12 век п.н.е.
век
(Пренасочено од XII век п.н.е.)
< 13 век п.н.е. | 12 век п.н.е. | 11 век п.н.е. > | |||||||
100 | 99 | 98 | 97 | 96 | 95 | 94 | 93 | 92 | 91 |
90 | 89 | 88 | 87 | 86 | 85 | 84 | 83 | 82 | 81 |
80 | 79 | 78 | 77 | 76 | 75 | 74 | 73 | 72 | 71 |
70 | 69 | 68 | 67 | 66 | 65 | 64 | 63 | 62 | 61 |
60 | 59 | 58 | 57 | 56 | 55 | 54 | 53 | 52 | 51 |
50 | 49 | 48 | 47 | 46 | 45 | 44 | 43 | 42 | 41 |
40 | 39 | 38 | 37 | 36 | 35 | 34 | 33 | 32 | 31 |
30 | 29 | 28 | 27 | 26 | 25 | 24 | 23 | 22 | 21 |
20 | 19 | 18 | 17 | 16 | 15 | 14 | 13 | 12 | 11 |
10 | 9 | 8 | 7 | 6 | 5 | 4 | 3 | 2 | 1 |
12 век пред нашата ера (п.н.е.) — век кој започнал на 1 јануари 1200 г. п.н.е. и завршил на 31 декември 1101 г. п.н.е.
Историчарите сметаат дека во овој век почнало пропаѓањето на Доцното бронзено доба на територијата на древниот Близок Исток и источното Средоземје.[1]
Настани
уреди- 1200 п.н.е.: Првата цивилизација во Централна и Северна Америка се развивала околу 1200 п.н.е. во крајбрежните региони на јужниот дел на Мексиканскиот Залив. Била позната како Олмечка цивилизација, а нивната рана локација била во Сан Лоренцо.
- 1200 п.н.е.: Феникијците го основале пристаништето Лисабон во Португалија.
- 1197 п.н.е.: Во овој период бил Почетокот на првиот период (1197 г. п.н.е. - 982 г. п.н.е.) според Книгата на промените на кинескиот историчар и филозоф Шао Јун.
- 1197 п.н.е.: Рамзес III од Египет ги отфрлил нападите од северните освојувачи – народите од морето.
- 1194 п.н.е.: Започнала легендарната Тројанска војна.
- 1192 п.н.е.: Починал Ву Дин, кралот на династијата Шанг.
- 1191 п.н.е.: Менестеј, легендарниот крал на Атина, починал за време на Тројанската војна, по 23 години владеење, а неговиот наследник бил внукот Демофон, син на Тезеј. Според други извори тој починал една деценија подоцна, кратко време по Тројанската војна.
- 1186 п.н.е.: Крајот на 19-та династија во Египет, почетокот на 20-тата династија.
- 24 април 1184 п.н.е.: Традиционален датум на падот на Троја во рацете на Микејците и нивните сојузници. Ова го означил крајот на Тројанската војна во старогрчката митологија.
- 1181 п.н.е.: Менестеј, легендарниот крал на Атина и ветеран од Тројанската војна, починал по 23 години на владеење, а неговиот наследник бил внукот Демофон, синот на Тезеј. Според други извори тој починал една деценија порано, во текот на Тројанската војна.
- 1180 п.н.е.: Последниот крал на Касите, Анлил-надин-ахе, бил поразен од Еламите.
- 1180 п.н.е.: Моќта на Хетитите во Анадолија опаднала со уништување на нивниот главен град Хатуша.
- 16 април,1178 п.н.е.: Затемнување на сонцето го одбележило враќањето на Одисеј, легендарниот крал на Итака, во неговото кралство, по Тројанската војна. Тој наишол на голем број додворувачи кои се натпреварувале за раката на неговата сопруга Пенелопа, организирал нивно убиство и се вратил на престолот.
- 1160 п.н.е.: Фараонот Рамзес V умрел од големи сипаници.
- 1159 п.н.е.: Хекла 3 ерупцијата се смета дека била најголемата ерупција на вулканот Хекла на Исланд за време на Холоценот со показател на вулканска избувност (VEI) од 5-ти степен и предизвикал 18-годишен период на климатско влошување.
- 1155 п.н.е.: Починал фараонот Рамзес III.
- 1154 п.н.е.: Смрт на кралот Менелај од Спарта (проценет датум).
- 1154 п.н.е.: Смрт на прогонетата кралица Елена Тројанска на Родос. (проценет датум).
- околу 1150 п.н.е.: Крај на египетското владеење во Ханан.
- 1147 п.н.е.: Демофонт, легендарниот крал на Атина и ветеран од Тројанската војна, починал по 33 години владеење и бил наследен од неговиот син Оксинт.
- 1137 п.н.е.: Рамзес VII го започнал своето владеење како шести владетел на 20-та династија во Египет.
- 1135 п.н.е.: Оксинт, легендарниот крал на Атина, починал по 12 години владеење и бил наследен од неговиот постар син Афидант.
- 1134 п.н.е.: Афидант, легендарниот крал на Атина, бил убиен и наследен од неговиот помлад брат Тимет, по владеење од една година.
- 1126 п.н.е.: Набукодоносор I станал крал на Вавилон.
- 1126 п.н.е.: Тимет, легендарниот крал на Атина, починал без деца по 8 години владеење. Тој го назначил за наследник Мелант од Пилос, кој бил потомок на Нелеј во петта генерација, а кој наводно му помогнал во борбата против Беотанците.
- 1122 п.н.е.: Легендарниот датум за основање на градот Пјонгјанг.
- 1120 п.н.е.: Разорување на Троја.
- 1115 п.н.е.: Тиглат-Пилесар I станал крал на Асирија.
- 1110 п.н.е.: Кадис (Гадир), град во југозападна Шпанија, бил основан од страна на Феникијците.
- 1100 п.н.е.: Тиглат-Пилесер I од Асирија ги покорил Хетитите.
- околу 1100 п.н.е.: Дорците наводно ја нападнале Грција.
- околу 1100 п.н.е.: Почеток на правиланованска култура во северна Италија.
- околу 1100 п.н.е.: Крај на Микенската цивилизација. Почеток на грчкиот мрачен век.
- околу 1100 п.н.е.: Завршил периодот на Новото кралство во Египет.
- Еламите ги опљачкале уметнички богатства на Месопотамија и ги однеле во Суза.
Личности
уреди- Ахил, грчки херој од Тројанската војна.
- Аменмес, фараон од 19-та династија на Египет (1202 - 1199 г. п.н.е.).
Откритија
уреди- Во овој век Феникијците ја создале азбуката.
Наводи
уреди- ↑ Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzić, Rad. стр. 10–95.