Тешка индустријастопанска дејност која подразбира индустриско производство на големи и тешки добра. Тука спаѓа изработката на тешка машинерија, големи машински строеви и огромни зданија од значајни размери, што се одликува со многубројни и сложени процеси. Поради овие чинители, тешката индустрија подразбира поголема капитална интензивност отколку лесната индустрија и поголема цикличност во поглед на вложувањето и вработувањето.

Челичаната „Кошице“ (Словачка) — типичен пример за фабрика од тешката индустрија.
Рудникот „Добрево“ во Злетовско-пробиштипскиот крај.

Уште од почетокот на Индустриската револуција, главни тешки индустрии биле превозот и градежништвото, заедно со придружното снабдување со производствени залихи. Од средината на XIX до почетокот на XX век, типични примери за ваквата индустрија биле челичарството, производството на артилерија, локомотиви, машинството и потешките видови на рударство. Од крајот на XIX до средината на XX век се развиле хемиската и електричната индустрија, каде тешката и лесната индустрија играле подеднаква улога; такви примери се автомобилската индустрија и авиоиндустријата. Современата бродоградба (која користи челик место дрво) се смета за тешка индустрија. Ваквите дејности исто така подразбираат големи системи со примена во изградбата на облакодери и големи брани во периодот по Втората светска војна, како и изградбата на големи ракети и џиновски ветерни турбини во текот на XXI век.

Како економска стратегија

уреди

Многу источноазиски земји зависат од тешката индустрија како клучен дел на севкупното стопанство. Овие претпријатија можат да бидат и добавувачи за потребите на државата, особено за војската.

Во XX век комунистичките држави го планирале стопанството со голем нагласок на развојот на тешката индустрија за сметка на лесните индустриски гранки, до степен на големи опортунитетни трошоци на границата на производните можности, со цел да не заостанат воено зад западните сили. На пример, масовната индустријализација на Советскиот Сојуз во 1930-те тежнеела кон производство на камиони, тенкови, артилерија, авиони и воени бродови сè со цел државата да стане велесила.

Во урбанистичкото зонирање

уреди

Тешката индустрија често има посебно место во месните уредби за зонирање. Планирање им овозможува на ваквите фабрики да бидат однапред сместени онаму каде што ќе имаат најмало штетно влијание врз околината, а складност со инфраструктурата и трудовите потреби. На пример, при изградбата на депонии често се зема предвид големото расходување на патиштата кои водат до неа поради постојаното сообраќање на тешки товарни возила до неа.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  • Morris Teubal, "Heavy and Light Industry in Economic Development" The American Economic Review, Vol. 63, No. 4. (Sep. 1973), pp. 588–596.
  • "Some Definitions in the Vocabulary of Geography", IV, British Association Glossary Committee, The Geographical Journal, Vol. 118, No. 3. (Sep. 1952), pp. 345–346.

Надворешни врски

уреди