Вера Бабунска
Вера Ѓошева Бабунска (21 март 1920, во Велес — 2 ноември 1999, Скопје) — македонска револуционерка и носител е на Партизанска споменица 1941 година.[1]
Вера Ѓошева Бабунска | ||
Родена | 21 март 1920 Велес, Македонија | |
---|---|---|
Починала | 2 ноември 1999 Скопје, Македонија | (возр. 79)|
Националност | Македонка | |
Позната | револуционерка, учесничка во работничкото и женското движење во Велес (од 1935) и член на КПЈ (од 1940) |
Животопис
уредиТаа била шивачка. На напредното работничко движење му прилаѓа од 1935 година. Во јуни 1940 била примена за член на КПЈ. Во 1941 работела на секторот жени и се истакнала со својата активност во организирањето на жените и објаснувањето на потребата од вооружена борба против окупаторот. Раководела со неколку женски воспитни групи.[2]
За потребите на Велешкиот партизански одред собирала облека, храна и воен материјал. Покрај тоа, нејзиниот дом бил користен за одржување партиски состаноци на МК КПЈ - Велес. Во јуни 1942 била затворена. Поради немање доволно докази по два месеци била пуштена од затвор.[2]
По окупацијата работела со жените од Велес за нивно вклучување во НОД. Во 1942 г. била двапати затворана, а потоа во декември интернирана во село Руманци,[2] Белогратчичко, Бугарија. Меѓутоа, наскоро била вратена и изведена пред суд. Била осудена на 15 години строr затвор. По извесно време поминато во Скопскиот затвор била префрлена во затворот Стара Загора, Бугарија, каде останала до капитулацијата на Бугарија. Од септември 1944 г. стапила во бригадата „Гоце Делчев“, во струмичко.
По војната работи како банкарски службеник. Носител е на Партизанска споменица 1941 година.[1][2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ѓошева Вера Бабунска“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 112. Text "series " ignored (help)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 988.