско-Авганистанската војна (1979-89.).

Студената војна завршила во доцните 1980-ти, кога претседателите Михаил Горбачов од СССР и Роналд Реган од САД одржале низа состаноци на кои постигнале договор за меѓусебна толеранција, намалување на воените потенцијали и прекинување на непријателствата.

НАТО

уреди

Северноатлантската Алијанса е мегународна безбедносна организација која била создадена со потпишувањето на североатланскиот договор на 4 април 1949 година. Седиштето на НАТО се наоѓа во Брисел, Белгија и организацијата претставува систем за колективна одбрана со кој нејзините држави членки се обврзуваат за заедничка одбрана во одговор за напад од надворешни лица.

Во првите неколку години, НАТО претставувал еден вид обична политичка асоцијација. Првиот генерален секретар на НАТО е Хастингс Исмеј, кој изјавил дека “целта на организацијата е одбрана од СССР, под раководство на САД и во мегувреме да не се дозволи повторното воздигање на Германија[6]. Како резултат на ова, Франција во 1966 година се повлекла од пактот. Со паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година, главната цел на алијансата станала придобивање на земјите кои претходно се наоѓале под влијание на т.н. Источен блог, односно поранешните членки на Варшавскиот договор.

Европска Унија

уреди

Европската Унија е наднационална и меѓувладина унија (заедница) на 27 демократски земји-членки. Европската Унија е најголемата конфедерација на независни држави во светот, основана под ова име во 1992 со Договорот за Европска Унија (Мастришкиот договор). Активностите на ЕУ ги покриваат сите области на јавната политика, од здравството и економската политика до надворешната политика и одбраната. Сепак, опсегот на нејзините овластувања многу се разликува во зависност од дадената област. Клучна активност на ЕУ е основањето и управувањето со заедничкиот единствен пазар, кој се состои од царинска унија, единствена валута (која е усвоена од 12 од 27-те земји членки), заедничка аграрна политика и заедничка рибарска политика. Најважни институции на ЕУ се Советот на Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент и Европскиот суд на правдата.

Наводи

уреди

Предлошка:Навод

  1. "Macedonia" - Britannica 2006
  2. Gibbon (1906), III, 168  PDF (2.35 MiB)
  3. Esler (2000), 1081
  4. Bury (1923), 163
  5. Riley-Smith, Jonathan. The Oxford History of the Crusades New York: Oxford University Press, 1999. ISBN 0-19-285364-3.
  6. Reynolds, The origins of the Cold War in Europe. International perspectives, p.13