Википедија:WikiGap Skopje 2018
„WikiGap edit-a-thon Skopje“ — локален настан во вид на уредувачки маратон на глобалната шведска иницијатива WikiGap со цел надминување на родовиот јаз, кој постои на самата Википедија и општо на семрежниот простор, кој е во организација на шведската амбасада во Скопје, здружението Споделено знаење, канцеларијата на Телото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women) во Скопје, како и други партнери од невладиниот сектор за збогатување на Википедија на македонски јазик со статии за познати жени од Македонија.
Настанот ќе се одржи на 20 јуни 2018 година во просториите на Јавна соба (видете карта) во Скопје, кога ќе учесниците ќе бидат воведени во работилницата, основите на уредувањето на Википедија и слободните лиценци, за потоа да следи уредувачки маратон за истакнати жени од Македонија, кои не се видливи на интернет-просторот.
Заднина
уредиВикипедија е најголемата и најкористена светска онлајн енциклопедија, чија содржина се создава од бројни доброволци. Од нејзиното создавање во 2001 година има околу 47 милиони статии на 299 јазици, а македонското јазично издание има околу 94.700 статии и целта е да го собере целото човеково знаење на македонски јазик; знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно до секого.
Но, како и во други делови на општеството, постои родова нееднаквост на самата Википедија во однос на застапеност на статии за жени и за прашања поврзани со женските права или родовата еднаквост. Глобална статистика е дека има 4 пати повеќе статии за мажи отколку за жени и 90% од содржината е создавана од мажи. Иако овие бројки имаат регионални варијации, јасен е фактот дека информациите поврзани со жените се многу помалку застапени од тие за мажите.
Затоа, шведската амбасада, во соработка со канцеларијата на UN Women во Скопје, во партнерство со други невладини организации од областа на граѓанскиот и женскиот активизам, независни експерти и академската сфера, како и со поддршка на Споделено знаење-Викимедија Македонија (Википедија на македонски јазик), ќе организира WikiGap уредувачки маратон за зголемување на бројот на текстови за истакнати жени од Македонија или значајни настани за родовата еднаквост на Википедија.
Партнерски организации и независни експерти кои го поддржуваат настанот се: Акција Здруженска, Бори се женски, Институт за родови студии – Филозофски факултет, Скопје, Институт за човекови права, Kvinna till Kvinna, Коалиција Маргини, Младински образовен форум – МОФ, Национален совет за родова еднаквост, Реактор – Истражување во акција, Tiiiit INC., Женска граѓанска иницијатива – Антико, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Христина Ивановска, уметничка.
Што е WikiGap?
уредиWikigap е всушност глобална шведска иницијатива со идеја за премостување на овие разлики и родови нееднаквости кои опстојуваат во онлајн светот, која до сега генерираше околу 3000 нови или проширени биографии на жени на Википедија. Повеќе од 1600 учесници во педесетина земји до сега беа вклучени во пишување статии за жени на повеќе од 30 јазици.
Што е уредувачки маратон?
уредиУредувачките маратони (edit-a-thons) се настани на коишто заедниците, од типот на Википедија и други партнерски организации уредуваат содржини или подобруваат специфични теми или содржини.
Пред настанот
уредиВи благодариме што ни се придружувате заедно да придонесеме за намалување на родовиот јаз во онлајн просторот и зајакнување на застапеноста на жените во интернет енциклопедијата Википедија на македонски јазик.
Подготовка
уреди- Пријавете се како волонтер за настанот на следниот формулар за учество (доколку веќе не сте го направиле тоа);
- Регистрирајте се на Википедија до еден ден пред настанот - многу е едноставно;
- Погледнете го списокот на предложени теми за уредување статии;
- Размислете дали вие имате предлог за жени за кои треба да има статија на Википедија, а недостига или е оскудна;
- Размислете од каде може да најдете извори на информации кои би се користеле за некоја биографска статија;
- Вежбајте како се прават Википедија статии, на „песокот“, страница на која можете да правите тест-уредувања без да ги објавите; и
- Не го заборавајте својот лаптоп!
Корисни информации
уредиИскусните уредници на Википедија разбираат пред сè една работа: Википедија е соработка. Нема потреба да се грижите, бидејќи ја имате поддршката на целата заедница од истражувачи, прегледувачи и проверувачи на факти. На самиот настан, присутен ќе биде тимот на Споделено знаење одговорен за Википедија на македонски јазик, кои ќе помогнат со техничките аспекти и со секое ваше прашање.
Основни столбови на Википедија
уредиПетте основни столбови на Википедија се:
- Википедија е енциклопедија;
- Википедија има неутрална гледна точка;
- Википедија е со бесплатна содржина која секој може да ја користи, уредува и дистрибуира;
- Википедија има кодекс на однесување со почит помеѓу сите википедијанци; и
- Википедија нема цврсти правила освен овие 5 принципи.
Пишување статии
уредиСоздавањето на статија на Википедија е многу слично на пишување есеј, бидејќи вклучува наслов и поднаслови, текст и извори. Википедија има енциклопедиски стил на пишување и статиите се со формален начин на нарација, со конкретни реченици изградени од факти, а не мислења.
Веродостојност
уредиКога го пишувате текстот и насловите, мислете на тоа што е битно, а што не, и користете што е можно повеќе веродостојни извори. Сите информации треба да се лесно проверливи. Наведете ги вашите извори за други да можат да ја проверат и прошират вашата статија.
Кога додавате информации во статиите, бидете сигурни дека се напишани со свои зборови. Запомнете дека сите информации најдени на интернет се заштитени освен ако мрежното место специфично не го тврди спротивното.
Фотографии
уредиНајголемиот дел од фотографиите кои се најдени на интернет се заштитени со авторски права и не можат да бидат користени на Википедија. Фотографиите кои се користат најдобро би било да се преземени од Заедничката Ризница (сестрински проект на Википедија), складиште на слободни фотографии поради услови за фер користење.
Категории
уредиПоврзување со други статии кои се на слична тема како за таа која пишувате е исто така пожелно. Секоја статија би требала да биде поврзана со најмалку една категорија (на пр. Борки од Втората светска војна).
Извори
уредиОрганизаторите ќе обезбедат некои релевантни извори и книги, но доколку имате ваши извори земете ги со вас. Печатените извори (и семрежните верзии на тие извори) се најчесто најверодостојни, како и онлајн извори. Некои примери вклучуваат (но не се ограничени само на): книги издадени од големи издавачки куќи, весници, магазини, рецензирани школарски журнали, веб-места од било кое од горенаведените, а и други веб-места кои ги задоволуваат истите основни критериуми како било кој печатен извор.
Друштвени медиуми
уредиСлободно споделувајте го настанот на друштвените медиуми пред, за време и по настанот со тарабната ознака #WikiGap и #WikiGapSkopje. Можете да го користите логото прикаченo на оваа страница.
WikiGap Skopje 2018
уредиНа овој настан во Скопје ќе се подобруваат теми и содржини на тема „Познати жени од Македонија“, односно ќе се обидеме да ја унапредиме родовата еднаквост и да ја подобриме застапеноста на жените на онлајн светот.
Статиите ќе се однесуваат на жени од Македонија кои направиле значајна промена во различни полиња на општественото живеење (уметност, наука, бизнис, борки за женски, социјални, општествени права...), посебно жени за кои не може да се најдат податоци така лесно. Период кој е во фокус е од втората половина на XIX век, до првата половина на XX век, но оставена е и поширока временска рамка и на наши современички.
Статиите ќе бидат на македонски јазик и можат да бидат од два типа:
- статии за жени за кои нема статија на Википедија (или е многу оскудна), чија содржина ќе биде создадена врз основа на стручна литература и сигурни и веродостојни извори;
- преводи на веќе постоечки статии за жени на Википедија од англиски (или друг јазик) на македонски јазик.
Распоред
уредиДен | Активност | Опис | Место | Време |
---|---|---|---|---|
20 јуни | Воведен дел | пристигнување на учесниците и неформално дружење и запознавање | Јавна соба | 17:00 - 17:30 ч. |
Поздравно обраќање | кратко поздравно обраќање на амбасадорот на Шведска во Македонија, Матс Стафансон, и партнерските организации | 17:30 - 17:45 ч. | ||
Почетен курс за уредување | како се уредуваат содржини на Википедија | 17:45 - 18:15 ч. | ||
Уредувачки маратон | уредување статии со пауза за храна и дружење | 18:15 - 21:30 ч. |
Содржина за уредување статии
уредиПодолу следи, список на предложени теми за уредување статии на биографии на жени, составен од 283 наслови кои ги нема на Википедија на македонски јазик, како и додатен список на статии кои се оскудни и треба да се подобрат. Волонтерите можат да изберат од овие два списока, но и да уредуваат статии за жени по свој избор, за кои имаат релевантни извори.
На настанот ќе има достапна литература којашто ќе им послужи на учесниците во маратонот за уредување на статиите, а волонтерите да работат и со свои извори на информации.
На настанот ќе биде достапна и предлог-структура за изглед на биографска статија, која ќе го олесни уредувањето.
Списокот на статии кои може да се уредуваат е составен користејќи ја Македонската енциклопедија, од која се извадени 283 одредници за кои нема статии на Википедија на македонски јазик.
Исто така обезбедена е и достатна литература којашто ќе им послужи на учесниците во маратонот за уредување на статиите, а изработен и предлог-структура за изглед на биографска статија.
- ВАЖНО: Секој учесник на маратонот задолжително да го внесе своето корисничко име во полето „учесник“ пред уредувањето на некоја статија. Доколку страницата ја уредува некој друг, системот ќе ви прати порака за спротивставено уредување, поради што обидете се повторно да го внесете вашиот податок.
Список на учесници
уреди- (Н) — новосоздадена статија
- (П) — подобрена статија
Галерија
уредиСите фотографии направени за време на маратонот, веќе можете да ги најдете на следнава категорија:
- ВикиГап Скопје на Ризницата ?
Костур на статија
уреди{{Инфокутија за личност | име = | портрет = | опис = | родено-име = | роден-дата = <!-- {{роден на|20|јуни|1920}} --> | роден-место = <!-- населено место, административен регион, суверена држава.--> | починал-дата = <!-- {{починал на и возраст|df=yes|гггг|мм|дд|гггг|мм|дд}} (прво дата на смрт, а потоа дата на раѓање) --> | починал-место = <!-- населено место, административен регион, суверена држава.--> | починал-причина = | националност = | познат = <!-- овде треба да стои по што е позната личноста --> | наставка = а | занимање = | сопружник = | татко = | мајка = | родители = | роднини = | деца = }} '''име''' ({{родена на|дд|јуни|гггг}}, во {{родена во|град}} — {{почината на|дд|октомври|гггг}}, {{почината во|град}}) — [[Македонија|македонска]] .<ref>{{МакЕнц|231|Бучим|I}}</ref><!-- (каде „231“ е бројот на страницата и „Бучим“ е насловот на статијата, а томот е I) --> == Биографија == == Наводи == {{наводи}} {{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:презиме, име}} [[Категорија:Луѓе од град]] [[Категорија:Македонски ]]
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- WikiGap Skopje 2018 на Ризницата ?