Катерина Иванова-Банџо

македонски агроном
(Пренасочено од Катерина Иванова - Банџо)

Катерина Иванова-Банџо (27 јануари 1922 во Скопје) — македонски агроном.[1]

Катерина Иванова-Банџо
Родена Катерина Иванова
27 јануари 1922(1922-01-27)(102 г.)
Скопје, Кралство Југославија
Националност Македонка
Занимање агроном

Животопис

уреди

Во Скопје завршува основно образование и гимназија. Дипломирала на Земјоделскиот факултет во Земун (1948). По дипломирањето била избрана за асистент по специјално земјоделство на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Хабилитира во 1960 година и станува доцент по предметот фуражно производство. Докторира на тема „Влијанието на еколошките фактори и на некои агротехнички мерки врз порастот и развитокот на еспарзетата во Скопската Котлина“.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Иванова-Банџо“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 585. Text "series " ignored (help)