Тодорка Кондова-Зафировска

македонска глумица и режисерка

Тодорка Кондова-Зафировска (1 февруари 1926 во Прилеп29 мај 2003 во Скопје) — македонска глумица и режисерка.[1]

Тодорка Кондова-Зафировска
Роден(а)1 февруари 1926
Прилеп, Кралство СХС
Починал(а)29 мај 2003(2003-05-29) (возр. 77)
Скопје, Македонија
НационалностМакедонка
Занимањеглумица, режисерка
Активен период1952 - 2003
Познат(а) поУлоги: Донка („Бегалка“), Фјокла Ивановна („Женидба“), Лаура („Во агонија“), Емилија („Отело“), Царицата („Јане Задрогаз“), Керон („Партитура на еден Мирон“), Андромаха („Тројанки“), Лисистрата (во истоименото дело), Мартина („Учени жени“) и др. Режии: „Вејка на ветрот“, „Сид“, „Бегалка“, „Кројач за дами“, „Сојуз на лажни светци“, „Пигмалион“, „Владимир и Косара“ и др.

Животопис

уреди

Тодорка завршила Театарска академија во Белград, на Отсекот за режија (1952). Таа била член на драмата во МНТ (1945-1964) и во Драмскиот театар од 1964 година до пензионирањето. Нејзиниот творечки опус е обемен, раскошен според карактерот и димензиите и се вбројува во редот на остварувањата на избраните великани на македонското глумиште. Таа се искажува како драмска, филмска, радио и телевизиска глумица, режисерка и професорка по глумечко мајсторство на Факултетот за драмски уметности во Скопје, коешто и го потврдило со објавениот учебник „Глумечко мајсторство“.

Филмографија

уреди
Година Филм Улога
1967 Да видам, да видам што да бидам ТВ-серија
1968 Лудиот и калугеррицата ТВ-филм
1971 Земјаци ТВ-филм
1972 Пријатели ТВ-филм
1973 ТВ ребус ТВ Мини серија
1973 Недела ТВ-филм Ангелина
1975 Волшебното самарче ТВ-серија
1977 Дожливото Сонце ТВ-филм
1977 Итар Пејо Василика
1980 Учителот ТВ-филм
1981 Самотија ТВ-филм Милјана
1982 Илинден ТВ-серија
1982 Јагне на ражен ТВ-филм Лена
1984 Нели ти реков ТВ-филм
1984-1987 Случки од животот ТВ-серија Ана
1986 Солунски патрдии ТВ-серија Евдокија
1988 Викенд на мртовци ТВ-серија Атина
1989 Цвеќе на карпата ТВ-филм Докторка
1992 Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија

Награди

уреди
  • Награда „11 Октомври“ (1960) и (1983)
  • Награда „Уметник на годината“ според анкетата на „Екран“ (1980)
  • Награда на весникот „Дневник“ од Нови Сад, за улогата на ликот царицата во претставата „Јане Задрогаз“ (1975)
  • Награда „13 Ноември“ (1984)
  • Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“ (1992)

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Кондарко“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 724. Text "series " ignored (help)