Кита Бицевска
македонски филолог
Кита Бицевска (10 февруари 1946 во Малино) - македонски филолог и редовен универзитетски професор на Филолошкиот факултет во Скопје.[1]
Кита Бицевска | ||
Родена | Кита Бицевска 10 февруари 1946 Малино, СФР Југославија | |
---|---|---|
Занимање | филолог |
Животопис
уредиОсновно училиште и гимназија завршила во Свети Николе (1965), а Филозофски/Филолошки факултет (славистика) во Скопје (1969). Магистрирала на темата „Јазичните особености на Карпинскиот апостол“ (1977), а докторирала на темата „Правописни и фонетски особености во македонските ракописи од Северна Македонија од XIII и XIV век“ (1991). Прво работела на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ (1970-1988), а потоа преминала на Филолошкиот факултет како професор по „граматика на современиот руски речник“ и „вовед во славистиката“.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Бицевски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 165. Text "series " ignored (help)