Битка кај Гранада

Битката кај Гранада — битка одиграна на 2 јануари 1492 година помеѓу христијанските сојузници предводени од Кралство Арагон и Кралство Кастиља од една страна и Гранадскиот Емират од друга страна, предводени од Мухамед XII од Гранада. Градот на поверќе пати бил ставен во опсада од страна на христијаните, но без успех. Така, христијаните конечно во 1492 година успеале да го заземат градот. Ова означувало крај на маварското владеење и распаѓање на ел-Андалус по скоро 780 години од една страна, и обединување на двете христијански кралства во една држава под името Шпанија.

Битка кај Гранада
Дел од Реконквистата

Капитуација на Гранада, од Франсиско Прадила, 1882 година
Датум 2 јануари 1492
Место Гранада, Шпанија
Исход Победа на христијнските сојузници
Завојувани страни
Кралство Арагон
Кралство Кастиља
Гранадски Емират
Команданти и водачи
Фердинанд II од Арагон
Изабела I Кастиљска
Мухамед XII од Гранада
Сила
100,000[се бара извор] 30,000[се бара извор]
Жртви и загуби
3,000 мртви или повредени [се бара извор] 1,000 мртви, повредени или заробени [се бара извор]