Кралство Навара
Кралството Навара (шпански: Reino de Navarra, баскиски: Nafarroako Erresuma, француски: Royaume de Navarre) — кралство на Пиринејскиот Полуостров кое првобитно се нарекувало Кралство Памплона. Кралството ги опфаќало териториите на двете страни од Пиринеите по брегот на Атлантикот.
Кралство Навара Reino de Navarra Nafarroako Erresuma | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
824–1620 | |||||||||||
Главен град | Памплона | ||||||||||
Говорени јазици | Баскиски јазик, Шпански јазик | ||||||||||
Вероисповед | христијанство (Римокатоличка) | ||||||||||
Уредување | Монархија | ||||||||||
Историски период | среден век | ||||||||||
• против Франките | 824 | ||||||||||
• Името променето од Памплона во Навара | 1004 | ||||||||||
• Шпанско освојување на Навара | 1522 | ||||||||||
• Унија со Франција | 1589 | ||||||||||
• Престанала да постои | 1620 | ||||||||||
|
Кралството било формирано кога локалниот Баскиски водач Ињиго Ариста бил избран или прогласен за крал на Памплона, веројатно во 824 година, и предводел бунт против регионалните власти на Франките.
Во средниот век, кралството повеќепати војувало со соседните Арагон, Кастиља и Франција. Навара имала стратешка важност како патен премин помеѓу Франција и Пиринејскиот Полуостров. Поради војни, бракови и наследства со соседните земји, круната често преоѓала на Арагон, Кастиља или Франција.
Во 1513 година јужниот дел на Кралството Навара бил преземен од Кралството Кастиља, и така станало дел од обединетото Кралство Шпанија. Денес овој дел од кралството Навара е всушност територијата на областа Баскија во Шпанија.
Северниот дел на кралството останал независен, но се здружил со Франција преку личен сојуз кога во 1589 година кралот Анри III од Навара го наследил францускиот престол како Анри IV од Франција. Анри IV бил првиот крал од династијата на Бурбоните во Франција. Неговиот син, Луј XIII во 1620 година го споил кралството Навара со кралството Франција, но бурбонските кралеви ја задржале титулата „крал на Франција и на Навара“ сѐ до последниот од династијата, кралот Шарл X во 1830 година.
Кралството Навара било приврзано со католицизмот, имало сопствени институции сѐ до крајот на 19 век, вклучувајќи парламент, врховен суд, кралски совет и др. Шпанскиот монарх бил претставен од поткрал.