Алмерија
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Алмерија е пристаништен град во автономните заедници на Андалузијанците и главен град на покраината Алмерија во јужна Шпанија и се наоѓа во широкиот средоземен залив. Алмерија потсетува на северноафриканските градови: има тесни улици, стари бели куќи, градини и алеи на палми. Исто така е и главен град на истоимената покраина.
Алмерија | |
---|---|
![]() | |
Население (2018) | |
• Вкупно | 196,851[1] |
ГеографијаУреди
Градските кварти на овој средоземен град многу се разликуваат. На запад живеат Роми, особено во квартот Ла Чанка, во многу лоши услови, делумно во пештери. Во останатите проблематични кварти на запад на градот изразена е дрога и проституција, а остатокот од градот е релативно мирен со исклучок на мал криминал.
КлимаУреди
Алмерија е град со највеќе сончеви часа во година во Шпанија, скоро околу 3.000. Годишна просечна температура е околу 18ºС, 19ºС, а во зима температурарата на водата е поголема од температурата на ваздухот. Честпати дува силен ветер.
ИсторијаУреди
Името на градот е изведено од арапски јазик и значи огледало на море. Алмерија ја основал Абд ар-Рахман III во 955 година како главно пристаниште на своето големо царство. Во 1489 година го освоиле каталонските владетели Фердинанд и Изабела во времето на реконкиста. 16 век за Алмерија бил век на големи природни непогоди. Градот доживеал најмалку четири земјотреси од кои оној во 1522 бил најсилен. Освен тоа, во секој век имало редовни напади од страна на Пиратите кои се задржале сè до XVIII век. Тогаш луѓето кои живееле на брегот претежно биле одведувани во ропство.
НаселениеУреди
Според проценките, во градот во 2008 живееле 187.521 жител. [2]
КултураУреди
Голем дел од градот е уништен во 16 век, така да Алмерија нема некоја особена културна значајност. Универзитетот на градот со помош на европските донации бил основан во 1993 година со комплет нова опрема. Алмерија има многу студенти (околу 15.000) кои претежно живеат во квартовите на исток и во центрот на градот.
СтопанствоУреди
Во стопански поглед градот долго заостанувал. Пристаништето на градот Алмерија е значајно за извоз на различни производи од покраината, како и на минералните производи од Сиера де Аламиља.
Партнерски градовиУреди
НаводиУреди
„Алмерија“ на Ризницата ? |
- ↑ Општински регистар на Шпанија 2018 - Национален статистички институт
- ↑ „Становништво по општинама“. Државни завод за статистику. Архивирано од изворникот на 2013-12-08. Посетено на 3 октомври 2012.