Крак де Шевалие
Крак де Шевалие (арапски: قلعة الحصن), позната и како Рицарска тврдина е едно од најзначајните места на болничарите крстоносци за време на крстоносните војни. Се наоѓа во денешна Сирија. Првиот замок бил изграден во 1031 година од Емират Алеп. По првата крстоносна војна, замокот бил заземан од крстоносците на чело со Ремон IV Тулушки. Болничарите ја прошириле тврдината, подигнувајќи ѕидини и седум кули. Во внатрешноста била изградена огромна кула со готски стил. Од 2006 објектот бил вклучен во списокот на УНЕСКО.
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | ii, iv |
Навод | 1229 |
Запис | 2006 (30th заседание) |