Мирјана Најчевска

Мирјана Најчевска (р. 24 ноември 1956) — професорка, активистка и експертка од областа на човековите права со контроверзен углед, активен борец за промоција и заштита на човековите права на маргинализираните групи.

Животопис

уреди

Образование

уреди

Мирјана Најчевска дипломирала право на Универзитет „Кирил и Методиј“ – Скопје во 1979 година. Таа е магистерка е по политички науки (магистерски труд на тема: Можности за демократизација на советското општетсво низ законски промени, 1986 година), и докторка по правни науки (докторска дисертација на тема: Редимензионирање на поимот на правната држава со можност за примена во решавањето на малцинските прашања, 1995 година).

Професионални ангажмани

уреди

Мирјана Најчевска е Редовен професор/Научен советник, раководител на студиската програма: Политички систем и човекови права, раководител на студиите од трет степен: Демократизација во услови на глобализација при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ -Скопје[мртва врска], Членка е на многубројни експертски тела за Човекови права, меѓу кои и Работната група за лицата со африканско потекло, Висок комесар за човекови правa Архивирано на 20 мај 2015 г., ООН (2008-2014), Координативниот комитет на специјалните процедури при ООН (2010-2011); Членка на Европската мрежа на правни експерти во полето не-дискриминација (2010); Членка на Балканската мрежа на правници против дискриминација (2009-денес); Членка на Европската мрежа на правници против родова дискриминација (2009-денес); Членка на Лоби групата за правата на лицата со хендикеп (2003-2005); Претседателка на Стратешката група за образование за човекови права (2003-2005); Членка на групата експерти за промоција на родовата еднаквост во училиштата (EG- S-GS),Совет на Европа, 2002; Членка на Сенатот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" Скопје (1999-2001); Членка на Националниот комитет за родова еднаквост (1999-2000), итн. Најчевска е активна и во граѓанскиот сектор, како: Раководителка на Центарот за човекови права и разрешување конфликти (2007-); Членка на Одборот на Хелсиншкиот комитет за човекови права во република Македонија (1994-2007), претседателка на Одборот на Хелсиншкиот комитет за човекови права во република Македонија (2001-2007); Членка на Одборот на Центарот за мултикултурно разбирање и соработка во република Македонија (1996-1998); Членка на Одборот на Институтот „Отворено општество“ во Република Македонија (1995-1996).

Публикации

уреди

Мирјана Најчевска има објавено над 50 самостојни или групни трудови, монографии и истражувачки извештаи. Дел од нив се:

  • Истражувачки извештаи во рамките на: Publications by the Gender Equality Legal Experts Network (http://ec.europa.eu/justice/gender-equality/document/index_en.htm#h2-8)
  • Најчевска М., Тодоровски С., (2017), „Спроведување на одлуките на Европскиот суд за човековите права во периодот 2013-2016“, ФИОМ, Скопје
  • Анализа на медиуми - човековите права и правната држава во извештаите на медиумите во Македонија (http://proverkanafakti.mk/)
  • Најчевска М., (2012) НИЧП во Република Македонија - актуелна состојба, предизвици и можен развој,Евродијалог бр. 16, Студиорум, Скопје македонски и англиски)
  • Најчевска М., Имери Л., (2012), Извештај во сенка за комисија во сенка, ФИОМ, Скопје
  • Најчевска М., Кадриу Б., …, (2011) Невидливи за општетсвото, (македонски и албански) ФИОМ,Скопје
  • Најчевска М., Трајановски. Ж.,(2010), Медиумите и дискриминацијата – прирачник, ФИОМ, 2010
  • Најчевска М., Тасевска А., (2010) Анализа на меѓународните стандарди и најдобри практики ипостоечките национални закони, политики и планови на антидискриминаторската легислатива,МЦМС, (македонски и албнаски)
  • Петроска - Бешка, В., Најчевска М., (2009). ЕВРОБАРОМЕТАР, МЦМС, (македонски и албански)
  • Најчевска М., (2009), Прилог за изградба на тело за еднаквост во Република Македонија, СојузМакедонија без дискриминација (македонски и албански)
  • Најчевска М., (2009), Прирачник за отстранување на дискриминација врз основа на етничка припадност, ФИОМ (македонски и албански)
  • Најчевска М., (2008), Прирачник за изработка на локален план за акција за правата на детето, УНИЦЕФ (на македонски и албански)
  • Најчевска М., (2008), Најдобриот интерес на детето во системот на малолетничка правда, Малолетничката правда – пд идеја до практика, (збирка на трудови), Полициска Академија – Скопје, УНИЦЕФ, (македонски и англиски)

·         Најчевска М.  (2007). Прирачник за имплементација на Конвенцијата за правата на детето во единиците на локална самоуправа, УНИЦЕФ (на македонски и на албански)

  • Najcevska M. (2007) The Turkish Minority in Macedonia: Between Prejudices of the Past and Minoritisation of the Present , Foundation for middle east and balkan studies &Ytu department of political science and International relations
  • Најчевска М. (2006). Прирачник за општините и НВО: Права на детето, УНИЦЕФ, (на македонски и на албански)
  • Петроска-Бешка В., Најчевска М.  (2006). Приказни од нашите истории. Институт за социолошки и политичко правни истражувања (на македонски и на албански)
  • Ванковска Б., Најчевска М., ... (2006). Справување со конфликтното минато: зошто и како да се направи?, Евро-Балкан (на македонски)
  • Најчевска М. (2005). Имаш право: водич низ легислативата. Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија (на македонски и на албански)
  • Петроска Бешка В., Најчевска М. (2005). Разбирање на историјата: вооружениот конфликт на територијата на Република Македонија во 2001 (за средно образование). Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија (на македонски и на албански)
  • Petroska-Beška, V., Najčevska M. (2004). Macedonia-understanding history, preventing future conflict . Special Report 115. United States Institute of Peace (на англиски)
  • Najčevska, M.(2003). Report on Macedonia. In: Implementation of the Convention on the Elimination of all Forms of Discrimination against Women. Sofia: Danish Center for Human Rights, 175-203 (на англиски)
  • Culture of Human Rights (2002). Human Rights Centers Network, (на англиски)
  • Најчевска, M. (2002). Човекови права. Тренинг прирачник. Скопје ИСППИ и УНИЦЕФ  
  • Најчевска, M. (2001). Имам право (I, II, III). Тренинг прирачник. Скопје ИСППИ и УНИЦЕФ  
  • Todorovski, Jakimovski, Caceva, Najcevska... (2001). Social exclusion and insecurity because of interethnic relations , In: National human development report, UNDP, Skopje (на англиски)
  • Najčevska, M. (2000). Education, masculinity and violence. In: Breines, I., Connel, R. & Eide, I. (Eds.) Male roles: Masculinities and Violence. Paris: UNESCO Publishing, 181-190  (на англиски)
  • Najčevska, M. (2000). Bilingualism in Kumanovo Kindergarten. In: Dimitrijeviċ N. (Ed.) Managing multiethnic local communities in the countries of the Former Yugoslavia. Budapest: Open Society Institute, 87-124 (на англиски)
  • Najčevska, M. & Petroska-Beška, V.  (1999). Between political solutions and reality. Helsinki Monitor, 10 (3) (на англиски)
  • Aloui, L., Petroska-Beška, V. & Najčevska, M. (1999).  Situation analysis of the position of Roma Women and Child in the Republic of Macedonia. Skopje: UNICEF (на англиски)
  • Petroska-Beška, V., Najčevska M. & Popovski, M. (1999). Почитување на разликите: Тренинг прирачник. Скопје, Филозофски факултет на македонски)
  • Najčevska, M., Simoska, E. &  Gaber N. (1998). Sources and Factors of Interethnic Tensions in the Process of Education. Skopje: Institute for Sociological, Political and Juridical Research (на англиски)
  • Petroska-Beška, V. & Najčevska, M. (1998). Situation analysis of Children and Women in the Republic of Macedonia. Skopje: UNICEF (на англиски)
  • Најчевска, M. (1997). Меѓу идеологијата и идеализацијата на историјата. Образование за развој – списание за применета детска и адолесцентна психологија (на македонски)
  • Најчевска M. (1997) Учество на жената во политиката во република Македонија.  Скопје: Friedrich Ebert Stiftung (на македонски)
  • Најчевска, M. (1996). Правна држава. Скопје: Институт за социолошки и политичко правни истражувања (на македонски)
  • Najčevska, M., Simoska, E. & Gaber, N. (1996). Muslims, State and Society in the Republic of Macedonia: The View From Within. In: Muslim Communities in the New Europe. Ithaca press, (на англиски)
  • Najčevska, M. & Gaber, N. (1995). Ethnic issues in the Republic of Macedonia: Survey Results and Legal Background. Skopje: Institute for Sociological, Political and Juridical Research (на англиски)