Британска Империја

Британското Царство (англиски: British Empire) опфаќало доминиони, колонии, протекторати и други колонии кои биле под власт на Обединетото Кралство. Настанало од прекуморските колонии и трговските места кои ги развила Англија во доцните години од 16 и 17 век. Во своите најдобри времиња во 19 и почетокот на 20 век, Британското Царство било најголемото царство во историјата и најголема светска сила повеќе од еден век.[1] До 1913 година во Британското Царство живееле 412 милиони жители, 23% од светското население во тоа време, [2] и до 1920 година, покривало 35,5 милиони квардатни километри,[3] &1000000000000002400000024 проценти од вкупната површина на Земјата. Како резултат на тоа, неговото уставно, правно, јазично и културно наследство е широко распространето. На врвот на својата моќ, тоа било опишано како „царство каде сонцето никогаш не заоѓа“,(на англиски: The sun never sets on the British Empire) бидејќи имало толку многу територии кои биле под негово владеење, па на некоја од нив секогаш било сончево.[4]


Британско Царство
Знаме Грб
Делови од светот што некогаш припаѓале на Британското Царство. Денешните британски прекуморски територии се потцртани со црвено.
Делови од светот што некогаш припаѓале на Британското Царство. Денешните британски прекуморски територии се потцртани со црвено.
Делови од светот што некогаш припаѓале на Британското Царство. Денешните британски прекуморски територии се потцртани со црвено.

За време на Големите географски откритија во 15 и 16 век, Португалија и Шпанија ги започнале европските истражувања на светот и во текот на тој процес основале големи прекуморски царства. Англија, Франција и Холандија им завидувале на овие царства бидејќи биле многу богати и затоа започнале да основаат свои колонии и трговски мрежи во Америка и Азија.[5]Заедно со формалната контрола што Британија ја вршела врз своите колонии, нејзината доминација на поголемиот дел од светската трговија и на нејзините океани, значело дека таа ефективно ги контролира економиите на и лесно ги спроведува своите интереси во многу региони, како што се Азија и Латинска Америка.[6] Во 17 и 18 век, Англија водела низа војни со Холандија и Франција кои (Британија по Актот на Унијата со Шкотска од 1707 година) ја направиле Англија доминантна колониска сила во Северна Америка и Индија. Губењето на Тринаесетте Колонии во Северна Америка во 1783 година, по војната за независност, ја лишило Британија од една од нејзините најстари и најнаселени колонии. Вниманието на Британија наскоро се насочило кон Африка, Азија и Тихиот Океан. По поразот на Наполеонска Франција во 1815 година, за Британија настапила скоро неприкосновена доминација која траела еден век и таа го проширила своето кралско влијание низ целиот свет. Значителен степен на автономија добиле нејзините колонии кои биле населени од белци, а некои од нив биле претворени во доминиони.

Растот на Германија и на Соединетите Американски Држави, до 19-тот век, го намалиле економското влијание на Британија. Како последица од тоа воените и економски тензии помеѓу Британија и Германија се претвориле во една од најголемите причини за Првата светска војна, за време на која Британија во голема мера се потпрела на своето царство. Судирот ѝ предизвикал на Британија големи финансиски тешкотии и иако Британија своето најголемо територијално проширување го постигнала непосредно по војната, сепак повеќе не била најголема економска и воена сила. За време на Втората светска војна британските колонии во Југоисточна Азија биле окупирани од страна на Јапонија, со што британскиот престиж бил нарушен и се забрзал падот на царството, и покрај победата на Британија и нејзините острови. Индија, највредната и најнаселената колонија на Британија добила независност две години по завршувањето на војната.

Во Втората светска војна, британските колонии во Источна Азија и Југоисточна Азија биле окупирани од Јапонското Царство. И покрај конечната победа на Британија и нејзините сојузници, штетата на британскиот престиж и британската економија помогнале да се забрза падот на царството. Индија, највредното и најнаселеното владение на Британија, постигнала независност во 1947 година како дел од поголемото движење за деколонизација, во кое Британија им додели независност на повеќето територии на царството. Суецката криза од 1956 година го потврдило падот на Британија како глобална сила, а предавањето на Хонгконг на Кина на 1 јули 1997 година за многумина го симболизира крајот на Британското Царство[7] иако четиринаесет прекуокеански територии кои се остатоци од царството остануваат под британскиот суверенитет. По независноста, многу поранешни британски колонии, заедно со повеќето доминации, се приклучиле на Комонвелтот на нациите, слободно здружение на независни држави. Петнаесет од нив, вклучително и Обединетото Кралство, го задржуваат истото лице како монарх, моментално кралот Чарлс III.

Почетоци (1497-1583 година)

уреди
 
Реплика на Матеј, бродот на Џон Кабот кој бил употребен за неговото втото патување во Новиот Свет во 1497 година

Британското Царство било основано во времето кога Англија и Шкотска биле одделни кралства. Во 1496 година кралот Хенри VI, по успехот на Шпанија и Португалија во прекуморските истражувања, го назначил Џон Кабот за водач на патување на кое требало да се открие пат до Азија преку Атлантикот.[8] Кабот започнал со пловидба во 1497 година, пет години по откривањето на Америка, и иако тој успешно се закотвил на брегот на Њуфаундленд (грешно верувајќи, како Кристофер Колумбо, дека е во Азија)[9], немало обиди за основање колонија. Наредната година, Кабот предводел уште едно патување во Америка, но никогаш повеќе не се слушнало ниту за него ниту за неговите бродови.[10]

Немало нови обиди за основање англиски колонии во Америка сѐ до средината на владеењето на Елизабета I, за време на последните децении од 16 век.[11] Католичка Шпанија, поради протестантското преобратување, и станала непријател на Англија.[12] Во 1562 година, англискиот двор ги задолжил Џон Хокинс и Френсис Дрејк, кои извршувале приватни работи, да започнат со напади за трговија со робови против шпанските и португалските бродови на брегот на Западна Африка со цел да се пробијат на атлантскиот систем за трговија. Ова бил неуспешен обид, и подоцна, со засилувањето на Англосаксонската војна, Елизабета им го дала својот благослов на други пиратски ограбувања на шпанските пристаништа во Америка кои се враќале преку Атлантикот полни со богатство од Новиот Свет.[13] Истовремено, влијателните писатели како Ричард Хакли и Џон Ди (кој прв го искористил називот Британско Царство[14]) започнале да притискаат за основањето на Англиско Царство. До тогаш Шпанија веќе навлегла во Америка, Португалија основала трговски места, како и тврдини на бреговите на Африка и Бразил па сè до Кина, а Франција започнала да се шири на Реката на Св. Лоренс за подоцна ова место да го претвори во Нова Франција.[15]

Иако Англија имала тенденција да заостанува зад Португалија, Шпанија и Франција во основањето прекуокеански колонии, таа ја извршила својата прва современа колонизација, позната како Плантажи во Ирска, во 16 век Ирска со населување тоа со англиски и велшки протестантски доселеници. Англија веќе колонизирала дел од земјата по Норманската инвазија на Ирска во 1169 година.[16] Неколку луѓе кои помогнале во основањето на плантажите подоцна одиграле улога во раната колонизација на Северна Америка, особено групата позната како Мажите на Западната Земја.[17] меѓу кои биле Хемфри Гилберт, Валтер Дрејк, Џон Хокинс, Ричард Гренвил и Ралф Лејн.

Англиски поседи во странство (1583-1783)

уреди

Во 1578 година, кралицата Елизабета I го наградила Хемфри Гилберт со патент поради откритие и прекуморски истражувања.[18] Истата година Гилберт испловил кон Западна Индија со цел да се вклучи во пиратска операција и да основа колонија во Северна Америка, но експедицијата била прекината уште пред да го преминат Атлантикот.[19] Во 1583 година тој повторно се обидел, овој пат на островите на Њуфаундленд, чие пристаниште формално го барал за Англија, иако немало жители. Гилберт не доживеал да се врати во Англија и бил наследен од страна на неговиот полубрат Волтер Рајли кому му кралицата Елизабета, во 1584 година му доделила сопствен патент. Истата година подоцна Рајли ја пронашол колонијата Роанок на брегот на денешна Северна Каролина, но недостатокот од залихи го предизвикал пропаѓањето на колонијата.[20]

Во 1603 година, кралот Јаков VI Шкотски го зазел престолот на Англија и во 1604 година го склучил Лондонскиот Договор, со што им ставил крај на лошите односи со Шпанија. Во тој момент, кога Англија била во мир со својот најголем соперник, нејзиното внимание се пренасочило од потпирање на инфраструктурата на туѓите колонии, кон основање свои прекуморски колонии. Британското Царство започнало да се формира за време на почетокот на 17 век, со англиското населување на Северна Америка и малечките острови- Карибите, како и со основањето приватни трговски друштва, најзначајно била Британската источноиндиска компанија, со цел да управуваат со колониите и прекуморската трговија. Како последица од тоа, овој период, сè до губењето на тринаесетте колонии, по Американската војна за независност кон крајот на 18 век, се нарекувал Прво Британско Царство.[21]

Америка, Африка и трговијата со робови

уреди
 
Илустрација од 1670 година на африкански робови кои работеле во 17 век колонијална Вирџинија во Британска Америка

На почетокот Карибите биле најважните и најпрофитабилните колонии, но пропаднале по неколку обиди за колонизација. Обидот за основање колонија во 1604 година во Гана траел само две години и не ја исполнил својата главна цел, да најде резерви од злато[22]. Колониите во Санта Лучија (1605 година) и Гренада (1609 година) исто така брзо пропаднале[23], но во Св. Китс (1627 година), Барбадос (1627 година) и Невис (1628 година)[23] успешно биле основани населби. Колониите набрзо го усвоиле системот на шеќерни плантажи[24], кој успешно го користеле Португалците во Бразил и се потпирал на работата на робовите[25] како и, на почетокот, на холандските бродови кои доаѓале за да ги продадат робовите и да купат шеќер[26]. За да се осигура дека цврстиот профит кој постојано се зголемувал ќе остане во рацете на Англија, Парламентот донел декрет дека само англиски бродови ќе можат да тргуваат во англиските колонии. Ова довело до непријателски односи со Обединетите холандски провинции, а низата од англо-холандски војни само ја зајакнало англиската положба во Америка на сметка на Холандија.[27] Во 1655 година Англија го зела островот Јамајка од Шпанците, а во 1666 година успеала да ги колонизира Бахамите.[28]

Првата постојана англиска населба во Америка се формирала во 1607 година во Џејмстаун, водач на процесот на населување бил капетанот Џон Смит, а со неа управувало компанијата Вирџинија.[29] По уривањето на бродот-предводник на компанијата во 1609 година Англија го барала островот Бермуда,[30] а во 1615 тој му бил предаден на новосоздадената компанија на Сомерските острови. Управителот со Вирџинија бил отповикан во 1624 година и директна контрола врз Вирџинија презел кралскиот двор, со што се создала колонијата Вирџинија. Компанијата на Њуфаундленд била создадена во 1610 година со цел да се основа постојана населба во Њуфаундленд, но овој обид во голема мера бил неуспешен.[31] Во 1620 година, Плимут бил создаден како идеално место за пуританците{Sfn|James|2001|p=8}}, подоцна познати како пилгрими. Тие бегале од верско прогонување и добиле мотивација, како и многу други идни англиски колонисти, да ризикуваат и да се впуштат на трансатлантско патување. Мериленд била основана како идеално место за римокатолиците (1634 година). Родските острови (1636 година) се создала како место во кое се толерираат сите религии, а Конектикат (1639 година) за конгрегационалисти. Провинцијата Каролина се основала во 1663 година. Со предавањето на тврдината Амстердам во 1664 година, Англија добила контрола врз холандската колонија Нова Холандија, што ја преименувала во Њујорк. [32]Ова се формализирало во преговорите кои следеле по втората англосаксонска војна, во замена за Суринам. Во 1681 година Вилијам Пен ја основал колонијата Пенсилванија. Американските колонии биле финансиски понеуспешни од оние на Карибите, но имале големи области со обработлива почва и поради тоа привлекувале многу поголем број англиски емигранти кои ја претпочитале американската умерена клима.[33] Во 1670 година, кралот Чарлс II ја одобрил компанијата Хадсонс Беј, со што направил монопол во трговијата со крзно во која исто така била тогаш познатата Рупертова Земја, огромна територија од која подоцна ќе се создаде Канада. Тврдините и трговските места кои ги основало компанијата биле честа цел на нападите од страна на Франција, која основала своја колонија која тргувала со крзно во Нова Франција.[34]

Две години подоцна, Кралската африканска компанија била унапредена откако кралот Чарлс ѝ доделил монопол во трговијата со робови со британските колонии на Карибите[35]. Компанијата превезела повеќе робови преку Атлантикот од која било друга, и значително го зголемила учеството на Англија во трговијата, од 33 проценти во 1673 година на 74 проценти во 1683 година.[36] Отстранувањето на овој монопол помеѓу 1688 и 1712 година им овозможило на независните британски трговци со робови да напредуваат, што довело до брза ескалација на бројот на транспортирани робови.[37].

Британските колонии во Западна Индија се потпирале на робовите[38]. До укинувањето на трговијата со робови во 1807 година, Британија била одговорна за транспортирање на 3,5 милиони робови[39] од Африка во Америка, третина од сите робови пренесени преку Атлантикот. За да се олесни оваа трговија се граделе тврдини на брегот на Западна Африка како на пример островот Џејмс, Акра и Бунс. Во британските Кариби, процентот на црнечка популација пораснала од 25% во 1650 година до околу 80% во 1780 година, а во 13 колонии од 10% до 40% во истиот период (најголемиот дел во јужните колонии).[40]

Трговијата со робови била исклучително профитабилна за оние кои се занимавале со тоа и станала најголемиот економски извор за западните британски градови[41] како Бристол и Ливерпул кои го претставувале третиот агол од таканаречената триаголна трговија со Африка и Америка[42]. Условите на бродовите со робови биле сурови и нехигиенски а слабата исхрана придонела просечната стпапа на смртност до средината на патувањето да биде еден во седум.[43]

Во 1695 година Шкотскиот парламент го одобрил трговското здружение на Шкотска, кое се основало во Панама во 1698 година, со цел да изгради канал таму. Под опсада од страна на соседните шпански колонисти од Нова Гранада и преплавена со маларија, колонијата била напуштена по две години. Програмата Дариен била финансиска катастрофа за Шкотска, една четвртина од шкотскиот капитал бил изгубен во тоа претпријатие и им ставило крај на шкотските надежи за основање прекуморско царство. Ова исто така предизвикало политички последици кои ги засегале владите и на Англија и на Шкотска повеќе од што ги засегале кралските дворови. Ова се случило во 1707 година со Договорот на Унијата со кој се основало кралството Велика Британија.

Соперништвото со Холандија во Азија

уреди
 
Тврдината Свети Ѓорѓи во Индија.

На крајот од 16 век, Англија и Холандија почнале да стануваат закана за португалскиот трговски монопол со Азија со тоа што почнале да формираат компании за да ги финансираат патувањата. Англиската, подоцна британската компанија на Источна Индија и Холандската компанија на Источна Индија се оформиле во 1600 година и во 1602 година. Главната цел на била да се вклучат во профитабилната трговија со зачини која се фокусирала главо во две области Источниот индиски архипелаг и Индија. Таму тие се бореле за трговска доминација со Португалија како и меѓу себе.[44] Иако Англија на крајот ја победила Холандија како колониска моќ, сепак краткотрајниот холандски напреден финансиски систем[45] и трите англо-холандски војни во 17 век придонеле Холандија да има посилна позиција во Азија. Непријателските односи завршиле по Славната револуција во 1688 година кога холандскиот принц Вилем Орански го наследил англискиот престол со што започнал мир помеѓу Англија и Холандија. Со договорот кого го склучиле двете нации, трговијата со зачини на Источноиндискиот архипелаг и припаднала на Холандија, а текстилната индустрија во Индија и припаднала на Англија[45], но наскоро текстилот станал попрофитабилен од зачините и до 1720 година, преку продажба, британските компании ги презеле холандските.[45]

Препирања со Франција

уреди

Мирот помеѓу Англија и Холандија во 1688 значел дека двете земји влегле во деветгодишната војна како сојузници, а судирот кој се одвивал во Европа и преку морето помеѓу Франција, Шпанија и англо-холандската алијанса и оставила поголема колониска моќ на Англија отколку на Холандија, која била приморана да одвои голем дел од својот воен буџет за скапата копнена војна во Европа.[46] Во 18 век Англија (по 1707 година Британија[47]) станала најголема колониска моќ во светот, а Франција станала нејзин најголем соперник.

Смртта на Карло II во 1700 година како и преземањето на Шпанија и нејзините колонии од страна на Филип Анжујски, внук на кралот на Франција, создало шанса за унифицирање на Франција, Шпанија и соодветните колонии, што било неприфатливо за Англија и другите европски моќни земји.[48] Во 1701 година, Англија, Португалија и Холандија го свртеле Светото Римско Царство против Шпанија и Франција во Војна за шпанското наследство која што траела до 1714 година.[48]

 
Роберт Клајв

На склучувањето на Договорот од Утрехт, Филип се откажал од своите права како наследник на францускиот престол и Шпанија ја изгубила својата империја во Европа.[48] Британското Царство се зголемило територијално: од Франција ги добило Њуфаундленд и Акадиа, а од Шпанија Гибралтар и Менорка. Гибралтар кој е сѐ уште британска територија станал важна поморска база и ѝ овозможил на Британија да ја контролира влезната и излезната точка на Средоземно Море. Минорка им бил вратен на Шпанците со договорот од Амјен во 1802. Шпанија исто така и ги дала правата на Англија и врз дозволата да продава робови во шпанска Америка.[49]

Седумгодишната војна која започнала во 1756 година била првата војна која се проширила на светско ниво[34]. Таа се водела во Европа, Индија, Северна Америка, Карибите, Филипините и на африканскиот брег. Потпишувањето на Парискиот договор (1763 година) довело до сериозни последици за иднината на Британското Царство.[34] Во Северна Америка иднината на Франција како колониска моќ била сериозно загрозена со признавањето на Рупертовата Земја како британска, со заземањето на Нова Франција од страна на Британија (каде имало голем број на француско население кое потпаднало под британска контрола) и Луизијана која потпаднала под шпанска власт. Шпанија ја зазела Флорида за Британија. Во Индија, во Карнатската Војна Франција сѐ уште имала контрола врз своите робови но воените ограничувања и обврската да им помага на британски ориентираните земји ги уништиле француските надежи за контрола на Индија. Британската победа над Франција во Седумгодишната војна ја претворило Британија во најголема светска сила.[50]

Раѓањето на Второто Британско Царство (1783- 1815 година)

уреди

Владеење на компанијата во Индија

уреди

За време на првиот век од владеењето, Англиската Источноиндиска компанија се концентриралa на трговија со индискиот потконтинент, бидејќи не била во состојба да го предизвика моќното Могулско Царство кое ги добило своите трговски права во 1617 година. Ова се променило во 18 век кога моќта на Могулското Царство почнала да опаѓа и кога компанијата од Источна Индија имала проблеми со својот француски двојник Француската Компанија.[51] на Ориентална Индија (Compagnie française des Indes orientales) за време на Карнатската Војна во 1740-тите и 1750-тите години. Во Битката на Пласи во 1757 година во која Британците, предводени Роберт Клив, го победиле Наваб од Бенгал и неговите француски сојузници. Ова предизвикало Бенгал да ја преземе контролата врз компанијата како и да стане најголема политичка и воена сила во Индија. Во наредните децении тој постепено го зголемувал бројот на територии под негова контрола преку директно владеење или пак преку владетели-марионети кои владееле под закана од британско-индиската армија од која најголемиот дел биле Индијци.

Губењето на тринаесетте американски колонии

уреди

За време на 1760-тите и 1770-тите години, врските помеѓу Тринаесетте колонии и Британија значително се затегнале, главно поради обидите на британскиот парламент да воведе данок во американските колонии без нивна согласност[52], што го инспирирало составувањето на слоганот „нема оданочување без застапување“. Несогласувањата поради гарантираните права на жителите на американските колонии кои требало да бидат третирани како Англичани, како последица ги предизвикале американската револуција и војната за независност во 1775 година. Следната година, жителите на колониите прогласиле независност на Соединетите Американски Држави. Со помош од страна на Шпанија, Франција и Холандија, САД влегле во војната во 1783 година..[53]

Губењето на голем дел од Британска Америка, во тоа време најнаселената британска прекумерна колонија, историчарите го гледаат како настан кој го дефинира преминувањето помеѓу првото и второто царство,[54], во кое Британците го пренасочиле своето внимание од Америка кон Азија, Тихиот Океан и подоцна Африка.[55] Книгата „Богатство на народите“ (англиски: Wealth of Nations) од Адам Смит која била издадена во 1776 година смета дека американските колонии биле заостанати и дека слободната трговија треба да ја замени старата трговска политика која го обележала првиот период од колониската експанзија од времето на протестантството во Шпанија и Португалија.[56] Растот на трговијата помеѓу новите и независни држави и Британија по 1783 година само го потврдил мислењето на Смит дека политичката контрола не е неопходна за економски успех.[57] Тензиите помеѓу двете нации се зголемиле за време на Наполеоновите војни, бидејќи Британија се обидувала да ја прекине трговијата помеѓу Франција и Америка и користела американски бродови со цел да привлече Британци од кралската морнарица. Соединетите Американски Држави објавиле војна во 1812 година во која двете страни се обидувале да остварат добивки на сметка на другата страна. Ниедна страна не успеала во ова и со договорот во Гент се задржале предвоените граници.

Настаните во Америка влијаеле врз британската политика во Канада каде што помеѓу 40,000 до 100,000 [58] поразени лојалисти емигрирале од Америка по независноста.[59] Четиринаесетте илјади лојалисти кои пошле во речните долини на Сент Џон и Сент Крои, тогашни делови од Нова Шкотска, чувствувале дека се премногу оддалечени од провинциската влада во Халифакс па Лондон ја одвоил колонијата Њу Брунсвик како посебна колонија во 1784 година.[60] Со Уставниот акт од 1784 година се создале провинциите Горна Канада (главно англиско говорно подрачје) и Долна Канада (главно француско говорно подрачје) за да се намалат тензиите помеѓу француските и британските заедници и за да се спроведат системи слични на британските, со цел да се наметне кралската власт и да не се дозволи народна контрола на владата за која се сметало дека довела до Американската револуција.[61]

Истражување на Тихиот Океан

уреди
 
Мисијата на Џејмс Куј била да се најде наводниот јужен континент Terra Australis.

Уште од 1718 година, испраќањето во американските колонии било казна за разни криминалци во Британија и годишно преку Атлантикот се испраќале 1000 осуденици.[62] По загубата на Тринаесетте колонии, Британците биле принудени да пронајдат алтернативна местоположба, па така британската влада се насочила кон новооткриената земја – Австралија.[63] Западниот брег на Австралија бил откриен од страна на холандскиот истражувач Вилем Јансон во 1606 година и подоцна била именувана како Нова Холандија, но немало обиди за нејзина колонизација. Во 1770 година Џејмс Кук го открил источниот брег на Австралија и на едно научно патување во Јужниот Тихи Океан тој го барал континентот за Британија и го именувал Нов Јужен Велс[64][65]. Во 1778 година Џозеф Бенкс, ботаничарот на Кук на патувањето, и покажал докази на британската влада дека има соодветни ботанички услови на Ботанскиот Залив за основање на казнена населба[66] и во 1787 година испловил првиот брод со осуденици кои пристигнале во 1788 година[67]. Британија продолжила да испраќа осуденици во Нов Јужен Велс се од 1840 година. Австралиските колонии станале исплатливи извезувачи на волна и злато најмногу поради интензивните златни трески во колонијата Викторија чија престолнина бил Мелбурн, најбогатиот град во светот и најголем по Лондон во Британското Царство.

За време на своето патување Кук исто така го посетил и Нов Зеланд кој првпат бил откриен од страна на холандскиот истражувач Абел Тасман во 1642 година и го барал Северот и Југот за британскиот кралски двор во 1769 и 1770 година. Прво, комуникацијата помеѓу домородното население Маори и Европејците била ограничена на размена на стоки.[68] Европските населби се зголемиле за време на првите децении од 19 век, благодарение на бројните трговски места кои се основале, особено на северот. Во 1839 година компанијата на Нов Зеланд објавила дека планира да купи големи земјишни површини и да основа колонии во Нов Зеланд. На 6 февруари 1840 година, капетанот Вилијам Хобсон и околу 40 главатари на Маорите го потпишале договорот од Ваитанги. Овој договор многумина го сметаат како договор со кој се создал Нов Зеланд, но со оглед на различното толкување на англиската и верзијата на Маорите овој остров сѐ уште е спорна тема.

Британците, исто така, ги прошириле своите трговски интереси во Северниот Пацифик. Шпанија и Британија станале ривали во областа, што кулминирало со кризата во Нутка во 1789 година. Двете страни се мобилизирале за војна, но кога Франција одбила да ја поддржи Шпанија, таа била принудена да се повлече, што довело до Конвенцијата од Нутка. Исходот претставувал понижување за Шпанија, која практично се откажала од сета сувереност на брегот на северниот дел на Тихиот Океан.[69] Ова го отворило патот кон британската експанзија во областа и се одржале голем број експедиции; прво поморска експедиција предводена од Џорџ Ванкувер која ги истражувала влезовите околу северозападниот дел на Тихи Океан, особено околу островот Ванкувер[70] . На копно, експедициите се обиделе да откријат речен пат до Тихиот Океан за проширување на северноамериканската трговија со крзно. Александар Мекензи од компанијата Норт Вест ја предводел првата, започнувајќи во 1792 година, а една година подоцна тој станал првиот Европеец што стигнал до Тихиот Океан по копно северно од Рио Гранде, стигнувајќи до океанот во близина на денешна Бела Кула. Ова му претходело на експедицијата на Луис и Кларк за дванаесет години. Набргу потоа, придружникот на Мекензи, Џон Финлеј, ја основал првата постојана европска населба во Британска Колумбија, Форт Сент Џон. Компанијата Норт Вест барала понатамошно истражување и ги поддржа експедициите од Дејвид Томпсон, почнувајќи од 1797 година, а подоцна и од Сајмон Фрејзер. Тие се туркале во пустинските територии на Карпестите Планини и Внатрешното плато до теснецот Џорџија на брегот на Пацификот, проширувајќи ја британската Северна Америка на запад.[71]

Војна со Наполеонова Франција

уреди
 
Битката кај Ватерло во 1815 година завршила со пораз на Наполеон и го означила почетокот на Pax Britannica.

Британија била предизвикана од страна на Франција повторно кога била под власт на Наполеон, за разлика од останатите војни тоа било битка на идеологии на двете нации.[72] Не била загрозена само британската положба, туку Наполеон се заканувал дека ќе ја нападне самата Британија бидејќи неговата армија освоила многу земји во континентална Европа.[73]

Наполеоновите војни биле оние во кои Британија инвестирала голема сума на капитал и ресурси со цел да победи. Француските пристаништа биле блокирани од страна на кралската морнарица која извојувала измамничка победа над француско-шпанската флота кај Трафлагар во 1805 година. Прекуморските колонии биле нападнати и окупирани, заедно со оние на Холандија кои биле заземени од страна на Наполеон во 1810 година[74]. Франција конечно била поразена од страна на коалицијата на европските армии во 1815 година. Британија повторно извлекла корист од мировните договори: Франција ги припоила Јонските Острови: Малта (кои ги окупирала во 1797 и 1798 година), Маврициус, Света Лучија и Тобаго, Шпанија ја зазела Тринидад, Холандија- Гана и Ртовата колонија. Британија и ги вратила на Шпанија, Гваделуп, Мартиник, Француска Гвајана и Реинион на Франција, а Јава и Суринам на Холандија,.[75] но добила контрола над Цејлон (1795-1815).

Укинување на ропството

уреди

Со доаѓањето на Индустриската револуција, стоките произведени од робовите станале помалку важни за британската економија.[76]На ова се биле додадени трошоците за задушување на редовните бунтови на робовите. Со поддршка од британското аболиционистичко движење, Парламентот го донел Законот за трговија со робови во 1807 година, кој ја укинал трговијата со робови во царството. Во 1808 година, колонијата Сиера Леоне била назначена за официјална британска колонија за ослободени робови.[77] Парламентарната реформа во 1832 година забележала опаѓање на влијанието на Комитетот на Западна Индија. Законот за укинување на ропството, донесен следната година, го укинало ропството во Британското Царство на 1 август 1834 година, конечно усогласувајќи го царството со законот во Обединетото Кралство (со исклучок на териториите управувани од Источноиндиската компанија и Цејлон, каде што ропството било прекинато во 1844 година). Според Законот, на робовите им било одобрена целосна еманципација по период од четири до шест години „учење“.[78] Соочувајќи се со понатамошно противење од аболицираните, системот на стажирање бил укинат во 1838 година..[79] Британската влада ги обештетила сопствениците на робови.[80][81]

Век на Британското Царство (1815- 1914 година)

уреди

Помеѓу 1815 и 1914 година, период наречен како век на Британското Царство од страна на некои историчари[82] територија од околу 26 милиони квадратни метри на која живееле околу 400 милиони луѓе потпаднала под британска власт. Со победата над Франција, Британија немала други сериозни меѓународни соперници освен Русија и Средна Азија.[83] Поради тоа што Британија немала противници на море, таа ја присвоила улогата на глобален полицаец, државно прашање кое подоцна било познато како Пакс Британика[84] и водела надворешна политика која била изолирачка.[85] Британија нема контрола само врз своите колонии, туку таа била доминантна во поглед на светската трговијата со што успешно ги контролирала економиите на многу држави како што биле Кина, Аргентина и Сијам кои некои историчари ги нарекуваат неформална британска империја.[6]

 
Политичка нацртана слика од 1876 година на кој Бенџамин Дизраели ја прави кралицата Викторија индиската царица. Насловот гласи „Нови круни за старите!"

Британските царски сили биле зголемени поради парната машина и телеграфот, нови технологии кои биле измислени во средината на 19 век со кои царството ја зајакнала својата контрола, а воедно се здобила и со подобра одбрана. До 1902 година Британското Царство било целосно внатрешно поврзано со телеграфски кабли кои се нарекувале Црвена Линија.[86]

Источноиндиската компанија во Азија

уреди

Источноиндиската компанија довела до проширување на Британското Царство во Азија. Армијата на компанијата била здружена со кралската морнарица за време на Седумгодишната Војна и тие две продолжиле да соработуваат на бојните полиња надвор од Индија, во битка со Наполеон кај Египет(1799) [87], во освојувањето на Јава од Холандија (1811 година), освојувањето на Сингапур (1819 година) и Малака (1824 година) и во поразот на Бурма (1826 година).[83]

Од својата база во Индија, Компанијата исто така била вклучена во многу профитабилна трговија со извоз на опиум со Кина уште од 1730-тите години. Оваа трговија, која била незаконска бидејќи династијата Чјинг ја прогласила за таква во 1729 година, помогнала да се отстрани трговската нерамнотежа која се создала како последица од увозот на чај во Британија кој предизвикал голем одлив на сребро од Британија во Кина. Во 1839 година, конфискацијата на 20.000 сандаци со опиум од страна на кинеските власти кај Кантон, ја предизвикала Британија да ја нападне Кина во Првата опиумска војна, и како последица од тоа Хонгконг, кој во тоа време бил мала населба бил под британска опсада.[88]

Во 1857 година бунтот на Сепоите, индиски трупи под команда на британски офицери, прераснал во поголем судир кој завршил со распаѓање на компанијата и со преземање на контролата од страна на британската влада.[89] Биле потребни шест месеци за да се задуши индиското востание чијашто последица бил огромниот број на човечки жртви од двете страни. Подоцна британската влада презела директна контрола врз Индија со што започнал периодот познат како Британски Раџ во кој со Индија управувал назначен гувернер-генерал, а кралицата Викторија била крунисаната царица на Индија.[90] Источноиндиската компанија се распаднала наредната година.[91]

Индија претрпела големи загуби на житарки во последните години од 19 век, што предизвикало масовно ширење на глад од што починале над 15 милиони луѓе. Источноиндиската компанија не успеала да спроведе координирана политика со цел да се справи со гладот за време на своето владеење. Ова се сменило за време на Раџот, кога се спроведувале истражувања за причините за гладот со цел да се спроведат нови политики чиј ефект се почувствувал дури во почетокот на 20 век.[92]

Нов Зеланд

уреди

На секое од неговите три патувања на Пацификот помеѓу 1769 и 1777 година, Џејмс Кук го посетувал Нов Зеланд. По него следеле асортиман на Европејци и Американци, вклучувајќи китоловци, заптивки, избегани осуденици од Нов Јужен Велс, мисионери и авантуристи. Првично, контактот со домородниот народ Маори бил ограничен на трговија со стоки, иако интеракцијата се зголемила во текот на раните децении на 19 век со многу трговски и мисионерски станици кои биле поставени, особено на север. Првиот од неколкуте мисионери на англиската црква пристигнал во 1814 година и покрај нивната мисионерска улога, тие набрзо станаа единствената форма на европска власт во земја што не бил предмет на британска јурисдикција: најблиската власт е гувернерот на Нов Јужен Велс во Сиднеј. Продажбата на оружје на Маорите резултирало со меѓуплеменски војни, познати како Мускетски војни, од 1818 година наваму, со катастрофални последици за населението Маори[93]. Општиот неконтролиран неред се проширил и како одговор на молбите за помош, официјален британски жител, Џејмс Базби, пристигнал во Заливот на Островите во 1833 година, но неговиот авторитет бил ограничен на моќта на неговото убедување. Нередот и беззаконието продолжиле во текот на 1830-тите, а потребата за поформална британска интервенција станала неизбежна: избеганите осуденици и спасените морнари слободно шетале низ земјата, шпекулантите на земјата со сомнителен карактер станале сè поактивни и имало повици од круната да се вклучи од поглаварите на Маорите, мисионери и следбеници на новите општествени погледи на тоа време во однос на домородните народи. Дополнително, британската влада знаела дека Французите активно се обидуваат да основаат колонии во Пацификот и дека австралиските шпекуланти и новоформираната компанија од Нов Зеланд имале планови да купат големи делови од земјата од Маорите, со намера да основаат колонии во Нов Зеланд.

Владата на Обединетото Кралство конечно одлучила да дејствува, испраќајќи го капетанот Вилијам Хобсон со инструкции да преземе формален посед. Не постоел некој централен авторитет на Маорите што можел да го претставува целиот Нов Зеланд, така што, на 6 февруари 1840 година, Хобсон и многу поглавари на Маорите го потпишале Договорот од Вајтанги во Заливот на Островите;[94] повеќето други шефови се потпишувале во фази во текот на следните месеци. Вилијам Хобсон го прогласил британскиот суверенитет над целиот Нов Зеланд на 21 мај 1840 година, над Северниот остров со цесија и над Јужниот остров со откритие (островот бил ретко населен и се сметал за terra nullius). Во тој момент, Нов Зеланд влегол во составот на Британското Царство и Хобсон станал негов потполковник-гувернер, предмет на гувернерот Сер Џорџ Гипс во Сиднеј. Колонијата Нов Јужен Велс била привремено проширена кон исток за да го вклучи Нов Зеланд. [95] Затоа, британското владение на Нов Зеланд првично било управувано од Австралија како зависност на колонијата Нов Јужен Велс и од 16 јуни 1840 година законите на Нов Јужен Велс се применувале во Нов Зеланд[96] Сепак, ова било преоден аранжман, а британската влада следно ја издала Повелбата за подигнување на колонијата на Нов Зеланд на 16 ноември 1840 година со Хобсон како негов гувернер.[97]

Соперништво со Русија

уреди
 
Британската коњаница јуриша против руските сили во Балаклава во 1854 година

Во текот на 19 век, Британија и Русија се натпреварувале за богатството кое го оставиле Османлиското, Персиското и Кинеското кои веќе биле пред својот крај. Соперништвото во Евроазија станало познато под името Големата игра.[98] Поразите кои Русија им ги нанела на Персија и Турција, во Руско-Персиската војна (1826-1828 година) и во Руско-турската војна (1818-1829 година), ги покажале руските амбиции и способности и предизвикале страв кај Британија дека Русија може да направи инвазија врз Индија. Во 1839 година Британија се обидела да го спречи тоа преку обидот да изврши инвазија на Авганистан, но првата Англо-Авганистанска војна имала катастрофални последици за Британија. [99]

Кога Русија извршила инвазија врз турскиот дел од Балканот, во 1853 година, стравот од руско влијание во Средоземјето ги натерал Франција и Британија да извршат инвазија на Кримскиот Полуостров со цел да ги уништат руските поморски капацитети.[99] Победата во Кримската војна (1854 – 1856 година), во која што се користеле нови технологии на современо војување[100] и која што била единствена глобална војна која се водела помеѓу Британија и друо царство за време на Пакс Британика (британски мир), била катастрофален пораз за Русија.[99] Ситуацијата во Средна Азија не се решила уште две децении, кога Британија го припоила Белуџистан во 1876 година како и Киргистан, Казахстан и Туркменистан. Некое време се сметало дека уште една војна е неизбежна, но двете земји во 1878 година се согласиле на спогодба во врска со нивните сфери на влијание во регионот, а во 1907 година во врска со другите важни работи, со потпишувањето на Англиско-руската антанта.[101] Уништувањето на руската морнарица во Битката кај пристаништето Артур за време на Руско-јапонската војна (1904-1905) исто така ја намалила моќта на Русија и таа веќе не претставувала толкава закана за Британија.[102]

Од ’Ртот до Каиро

уреди
 
Родошкиот КолосСесил Родс го опфаќа „Ртот до Каиро“

Холандската Источноиндиска компанија ја основала колонијата на ’Ртот на јужниот крај на Африка во 1652 година како пристаниште за нивните бродови кои патувале до и од нејзините колонии во Источна Индија. Британија во 1806 година, формално, ја освоила колонијата и нејзиното многубројно африканско население (Бури)[103], а во 1795 година ја окупирала со цел да ја спречи Франција да ја освои, откако Франција ја окупирала Холандија. Британското имигрирање започнало по 1820 година и се насочило кон Боерите, кои го одбивале британското владеење, со цел имигрантите да основаат свои независни републики кои не траеле долго за време на Големото патување на крајот на 1830-тите години и првите години од 1840-тите години. Во тој процес наречен „Вутрекерс“ (буквално пионери, оние кои први одат напред) постојано запаѓале во инциденти со Британците кои имале за цел колонијална експанзија во Јужна Африка и колонизација на некои африкански староседелци вклучително и нациите Сото и Зулу. На крајот Бурите основале две републики кои траеле подолго време, Јужноафриканската Република и Трансвалската Република (1852-1877 година и 1881-1902 година) и Портокаловата Слободна Држава Бури (1854-1902). Во 1902 година Британија ги окупирала двете републики и склучила договор со двете боерски републики по Втората бурска војна (1899-1902 година).[104]

Во 1869 Суецкиот Канал бил отворен под контрола на Наполеон III со што средоземјето се поврзало со Индискиот Океан. Британците прво се противеле на каналот, но откако се отворил, брзо ја препознале неговата стратешка вредност[105][106]. Во 1875 година конзервативната влада на Бенџамин Дизраели за 4 милиони фунти откупила 44% од Суецкиот Канал од задолжениот египетски владетел Исмаил Паша (280 милиони фунти во 2011 година). Иако ова не гарантирало целосна контрола над стратешкиот воден пат, сепак ја поставило Британија во поволна положба. Здружената Англо-Француска контрола над Египет завршила со британска окупација во 1882 година[107]. Французите биле мнозинство од акционерите и се обидувале да ја ослабат британската позиција[108] но се постигнал компромис во 1888 година со Конвенцијата од Цариград со што каналот официјално станал неутрална територија.[109] Бидејќи француските, белгиските и португалските активности во долниот тек на реката Конго претставувале закана за тропска Африка, Берлинската Конференција (1884-1885 година) барала начин за регулирање на конкуренцијата помеѓу европските моќни земји па така се создала „Турката за Африка“ со што се вовел поимот делотворна окупација како критериум за меѓународно признавање на територијалните права[110]. Освојувањето продолжило и во 1890-тите години и ја натерала Британија да ја ревидира својата одлука во 1885 година да се повлече од Судан. Здружените сили на британските и египетските трупи ја поразиле Мадистичката армија во 1896 година и го одвратиле францускиот обид за инвазија на Фашода во 1898 година. Судан бил претворен во анло-египетски кондоминиум, здружен протекторат на хартија но всушност британска колонија.[111]

Британските придобивки во јужна и источна Африка го поттикнале Сесил Родс, пионер на британската експанзија во Африка, да иницира железница „Од ’Ртот до Каиро“ која требало да го поврзе стратешки важниот Суецки Канал со Југот кој бил богат со минерали. Во 1888 година Родс со својата лична Британско-јужноафриканска компанија ги окупирал и припоил териториите кои потоа биле именувани по него- Родезија.[112]

Промена на статусот на белите колонии

уреди
 
Знаме на Британското Царство

Патот до независноста на белите колонии од Британското Царство започнал со Извештајот Дурхам во 1839 година, со кој се предложила унификација и самоуправување на Долна и Горна Канада како решение на политичките нереди таму. Ова започнало кога се донел актот на унијата во 1840 година со кој се создала провинцијата Канада. Како што владенијата добивале поголема автономија, тие станале препознаени како посебни области на царството со уникатни обичаи и сопствени симболи. Империјалниот идентитет, преку слики како што се патриотски уметнички дела и транспаренти, почнал да се развива во форма кој се обидел да биде поинклузивна со прикажување на царството како семејство на новородени нации со заеднички корени.[113][114] Своја влада прва добила Нова Шкотска во 1848 година, и наскоро овој тренд се проширил и кај другите британски колонии во Северна Америка. Со донесувањето на актот на британска Северна Америка во 1867 година од страна на британскиот парламент Горна и Долна Канада, Нов Бранзвик и Нова Шкотска се оформиле во доминионот Канада, конфедерација која имала целосно самоуправување со исклучок на меѓународните односи. Австралија и Нов Зеланд постигнале слично ниво на самоуправување по 1900 година, со австралиските колонии кои се федерализирале во 1901 година. Терминот доминантен статус (dominion status) официјално се вовел на Конференцијата за колониите во 1907 година.[115]

Последните децении од 19 век донеле и политички кампањи за ирското независно управување. Ирска се обединила со Британија во рамките на Обединетото Кралство, Велика Британија и Ирска, со актот на унијата во 1800 година по ирското востание во 1798 година и во неа завладеал глад помеѓу 1845 и 1852 година. Самоуправувањето го поддржал британскиот премиер Вилијам Гладстон кој се надевал дека Ирска можеби ќе оди по стапките на Канада како доминионот во царството но неговиот предлог закон за самоуправување во 1886 година не бил прифатен во парламентот бидејќи многу пратеници се плашеле дека, делумно, независната Ирска може да претставува закана за сигурноста на Велика Британија или да го започне распаѓањето на царството.[116] Вториот предлог закон за самоуправување исто така не бил прифатен од слични причини.[116] Третиот предлог закон бил прифатен од страна на парламентот во 1914 година, но не се спровел поради избувнувањето на Првата светска војна што довело до Велигденското востание во 1916 година.[117]

Светските Војни (1914- 1945 година)

уреди
 
Постер кој ги повикува мажите од земјите на Британското Царство да се пријават

До почетокот на 20 век во Британија се појавиле стравови дека веќе нема да може да се сочува единството на царството, а притоа да се задржи политиката на изолација.[118] Германија забрзано се развивала како воена и индустриска сила и се сметало дека таа најверојатно ќе биде една од страните во војната која следела. Британија признала дека е премногу раширена на Тихиот Океан[119] и дека е под закана од страна на германската морнарица. Така, Британија формирала алијанса со Јапонија во 1902 година и со нејзините стари непријатели Франција и Русија во 1904 и 1907 година.[120]

Првата светска војна

уреди

Британија и објавила војна на Германија и нејзините сојузници и исто така во неа ги вклучила колониите и доминионите кои не обезбедиле некоја значајна воена, финансиска и материјална поддршка. Над 1,5 милиони луѓе служеле во армиите на доминионите како и илјадници волонтери од кралските колонии. Најголемиот дел од германските прекуморски колонии во Африка биле брзо окупирани, а на Тихиот Океан, Австралија и Нов Зеланд ги окупирале германската Нова Гвинеја и Самоа. Поради она што го придонеле трупите на Австралија, Нов Зеланд и Њуфаундленд за време на Галиполската операција во 1915 година против Османлиското Царство, се разбудила домашната национална свест и Австралија и нов Зеланд од колонии прераснале во нации со свои права. Земјите ова го паметат како АНЗАК- ден. Канаѓаните слично гледале на Битката кај Вими Риџ. Важниот придонес на доминионите во војната бил признат во 1917 година од страна на британскиот премиер Дејвид Лојд Џорџ[121] кога тој ги поканил премиерите на секој доминион да му се придружат на кралскиот воен совет за да ја координираат политиката на царството.[122]

Под условите под кои е склучен Версајскиот Договор, потпишан во 1919 година[123], царството го постигнало својот најголем степен на проширување со додавањето на 4.662. 000 2 км и 13 милиони жители. Колониите на Германија и на Османлиското Царство им биле поделени на Лигата на народите. Британија ја презела контролата врз Палестина, Трансјордан и Ирак, делови од Камерун и Того и Тангањика. Териториите на доминионите во Југозападна Африка (денес Намибија) им биле дадени на Унијата на Јужна Африка. Австралија ја добила Германска Нова Гвинеа, а Нов Зеланд- Западна Самоа. Науру бил поделен помеѓу Британија и двата тихоокеански доминиона.[124]

Меѓувоениот период

уреди
 
Британското Царство во 1921 година

Промените во светскиот поредок кои ги предизвикала војната, особено растот на Соединетите Американски Држави и Јапонија како поморски сили и издигнувањето на движењата за независност во Индија и Ирска, предизвикале потиснување на британската империска политика.[125] Приморана да избира помеѓу сојуз со Соединетите Држави или Јапонија, Британија одбрала да не го обнови сојузот со Јапонија и наместо тоа, таа го потпишала Вашингтонскиот договор за поморство со Соединетите Американски Држави со кој Британија прифатила поморско партнерство со САД.[126] Оваа одлука била извор на многу дебати во Британија за време на 1930-тите години, [127]бидејќи воените влади сметале дека Јапонија и Германија имаат удел во Големата Депресија, затоа што постоел страв дека царството нема да преживее истовремен напад од страна на двете нации.[128] Иако проблемот со безбедноста на царството и претставувал голема и сериозна грижа на Британија, во исто време империјата била од суштинско значење за британската економија.[129]

Во 1919 година, фрустрациите кои биле предизвикани од одложувањето на ирското самоуправување ги натерало членовите на Син Феин, пронезависна партија која го освоила мнозинството ирски пратенички места во Вестминстер на британските општи избори во 1918 година, да основаат ирско собрание во Даблин на кое била прогласена независноста. Ирската републиканска армија истовремено започнала напад врз британската администрација. Англо-ирската војна завршила во 1921 година, со ќорсокак, и потпишувањето на англо-ирскиот договор со што се создала Ирската слободна држава, доминион во рамките на Британското Царство, со делотворна независност но сепак уставно поврзана со британска круна.[130] Северна Ирска, која се состоела од шест, од 32, ирски окрузи која се основала како регион со актот за ирска влада во 1920 година, веднаш ја искористила својата шанса со договорот да го задржи постоечкиот статус во рамките на Обединетото Кралство.[131]

Слична ситуација започнала во Индија кога актот на владата на Индија во 1919 година не ги задоволил барањата за независност. Грижите за комунистичките и странските заговори по заговорот Гадар обезбедиле структури во военото време да се обноват со актите Ровалт со што се создала тензија особено во Панџаб каде се мерките на потиснување го предизвикале масакрот во Амритсар. Во Британија јавното мислење било поделено во врска со етиката во настанот, помеѓу оние кои го гледале тоа како спасување на Индија од анархија и оние кои го гледале со гадење.[132] Последичното некооперативно движење се откажало на 22 март 1922 година по инцидентот во Чаури Чаура, а немирите продолжиле и наредните 25 години. Во 1922 година, Египет, кој бил прогласен за британски протекторат кога избувнала Првата светска војна, добил формална независност, иако продолжил да биде британска држава до 1954 година.[133] Британските трупи останале стационирани во Египет сè до потпишувањето на англо-египетскиот договор во 1936 година, со кој било договорено трупите да се повлечат но продолжиле со окупацијата и со одбраната на Суецкиот Канал. За возврат, тие му помогнале на Египет да и се придружи на Друштвото на народите.[134] Ирак, кој бил британска територија од 1920 година, исто така се здобил со членство во Друштвото по своја заслуга, откако добил независност од Британија во 1932 година.[135][136]

Правото на доминионите да си создаваат своја надворешна политика, независно од Британија, им било признаено на Империјалната конференција во 1923 година. Британското барање за воена помош од страна на доминионите на почетокот на кризите во Чанак, претходната година, било одбиено од страна на Канада и Јужна Африка и Канада одбила да се обврзе со договорот од Луизијана во 1923 година.[137] Откако Ирска, Канада и Јужна Африка извршиле притисок на Империјалната Конференција во 1826 година, била објавена декларација со која домонионите биле признати како автономни заедници во рамките на Британското Царство кои имале еднаков статус и не биле подредени една на друга во рамките на нациите од Комонвелтот. Оваа декларација добила законска важност со Статутот од Вестминстер во 1931 година[115]. Парламентите на Канада, Австралија, Нов Зеланд, Унијата на Јужна Африка, Ирска и Њуфаундленд станале независни од британската законодавна контрола, тие можеле да ги поништат британските закони и Британија повеќе не можела да донесува закони без нивна согласност. Њуфаундленд го вратила статусот на колонија во 1933 година бидејќи имала финансиски тешкотии за време на Големата Депресија.[138] Ирска дополнително се дистанцирала од Британија, со воведувањето на нов устав во 1937 година со што станала република во секој поглед освен во поглед на името.[139]

Втора светска војна

уреди
 
За време на Втората светска војна, Осмата армија била составена од единици од многу различни земји во царството и Комонвелтот; се бореле во Северна Африка и италијански.

Британското објавување на војна против Нацистичка Германија во септември во 1939 година исто така ги вклучило и Кралските колонии и Индија но не се здружила веднаш со доминионите. Австралија, Канада, Нов Зеланд и Јужна Африка исто така набрзо и објавиле војна на Германија но Ирската слободна држава одбрала да остане законски неутрална за време на војната[140]. По германската окупација на Франција во 1940 година, Британија ицарството останале сами да се борат против Германија[141] сѐ до влезот во Советскиот Сојуз во 1941 година. Британскиот премиер Винстон Черчил успешно се договорил со претседателот Франклин Д. Рузвелт за воена помош од Соединетите Држави, но Рузвелт сѐ уште не бил подготвен да го замоли Конгресот да ја воведе земјата во војна. Во август 1941 година Черчил и Рузвелт се сретнале и го потпишале Атлантскиот договор кој ја вклучува изјавата дека сите народи имаат право да решаваат за обликот на владеењето во земјата во која живеат. Оваа изјава била двосмислена во поглед на тоа дали се однесува на европските земји во кои Германија извршила окупација или на народите кои биле колонизирани од страна на европските нации, и подоцна Британците, Американците и нациналистичките движења различно ја толкувале.[142]. Черчил ја отфрлил неговата универзална применливост кога станува збор за самоопределувањето на поданиците, вклучувајќи го и Британска Индија. Черчил понатаму додал дека тој не станал премиер за да го надгледува распадот на царството.[143]

Во декември во 1941 година, Јапонија спровела напади врз британската Малаја, поморската база на Соединетите Држави, Перл Харбор и Хонгконг. Јапонија постепено прераснала во царска сила на Далечниот Исток откако ја поразила Кина во Првата Синојапонска војна, со што таа почнала да планира поголема сфера на влијание во Источна Азија под нејзино влијание. Јапонските напади врз британските и американските територии на Тихиот Океан оставиле долготрајни последици во Британското Царство. Мислењето на Черчил на влезот на Соединетите Држави во војната било дека сега Британија има сигурна победа и дека иднината на царството е безбедно, но начинот на кој Британците набрзина се предале во некои од колониите го нарушиле британскиот престиж како царска сила.[144] Најголемиот дел од штетата било предавањето на Сингапур, кој важел за несрушлива тврдина и бил источниот еквивалент на Гибралтар.[145] Британија сфатила дека нема да може да го брани целото царство и затоа ги поттурнала Австралија и Нов Зеланд, кои биле под закана од страна на јапонските сили, да воспостават поблиски врски со Соединетите Држави, што по војната се претворило во пактот АНЗУС во 1951 година кој бил помеѓу Австралија, Нов Зеланд и Соединетите Американски Држави.[146]

Деколонизација и распад (1945-1997 година)

уреди

Британија и царството излегле како победници од војната, ефектите од војната биле навистина длабоки и дома и во странство. Голем дел од Европа, континент кој доминирал во светот неколку векови, бил разрушен и во него се наоѓале армиите на Соединетите Држави и на СССР кои веќе поседувале светската моќ. Британија, виртуелно, банкротирала но брзо се повратила со заемот од 3,5 милијарди долари од САД во 1946 година (39 милијарди во 2011 година) од кои последната рата ја исплатила во 2006 година.

Истовремено, започнале антиколониските движења во колониите на европските народи. Состојбата дополнително се искомплицирала со започнувањето на Студената војна и соперништвото помеѓу Советскиот Сојуз и Соединетите Држави. Во принцип, двете нации биле против европскиот колонијализам. Сепак, во практиката, Американскиот антикомунизам, преовладал во поглед на антиимперијализмот, и затоа Соединетите Држави го поддржале Британското Царство и постојано го контролирале ширењето на комунизмот.

Со текот на времето се покажало дека деновите на Британското Царство и се избројани и само што се стабилизирала, Британија започнала политика на мирно осамостојување на колониите, некомунистичките влади, пак, ја преземале моќта. Ова се косело со другите европски сили како Франција и Португалија, кои воделе скапи и неуспешни војни со цел да ги задржат своите царства. Помеѓу 1945 година и 1965 година, бројот на луѓе кои биле под британска власт, надвор од Британија од 700 милиони опаднал на 5 милиони од кои три милиони се наоѓале во Хонгконг.

Првично осамостојување

уреди
 
Околу 14,5 милиони луѓе ги загубиле своите домови како резултат на поделбата на Индија во 1947 година.

Лабуристичката влада, која била за деколонизација, била изгласана на општите избори во 1945 година и неа ја предводел Клемент Атли. Таа за брзо време почнала да се справува со најважното прашање со кое се соочувало царството, независноста на Индија.

Индија имала две групации кои се залагале за независност и тоа индискиот национален конгрес и исламската лига. Овие две групации се бореле за независност со децении, но не се согласувале околу тоа како таа треба да се спроведе. Конгресот претпочитал обединета, секуларна индиска држава, додека лигата која се плашела од доминација од страна на хиндуистичкото мнозинство, сакала да се оформи посебна исламска држава или региони со муслиманско мнозинство.

Граѓанските нереди кои постојано биле во пораст и бунтот на кралската индиска морнарица во 1946 година го натерале Атле да вети дека ќе имаат независност најдоцна до 1948 година. Кога сериозноста на ситуацијата и ризикот од војна станале очигледни, новоназначениот и последен Викерој, Лорд Маунтбатен.[147], набрзина го скратил рокот на 15 август 1947 година. Границите кои ги исцртала Британија во миуслиманските територии и хинду-териториите ги притиснале милионите малцинства во ново осамостоените држави на Индија и Пакистан.[148] Милиони муслимани почнале да преминуваат од Индија во Пакистан,[149] а хиндусите во спротивната насока. Насилството помеѓу двете заедници однело стотици илјади животи. Бурма, која била раководена како дел од Британска Индија, и Цејлон добиле независност во 1948 година. Пакистан и Цејлон станале членови на Комонвелтот, а Бурма одбрала да не се придружи.[150][151] Британската територија Палестина каде што живеело арапско мнозинство заедно со еврејско малцинство и предизвикал на Британија проблем сличен како оној со Индија[152]. Работата дополнително се искомплицирала поради многубројните еврејски побегнувања со цел да бидат примени во Палестина по нацистичките притисоци и геноцидот во Втората светска војна. Британија наместо да го реши проблемот, во 1947 година објавила дека ќе се повлече во 1948 година и дека работата ќе им ја препушти на Обединетите НАции[153] кои го решиле проблемот кога се изгласало да се подели Палестина на еврејска и арапска држава. За време на борбите, британските сили продолжиле да се повлекуваат од Израел, при што последните британски трупи заминале од Хаифа на 30 јуни 1948 година[154].

По поразот на Јапонија во Втората светска војна, антијапонските бунтовнички движења во Малаја се сконцентрирале на Британците кои се движеле брзо со цел повторно да преземат контрола над колонијата која за нив претставувала извор на гума и калај.[155] Тоа што герилците биле малајско-кинески комунисти значело дека британскиот обид да го задушат востанието бил поддржан од страна на муслиманско-малајското мнозинство, кои сметале дека кога ќе се задуши востанието, веднаш потоа ќе настапи независност. Малајското брзање, како што востанието било познато, започнало во 1948 година и траело до 1960 година, но до 1957 година Британија се почувствувала доволно самоуверена да и додели независност Малајската Федерација во рамките на Комонвелтот[155]. Во 1963 година, 11-те држави на федерацијата заедно со Сингапур, Саравак и Британскиот Северен Борнео се здружиле и ја оформиле Малајсија, но во 1965 година, Сингапур каде што претежно живеело кинеско население.[156], бил отстранет од унијата по тензиите помеѓу малајското и кинеското население. Брунеј, кој бил британски протекторат од 1888 година, одбил да се приклучи во унијата и го одржувал својот статус до независноста во 1984 година.[157][158]

Суетски Канал и неговите понатамошни поделби

уреди
 
Одлуката на Ентони Идн да го нападне Египет во 1956 година ги открила повоените слабости на Британија.

Одлуката на британскиот премиер Ентони Идн да изврши инвазија на Египет за време на Суецката криза, значела крај за неговата политичка кариера и ги открила слабостите на Британија како царска сила.

Во 1951 година Конзервативната партија се вратила на власт во Британија, предводена од Винстон Черчил. Черчил и конзервативците сметале дека местото на Британија како светска сила зависи од континуираното постоење на царството со база кај Суецкиот Канал со што Британија ќе може да ја одржи својата силна позиција во Азија и покрај тоа што ја изгубила Индија. Сепак, Черчил не можел да ја игнорира новата револуционерна египетска влада предводена од Џамал Абдул Насер која дошла на власт во 1952 година, и наредната година било договорено британските воени единици да се повлечат од зоната на Суецкиот Канал и Судан[159] да стане независна држава до 1955 година.[160]

Во 1956 година, Насер еднострано го национализирал Суецкиот Канал. Реакцијата на британскиот премиер Ентони Идн била да се направи заговор помеѓу Британија и Франција и да се исценира израелски напад врз Египет, при што Британија и Франција ќе имаат изговор воено да реагираат и ќе го преземат каналот.[161] Идн го разлутил неговиот американски колега претседатлот Двајт Д. Ајзенхауер, бидејќи не се консултирал со него, и Ајзенхауер одбил да ја поддржи инвазијата.[162] Ајзенхауер исто така го загрижувала можноста за војна со Советскиот Сојуз откако Никита Хрушчов се заканил дека ќе интервенира во Египет и ќе биде против Британците. Ајзенхауер ја искористил и финансиската моќ со заканување дека ќе ги продаде сите американски резерви од британската фунта [163] и со тоа ќе предизвика пад на британската валута. На почетокот инвазијата била успешна во целта да се заземе Суецкиот Канал. Интервенцијата на Обединетите Нации и притисокот од страна на Соединетите Држави ја присилиле Британија на понижувачко повлекување по кое Идн си дал оставка.[164][165]

Суецката криза јавно покажала дека силата на Британија е ограничена и го потврдиле британското опаѓање на светско ниво,[166][167] од што јасно се гледало дека Британија не може веќе да преземе никакви дејства без делумна или целосна поддршка од страна на Соединетите Американски Држави.[168] Настаните кај Суецкиот Канал ја раниле британската национална гордост, што било причина еден пратеник да ја опише таа ситуација како британското Ватерло (вистинско фијаско)[169], а друг сметал дека земјата се претворила во американски сателит.[170] Маргарет Тачер подоцна, она што го снашло политичкиот систем го опишува како суецки Синдром од кој Британија не се опоравила сѐ до 1982 година кога таа успешно ги освоила Фолкландските Острови кои дотогаш биле во сопственост на Аргентина.[171]

Иако суецката криза предизвикала да се намали моќта на Британија, сепак таа не се распаднала.[172] Британија наскоро ги распоредила своите вооружени сили во областа на Оман каде што тие интервенирале во 1957 година, Јордан (1958 година) и Кувајт (1961 година), но со американско одобрение[173], бидејќи надворешната политика на новиот премиер Харолд Махмилан била да ги одржи блиските врски со Соединетите Држави[169]. Британија била присутна на Блискиот Исток уште една деценија.[174], и во 1967 година се повлекла од Аден, а во 1971 година се повлекла од Бахраин.[175]

Промени

уреди
 
Британска деколонизација во Африка. До крајот на 1960-тите, сите освен Родезија (идната Зимбабве) и јужноафриканскиот мандат на Југозападна Африка (Намибија) постигнале признаена независност.

Махмилан одржал говор во Кејптаун, Јужна Африка во февруари 1960 години а каде што тој зборувал за промените кои се случувале на континентот.[176] Махмилан сакал да се избегне колониска војна која Франција ја водела во Алжир, и под негово водство деколонизацијата забрзано продолжила[177]. Десет пати повеќе колонии, во 1960-тите години, му се додале на бројот на колонии на кои им била доделена независност во 1950-тите години- Судан, Златниот Брег и Малаја..[178]

Освен Јужна Родезија, сите други британски колонии во Африка добиле независност до 1968 година[179]. Британското повлекување од јужните и источните делови на Африка се искомплицирало од страна на белото население во регионот, особено во Родезија, каде што расистичките тензии го натерале Ијан Смит, премиерот, да ја потпише Унилатералната декларација за независност од Британското Царство во 1965 година. Родезија останала во граѓанска војна[180][181] која се водела помеѓу нејзиното бело и црно население сè до Договорот на Ланкастер Хаус во 1979 година. Овој договор привремено и ја вратил Родезија на Британката колониска власт сè додека да може да се одржат избори под британски надзор. Изборите се одржале наредната година и на нив победил Роберт Мугабе кој станал премиер на новата независна држава Зимбабве.

Во Средоземјето, се водела војна која ја започнало населението на грчкиот Кипар и завршила во 1960 година со осамостојување на Кипар под услов Обединетото Кралство да ги задржи воените бази на Акротири и Декелија. Средоземните острови Малта и Гоцо добиле независност од Обединетото Кралство во 1964 година, иако уште во 1955 година се појавила идеја за интеграција кон Британија[182].

Најмногу од британските територии кај Западна Индија добиле независност откако во 1961 и 1962 година, Јамајка и Тринидад ја напуштиле Федерацијата,[183] која се оформила во 1958 година со цел да ги унифицира британските колонии на Карибите под една влада, но се распаднала откако ги изгубила нејзините две најголеми земји-членки. Барбадос добил независност во 1966 година, а остатокот од источните Карибски острови во 1970-тите и 1980-тите години, но Анквила и Турските и Каикоските Острови одбрале да се вратат под британска власт откако започнале да се осамостојуваат.[184] Британските Девствени Острови,[185] Кајманските Острови и Монтсерат одбрале да ги задржат врските со Британија. Гана добила независност од Британија во 1966 година. Британската последна колонија на американско копно, Хондурас станала самоуправувачка колонија во 1964 година и се прекрстила во Белиз во 1973 година, а во 1981 година добила целосна независност. Спорот со Гватемала за Белиз останал нерешен.[186]

Британските територии во Тихиот Океан добиле независност помеѓу 1970-тите години (Фиџи) и 1980-тите години (Вануату). Независноста на Вануату морало да одложи поради политичкиот конфликт со англиските и француските заедници, Британија и Франција[187] заеднички раководеле со островите. Фиџи, Тувалу, Соломонските Острови и Папуа Нова Гвинеја одбрале да останат во Комонвелтот.[188]

Крајот на царството

уреди

Осамостојувањето на Родезија како Зимбабве, Нов Хебридес како Вануату во 1980 година, и Белиз во 1981 година значело дека со исклучок на неколку острови (и заземањето на ненаселениот остров во Атлантскиот Окан) процесот на деколонизација, започнат уште по Втората светска војна, веќе завршил. Британската одлучност да ги брани оние територии кои и останале биле ставена на тест кога Аргентина извршила инвазија врз Фолкландските Острови, врз основа на долгогодишни барања кои датирале од Шпанското Царство.[189] Британската исклучително успешна воена реакција да ги поврати островите за време на Фолкландската војна многу луѓе ја гледале како придонес за враќањето на британската моќ.[190] Истата година канадската влада ја прекинала и последната законска врска со Британија со одвојувањето на Канадскиот устав од Британија. Канадскиот акт од 1982 година бил прифатен од страна на британскиот парламент и ја елиминирал потребата од британското мешање во канадскиот устав..[191] Исти акти биле поднесени и прифатени и за Австралија и Нов Зеланд во 1986 година.[192]

Во септември 1982 година премиерката Маргарет Тачер отпатувала во Пекинг да преговара со кинеската влада за иднината на британската најголема и најнаселена прекуморска територија, Хонгконг.[193] Под условите наведени во Договорот од Нанџјинг во 1842 година, самиот остров Хонгконг и припаѓал на Британија но најголемиот дел населението во колонијата им припаѓало на новите територии кои биле добиени на време од 99 години во 1898 година кое истекувало во 1997 година[194]. Тачер ги забележала сличностите со Фолкландските Острови и прво сакала да го задржи Хонгконг и затоа предложила британска администрација со кинески суверенитет, но Кина ова го одбила..[195] Се постигнал договор, во 1984, под условите наведени во Сино-британската здружена декларација[196], Хонгконг да стане посебен административен регион од Народна Република Кина, и како таков да постои најмалку 50 години.[197] На церемонијата за предавање на Хонгконг во 1997 година учествувал и Чарлс, Принцот од Велс и денешен крал. Оваа церемонија за многумина го означила крајот на царството.[198]

Наследство

уреди
 
14-те Британски прекуморски територии

Британија го задржала суверенитетот на над 14 територии надвор од Британските Острови, кои биле преименувани во Британски прекуморски територии[б 1] во 2002 година со 2.2 милијарди луѓе[201]. Некои се ненаселени, и на нив има само воен или научен персонал. Остатокот од териториите имаат самоуправа која варира и зависност од Обединетото Кралство во врска со надворешните односи и одбраната. Британската влада ја изразила својата волја да ѝ помогне на која било прекуморска територија која сака да стекне независност кога за тоа има можност. Британскиот суверенитет над прекуморските територии е предмет на оспорување од страна на соседите на прекуморските територии, на пр. Гибралтар го бара Шпанија, Фолкландските Острови и Јужна Џорџија и Јужните Сендвички Острови ги бараат Аргентина и Британската Индоокеанска Територија ги бараат Маврициус и Сејшелите. [202]Барањата на Чиле и Аргентина се преклопуваат за британската територија на Антарктикот, а многу земји не признаваат никакви територијални барања за Антарктикот.

Многу поранешни британски колонии членуваат во Комонвелтот, неполитичко, доброволно здружение на еднакви членови. 15 членки на Комонвелтот сѐ уште имаат ист шеф на државата со Обединетото Кралство.

Децении, а во некои случаи и векови британско владеење и емиграција, оставиле траги врз независните нации кои настанале од Британското Царство. Царството исто така придонело и за користењето на англискиот јазик во многу делови од светот. Денес тој им е мајчин јазик на повеќе од 400 милиони луѓе, а една милијарда и половина го зборуваат како нивни прв или втор странски јазик[203] . Ширењето на англискиот јазик од втората половина на 20 век е поттикнато и од културното влијание од Соединетите Американски Држави кои и самите биле создадени од британски колонии. Англискиот парламентарен систем служи како пример за владите на многу поранешни колонии, а англиското обичајно право за многу правни системи. Британскиот правосуден комитет на личниот совет на кралицата сѐ уште претставува највисок апелационен суд за неколку поранешни колонии на Карибите и Тихиот Океан. Британските протестантски мисионери кои ги имало низ целиот свет кои често биле во улога на војници или јавни службеници ја прошириле англиската вероисповед на сите континенти. Британската архитектура во колониите како што биле црквите, железничките станици и владините згради, сѐ уште постои во градовите кои некогаш биле дел од Британското Царство.[204] Поединечните и тимските спортови кои се развиле во Британија, особено фудбал, крикет, тенис на трева и голф биле пренесени и надвор од неа. Британскиот избор на мерен систем, емпириски систем, се користи во некои земји на различни начини. Конвенцијата за возење од левата страна на патот е задржана во многу земји од поранешното царство.[205]

 
Крикет се игра во Индија. Спортовите развиени во Британија или поранешното царство продолжуваат да се гледаат и играат.

Политичките граници кои ги повлекувала Британија, кои не секогаш одразувале хомогени етнички или религиски заедници, придонеле за судирите во поранешно колонизираните територии. Британското Царство исто така е одговорно за многу миграции. Милиони луѓе ги напуштиле Британските Острови со основањето на заедници во Соединетите Држави, Канада, Австралија и Нов Зеланд кои потекнувале главно од Британија и Ирска. Тензиите остануваат помеѓу белото население на овие земји и домородното малцинско население, како и помеѓу белото население и домородното мнозинско население како што е случај во Јужна Африка и Зимбабве. Британското населување во Ирска оставила траги кои се состојат од поделбата на населението на протестантски и католички заедници во Северна Ирска. Милиони луѓе се преселиле во и од британските колонии, со голем број Индијанци кои емигрирале во другите делови од Империјата. Тоа се денешните Малезија, Маврициус, Фиџи, Гана, Тринидад, Кенија, Уганда, Танзанија и Јужна Африка. Кинеската емиграција, примарно од Јужна Кина, довела до создавање на кинеско мнозинство во Сингапур и кинески малцинства на Карибите. Демографската слика на Британија се променила по Втората светска војна поради имиграцијата во Британија од нејзините поранешни колонии.[206]

Вестминстерскиот систем на парламентарна демократија служел како шаблон за владите на многу поранешни колонии,[207][208] и англиското обичајно право за правни системи..[209] Меѓународните трговски договори често се засноваат на англиското обичајно право.[210] Британскиот судски комитет на Приватниот совет сè уште служи како највисок апелационен суд за дванаесет поранешни колонии[211]

Пристапите на историчарите за разбирање на Британското Царство се различни и се развиваат.[276] Две клучни места на дебата во последните децении биле влијанието на постколонијалните студии, кои се обидуваат критички да ја преиспитаат историјата на империјализмот, и континуираната релевантност на историчарите Роналд Робинсон и Џон Галагер, чија работа во голема мера влијаело на империјалната историографија за време на 1950-тите и 1960-тите. Дополнително, различните проценки за наследството на царството остануваат релевантни за дебатите за поновата историја и политика, како што се англо-американските инвазии на Ирак и Авганистан, како и улогата и идентитетот на Британија во современиот свет[212][213]

Историчарите како што е Каролин Елкинс расправаат против перцепциите за Британското Царство како првенствено либерализирачко и осовременување на претпријатието, критикувајќи го неговата широка употреба на насилство и законите за итни случаи за одржување на власта.[213][214] Вообичаените критики на царството вклучуваат употреба на логори во нејзините колонии, масакри на домородните народи,[215]и политики за одговор на глад.[216][217] Некои научници, вклучително и Амартија Сен, тврдат дека британската политика го влошила гладот во Индија кој убил милиони за време на британското владеење.[218] Спротивно на тоа, историчарите како Ниал Фергусон велат дека економскиот и институционалниот развој што го донесе Британското Царство резултирало со нето корист за нејзините колонии.[219] Други историчари го третираат неговото наследство како разновидно и двосмислено.[278] Ставовите на јавноста кон Британското Царство во Британија во 21-от век биле нашироко позитивни, иако чувствата кон Комонвелтот претставувале ставови на апатија и опаѓање.[217][220][151]

Забелешки

уреди
  1. Schedule 6 of the British Nationality Act 1981[199] reclassified the remaining Crown colonies as "British Dependent Territories". The act entered into force on 1 January 1983[200]

Извори

уреди

Works cited

уреди

Наводи

уреди
  1. Ferguson 2002.
  2. Maddison 2001, стр. 97, "The total population of the Empire was 412 million [in 1913]"; Maddison 2001, стр. 241, ""[World population in 1913 (in thousands):] 1 791 020".
  3. Taagepera 1997, стр. 502.
  4. Jackson 2013, стр. 5–6.
  5. Russo 2012, стр. 15, chapter 1 'Great Expectations': "The dramatic rise in Spanish fortunes sparked both envy and fear among northern, mostly Protestant, Europeans.".
  6. 6,0 6,1 Porter 1998, стр. 8; Marshall 1996, стр. 156–157.
  7. Brendon 2007, стр. 660; Brown 1998, стр. 594.
  8. Ferguson 2002, стр. 3.
  9. Andrews 1984, стр. 45.
  10. Ferguson 2002, стр. 4.
  11. Canny 1998, стр. 35.
  12. Koebner 1953, стр. 29–52.
  13. Ferguson 2002, стр. 7.
  14. Canny 1998, стр. 62.
  15. Lloyd 1996, стр. 4–8.
  16. Canny 1998, стр. 7; Kenny 2006, стр. 5.
  17. Taylor 2001, стр. 119, 123.
  18. Andrews 1984, стр. 187; „Letters Patent to Sir Humfrey Gylberte June 11, 1578“. Avalon Project. Архивирано од изворникот 21 March 2021. Посетено на 8 February 2021.
  19. Andrews 1984, стр. 188; Canny 1998, стр. 63.
  20. Canny 1998, стр. 63–64.
  21. Canny 1998, стр. 34.
  22. Canny 1998, стр. 71.
  23. 23,0 23,1 Canny 1998, стр. 221.
  24. Watson, Karl (2 February 2011). „Slavery and Economy in Barbados“. BBC History. Архивирано од изворникот 12 February 2012. Посетено на 5 June 2022.
  25. Higman 2000, стр. 224; Richardson 2022, стр. 24.
  26. Higman 2000, стр. 224–225.
  27. Lloyd 1996, стр. 32.
  28. Lloyd 1996, стр. 33, 43.
  29. Andrews 1984, стр. 316, 324–326.
  30. Lloyd 1996, стр. 15–20.
  31. Andrews 1984, стр. 20–22.
  32. Lloyd 1996, стр. 40.
  33. Ferguson 2002, стр. 72–73.
  34. 34,0 34,1 34,2 Buckner 2008, стр. 25.
  35. Lloyd 1996, стр. 37.
  36. Pettigrew 2013, стр. 11.
  37. Pettigrew 2007, стр. 3–38.
  38. James 2001, стр. 17.
  39. Ferguson 2002, стр. 62.
  40. Canny 1998, стр. 228.
  41. Draper, N. (2008). „The City of London and Slavery: Evidence from the First Dock Companies, 1795–1800“. The Economic History Review. 61 (2): 432–433, 459–461. doi:10.1111/j.1468-0289.2007.00400.x. ISSN 0013-0117. JSTOR 40057514. S2CID 154280545. Архивирано од изворникот 8 June 2022. Посетено на 8 June 2022.
  42. Nellis 2013, стр. 30.
  43. Marshall 1998, стр. 440–464.
  44. Lloyd 1996, стр. 13.
  45. 45,0 45,1 45,2 Ferguson 2002, стр. 19.
  46. Canny 1998, стр. 441.
  47. Pagden 2003, стр. 90.
  48. 48,0 48,1 48,2 Shennan 1995, стр. 11–17.
  49. Anderson & Combe 1801, стр. 277.
  50. Pagden 2003, стр. 91.
  51. Smith 1998, стр. 17.
  52. Ferguson 2002, стр. 84.
  53. Marshall 1996, стр. 312–223.
  54. Canny 1998, стр. 92.
  55. For a review of the historiography of the concepts of the first and second British Empires, see: Robin Winks and Wm. Roger Louis (eds.), The Oxford History of the British Empire: Volume V: Historiography (Oxford Academic: 1999), chapter 2 (P. J. Marshall, "The First British Empire"), and chapter 3 (C.A. Bayley, "The Second British Empire").
  56. Pagden 2003, стр. 91; James 2001, стр. 120.
  57. James 2001, стр. 119; Marshall 1998, стр. 585.
  58. Zolberg 2006, стр. 496.
  59. Games 2002, стр. 46–48.
  60. Kelley & Trebilcock 2010, стр. 43.
  61. Smith 1998, стр. 28.
  62. Smith 1998, стр. 20.
  63. Smith 1998, стр. 20–21.
  64. „Trove - Archived webpage“. Trove (англиски). Архивирано од изворникот на 2011-02-05. Посетено на 2023-05-11.
  65. Peters 2006, стр. 5–23.
  66. James 2001, стр. 142.
  67. Mulligan & Hill 2001, стр. 20–23.
  68. Macintyre 2009, стр. 33–34; Broome 2010, стр. 18.
  69. Blackmar, Frank Wilson (1891). Spanish Institutions of the Southwest Issue 10 of Johns Hopkins University studies in historical and political science. Hopkins Press. стр. 335. Архивирано од изворникот 14 January 2023. Посетено на 5 June 2022.
  70. Pethick, Derek (1980). The Nootka Connection: Europe and the Northwest Coast 1790–1795. Vancouver: Douglas & McIntyre. стр. 18. ISBN 978-0-8889-4279-1.
  71. Innis, Harold A (2001) [1930]. The Fur Trade in Canada: An Introduction to Canadian Economic History (reprint. изд.). Toronto, Ontario: University of Toronto Press. ISBN 978-0-8020-8196-4.
  72. James 2001, стр. 152.
  73. James 2001, стр. 151.
  74. Lloyd 1996, стр. 115–118.
  75. James 2001, стр. 165.
  76. „Why was Slavery finally abolished in the British Empire?“. The Abolition Project. Архивирано од изворникот 26 November 2016. Посетено на 31 December 2016.
  77. Porter 1998, стр. 14.
  78. Hinks 2007, стр. 129.
  79. „Slavery After 1807“ (англиски). Historic England. Архивирано од изворникот 15 August 2021. Посетено на 24 November 2019. As a result of public pressure apprenticeships were abolished early, in 1838.
  80. „Slavery Abolition Act 1833; Section XXIV“. pdavis. 28 August 1833. Архивирано од изворникот 24 May 2008. Посетено на 3 June 2008.
  81. Sanchez Manning (24 February 2013). „Britain's colonial shame: Slave-owners given huge payouts after“. The Independent. Архивирано од изворникот 12 December 2019. Посетено на 11 February 2018.
  82. Hyam 2002, стр. 1; Smith 1998, стр. 71.
  83. 83,0 83,1 Porter 1998, стр. 401.
  84. Porter 1998, стр. 332; Johnston & Reisman 2008, стр. 508–510; Sondhaus 2004, стр. 9.
  85. Lee 1994, стр. 254–257.
  86. Dalziel 2006, стр. 88–91.
  87. Mori 2014, стр. 178.
  88. Janin 1999, стр. 28.
  89. Parsons 1999, стр. 44–46.
  90. Smith 1998, стр. 50–57.
  91. Brown 1998, стр. 5.
  92. Marshall 1996, стр. 133–134.
  93. „Musket Wars“. NZ History. Ministry for Culture and Heritage). 2021. Посетено на 2 November 2024.
  94. Smith 1998, стр. 45; Porter 1998, стр. 579; Mein Smith 2005, стр. 49; „Waitangi Day“. nzhistory.govt.nz. New Zealand Ministry for Culture and Heritage. Архивирано од изворникот 20 December 2008. Посетено на 13 December 2008..
  95. Moon 2007, стр. 48.
  96. „Crown colony era“. NZ History. Ministry for Culture and Heritage. Посетено на 2 November 2024.
  97. Moon 2010, стр. 66.
  98. Hopkirk 1992, стр. 1–12.
  99. 99,0 99,1 99,2 James 2001, стр. 182.
  100. Royle 2000, preface.
  101. Williams 1966, стр. 360–373.
  102. Hodge 2007, стр. 47.
  103. Smith 1998, стр. 85.
  104. Lloyd 1996, стр. 255.
  105. Tilby 2009, стр. 256.
  106. Louis 1986, стр. 718.
  107. Ferguson 2002, стр. 230–233.
  108. James 2001, стр. 274.
  109. „Treaties“. Egypt Ministry of Foreign Affairs. Архивирано од изворникот на 15 September 2010. Посетено на 20 October 2010.
  110. Herbst 2000, стр. 71–72.
  111. Vandervort 1998, стр. 169–183.
  112. Lloyd 1996, стр. 215.
  113. Kelly, Ralph (8 August 2017). „A Flag for the Empire“ (PDF). The Flag Institute. Архивирано (PDF) од изворникот 13 August 2023. Посетено на 13 August 2023.
  114. Ford, Lisa (2021). The King's Peace: Law and Order in the British Empire. Cambridge, Massachusetts London, England: Harvard University Press. ISBN 978-0-6742-4907-3.
  115. 115,0 115,1 Rhodes, Wanna & Weller 2009, стр. 5–15.
  116. 116,0 116,1 James 2001, стр. 315.
  117. Smith 1998, стр. 92.
  118. O'Brien 2004, стр. 1.
  119. Brown 1998, стр. 667.
  120. Lloyd 1996, стр. 275.
  121. Lloyd 1996, стр. 278.
  122. Brown 1998, стр. 494–495.
  123. Ferguson 2002, стр. 315.
  124. Fox 2008, стр. 23–29, 35, 60.
  125. Goldstein 1994, стр. 4.
  126. Louis 2006, стр. 302.
  127. Louis 2006, стр. 294.
  128. Louis 2006, стр. 303.
  129. Lee 1996, стр. 305.
  130. Smith 1998, стр. 95.
  131. Magee 1974, стр. 108.
  132. James 2001, стр. 416.
  133. Smith 1998, стр. 104.
  134. Brown 1998, стр. 292.
  135. Low 1966, стр. 241–259.
  136. Smith 1998, стр. 101.
  137. Brown 1998, стр. 68; McIntyre 1977, стр. 186.
  138. Lloyd 1996, стр. 300.
  139. Galligan 1995, стр. 122.
  140. Lloyd 1996, стр. 313–314.
  141. Gilbert 2005, стр. 234.
  142. Lloyd 1996, стр. 316; James 2001, стр. 513.
  143. Mehta, B.L.G.A. A New Look at Modern Indian History : From 1707 to The Modern Times. S. Chand Publishing. стр. 319. ISBN 978-93-5501-683-6.
  144. Louis 2006, стр. 337; Brown 1998, стр. 319.
  145. James 2001, стр. 460.
  146. Darwin 2012, стр. 340.
  147. Smith 1998, стр. 67.
  148. Lloyd 1996, стр. 325.
  149. Zeb, R. (2019). Ethno-political Conflict in Pakistan: The Baloch Movement. ISSN. Taylor & Francis. стр. 78. ISBN 978-1-000-72992-4.
  150. McIntyre 1977, стр. 355–356.
  151. 151,0 151,1 Mycock, Andrew (2009). „British Citizenship and the Legacy of Empires“. Parliamentary Affairs. 63 (2): 339–355. doi:10.1093/pa/gsp035. ISSN 0031-2290.
  152. Lloyd 1996, стр. 327.
  153. Lloyd 1996, стр. 328.
  154. „The British Army in Palestine“. National Army Museum. Архивирано од изворникот 29 June 2019. Посетено на 25 June 2019.
  155. 155,0 155,1 Lloyd 1996, стр. 335.
  156. Lloyd 1996, стр. 364.
  157. Lloyd 1996, стр. 396.
  158. Trumbull, Robert (1 January 1984). „Borneo Sultanate Now Independent“. The New York Times. Архивирано од изворникот 15 July 2020. Посетено на 15 July 2020.
  159. James 2001, стр. 572.
  160. Brown 1998, стр. 339–340.
  161. James 2001, стр. 581.
  162. Ferguson 2002, стр. 355.
  163. Ferguson 2002, стр. 356.
  164. Combs 2008, стр. 161–163.
  165. „Suez Crisis: Key players“. BBC News. 21 July 2006. Архивирано од изворникот 3 February 2012. Посетено на 19 October 2010.
  166. Brown, Derek E. (14 March 2001). „1956: Suez and the end of empire“. The Guardian. Архивирано од изворникот 19 December 2018. Посетено на 19 December 2018.
  167. Reynolds, Paul (24 July 2006). „Suez: End of empire“. BBC News. Архивирано од изворникот 30 August 2017. Посетено на 19 December 2018.
  168. Brown 1998, стр. 342; Smith 1998, стр. 105; Burk 2008, стр. 602.
  169. 169,0 169,1 Brown 1998, стр. 343.
  170. James 2001, стр. 585.
  171. „An affair to remember“. The Economist. 27 July 2006. ISSN 0013-0613. Архивирано од изворникот на 8 May 2016. Посетено на 25 June 2016.
  172. Smith 1998, стр. 106.
  173. James 2001, стр. 586.
  174. Pham 2010.
  175. Lloyd 1996, стр. 370–371.
  176. James 2001, стр. 616.
  177. Louis 2006, стр. 46.
  178. Lloyd 1996, стр. 427–433.
  179. Cannon, John; Crowcroft, Robert, уред. (2015). „Colonial Office“. A Dictionary of British History (3rd. изд.). Oxford University Press. doi:10.1093/acref/9780191758027.001.0001. ISBN 978-0-1917-5802-7.
  180. Anderson 2005, стр. 4.
  181. Zane, Damian (27 August 2019). „The Kenyan school that was once a British detention camp“. BBC News (англиски). Архивирано од изворникот 3 December 2019. Посетено на 24 November 2019.
  182. Springhall 2001, стр. 100–102.
  183. Knight & Palmer 1989, стр. 14–15.
  184. Clegg 2005, стр. 128.
  185. Lloyd 1996, стр. 428.
  186. Lloyd 1996, стр. 401, 427–429.
  187. Macdonald 1994, стр. 171–191.
  188. McIntyre 2016, стр. 35.
  189. James 2001, стр. 624–625.
  190. James 2001, стр. 629.
  191. Gérin-Lajoie 1951.
  192. Brown 1998, стр. 689.
  193. Brendon 2007, стр. 654.
  194. Joseph 2010, стр. 355; Rothermund 2006, стр. 100.
  195. Brendon 2007, стр. 654–655.
  196. Brendon 2007, стр. 656.
  197. Brendon 2007, стр. 660.
  198. Brown 1998, стр. 594.
  199. „British Nationality Act 1981, Schedule 6“. legislation.gov.uk. Архивирано од изворникот 1 April 2019. Посетено на 18 March 2019.
  200. „The British Nationality Act 1981 (Commencement) Order 1982“. legislation.gov.uk. Архивирано од изворникот 1 April 2019. Посетено на 18 March 2019.
  201. The Commonwealth – About Us Архивирано на 27 септември 2013 г.; Online September 2014
  202. „Head of the Commonwealth“. Commonwealth Secretariat. Архивирано од изворникот на 6 July 2010. Посетено на 9 October 2010.
  203. Hogg 2008, стр. 424, chapter 9 English Worldwide by David Crystal: "approximately one in four of the worlds population are capable of communicating to a useful level in English".
  204. Torkildsen 2005, стр. 347.
  205. Pestan 2009, стр. 185.
  206. Dalziel 2006, стр. 135.
  207. Go 2007, стр. 92–94.
  208. „How the Westminster Parliamentary System was exported around the World“. University of Cambridge. 2 December 2013. Архивирано од изворникот 16 December 2013. Посетено на 16 December 2013.
  209. Ferguson 2002, стр. 307.
  210. Cuniberti 2014, стр. 455.
  211. Young 2020, стр. 20.
  212. Middleton, Alex (6 August 2019). „Review: The Imperial History Wars: Debating the British Empire, by Dane Kennedy“. The English Historical Review. 134 (568): 773–775. doi:10.1093/ehr/cez128. ISSN 0013-8266.
  213. 213,0 213,1 Rana, Mitter (17 March 2022). „Legacy of Violence — the bloody ends of empire“. Financial Times. Архивирано од изворникот 10 December 2022. Посетено на 29 June 2022.
  214. Elkins, Caroline (2022). Legacy of Violence: A History of the British Empire. Knopf Doubleday Publishing. стр. 14–16, 680. ISBN 978-0-3072-7242-3.
  215. Howe, Stephen (2010). „Colonising and Exterminating? Memories of Imperial Violence in Britain and France“. Histoire Politique. 11 (2): 13–15. doi:10.3917/hp.011.0012.
  216. Sheldon, Richard (2009). „Development, Poverty & Famines: The Case of British Empire“. Во Duffield, Mark; Hewitt, Vernon (уред.). Empire, Development and Colonialism: The Past in the Present. Woodbridge, Suffolk: Boydell & Brewer. стр. 74–87. ISBN 978-1-8470-1011-7. JSTOR 10.7722/j.ctt81pqr.10.
  217. 217,0 217,1 Stone, Jon (21 January 2016). „British people are proud of colonialism and the British Empire, poll finds“. The Independent (англиски). Архивирано од изворникот 28 June 2022. Посетено на 28 June 2022.
  218. Sen, Amartya. Development as Freedom. ISBN 978-0-3857-2027-4 ch 7
  219. Ferguson, Niall (3 June 2004). „Niall Ferguson: What the British Empire did for the world“. The Independent (англиски). Архивирано од изворникот 29 June 2022. Посетено на 29 June 2022.
  220. Booth, Robert (11 March 2020). „UK more nostalgic for empire than other ex-colonial powers“. The Guardian (англиски). Архивирано од изворникот 25 June 2022. Посетено на 29 June 2022.

Надворешни врски

уреди