Јован Безземниот (24 декември 116618 октомври 1216; англиски: John Lackland, англонормандски: Johan sanz Terre) — крал на Англија во периодот од 1199 до 1216 година, наследувајќи го својот брат Ричард I. Прекарот го добил поради тоа што не добил никаква земја од страна на својот татко, сè до смртта на своите постари браќа, но и поради загубата на голем дел од француските територии. Тој бил наследен од страна на неговиот син Хенри III.

Јован Безземниот
John of England
Jean d'Angleterre
Крал на Англија
На престол6 април 1199 – 19 октомври 1216 (&1000000000000001700000017 години и &10000000000000196000000196 дена)
Крунисување27 мај 1199
ПретходникРичард I
НаследникХенри III
Почивалиште
СопругаИзабела Глостерска
1189 - 1199
Изабела Ангулемска
1200 - 1216
ДецаХенри III
Ричард (Прв Ерл од Корнвол)
Јована, кралица на Шкотска
Изабела, Света римска принцеза
Елеонора Лестерска
ДинастијаДинастија Плантагенет
ТаткоХенри II
МајкаЕлеонора Аквитанска

Во јуни 1215 година, кралот под притисок на бунтовничките велможи бил принуден да ја потпише Големата повелба за правата (латински: Magna Carta Libertatum). Со неа била ограничена моќта на монархот, а обичните луѓе се стекнале со права, со што започнале да се развиваат идеите за слобода и демократија.

Рани години

уреди

Јован бил петтиот син на Хенри II и Елеонора Аквитанска. Тој бил миленик на своите родители, но бидејќи бил најмлад, не можел да очекува никакво наследство. Во времето кога неговите браќа направиле сојуз против Хенри II, Јован честопати бил или на едната или на другата страна од конфликтот. Во 1184 година, Ричард и Јован ја сакале Аквитанија под своја управа. Во 1185 година тој станал владетел на Ирска, но главно поради фактот што не бил почитуван и сакан од народот, тој од таа позиција се повлекол по осум месеци. Во 1189 година, за нов крал на Англија бил избран Ричард I.

Отсуството на Ричард

уреди

Во времето кога Ричард тргнал во Третиот крстоносен поход, Јован се обидел да го смени бискупот од Елија, кој бил поставен од страна на Ричард како регент за време на неговото отсуство. Кога Ричард се враќал од крстоносниот поход, тој од страна на австрискиот цар Хенрик VI, кој побарал голема сума на пари како откуп за Ричард. Споре денкои, Јован испратил писмо до австрискиот цар во кое барал Ричард да не биде пуштен на слобода. Но, приврзаниците на Ричард по неколку години го платиле надоместокот, па во 1194 година Ричард се вратил во Англија. Ричард му простил на својот брат, и го именувал за свој наследник.

Конфликтот со Артур

уреди

По смртта на Ричард, Јован бил прогласен за нов крал на Англија. Неговиот внук, Артур Бретонски, кој бил син на неговиот брат Жофроа Бретањски. Артур, кој имал поддршка од страна на францускиот крал Филип II Август, сакал тој да биде прогласен за идниот крал на земјата, па така се дошло до конфликт. Од друга страна пак, Франција ги нападнала англиските територии кои се наоѓале на територијата на денешна Франција. По победата, тој овие земји, без Нормандија, ги доделил на Артур.

Поради ова, кралот на Англија наредил да се изгради бродска база во Портсмут. До крајот на 1204 година, Англија имала 45 големи борбени бродови, и секоја година производството се зголемувало за четири бродови. Тој се смета за основач на кралската монарница.

Јован се оженил за ќерката на велшкиот принц. По ова, Артур се обидел да ја киднапира мајка му Елеонора, но тој бил фатен и заточен во Руан.

Подоцнешни години

уреди

Во 1207 година, Јован влегол во конфликт со папа Инокентиј III. Свештениците барале од кралот право да тие имаат можност да го избираат новиот епископ. Спорот со папата се појавил кога тој откажал на папата да Стивен Ленгдан биде новиот епископ на Кентербери. По две години, Јован попуштил и се признал за вазал на папата во Рим.

Политиката која ја спроведувал Јован била доста непопуларна. Последните десет години од неговото владеење биле исполнети со неколку обиди да се вратат загубените територии од Франција. За финансирање на тие походи, тој ги зголемил даноците на велможите, по кое се развило незадоволство кај истите. Во 1215 година тие го зазеле Лондон. Под притисок на велможите, тој ја потпишал т.н. Големата повелба, според која ги намалил правата на монарсите.

Јован починал на 19 октомври 1216 г. Го наследил Хенри III.

Јован Безземниот
Роден(а): 24 декември 1166 Починал(а): 19 октомври 1216
Владејачки титули
Претходник
Ричард I
Крал на Англија
1199–1216
Наследник
Хенри III¹
Нова титула
Владетел на Ирска
1185–1216
Владејачки титули
Претходник
Елеонора и Ричард I
Војвода од Аквитанија
1199–1216
со Елеонора (1199–1204)
Наследник
Хенри III¹
Претходник
Ричард I
Војвода од Нормандија
1199–1204
припојување од Франција
Војвода од Мајн
1199–1203