Клеанти Лиаку-Ановска

македонска историчарка на уметноста

Клеанти Лиаку-Ановска (3 март 1954 во Скопје) — македонска историчарка на уметноста со археологија и социолог, виш научен соработник, истражувач на фолклорот и етнологијата на влашкиот народ во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје.[1]

Клеанти Лиаку-Ановска
Родена 3 март 1954(1954-03-03)(70 г.)
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Занимање историчарка на уметноста

Животопис

уреди

Завршила гимназија и дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје на групата за историја на уметност со археологија (1979). По вработувањето во Институтот како асистент (9 јули 1979) во Одделот за истражување на фолклорот и етнологијата на етничките заедници што живеат во Македонија, била на студиски престој на Катедрата за етнологија на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Аристотел“ во Солун (1989/1990 и 2001) во Романската академија на науките (1999) и во БАН (2000). Магистрирала во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (Група социологија на културата) во Скопје на темата „Социјалната припадност на народните раскажувачи од влашката етничка група во СР Македонија“ (23 мај 1991), каде што и докторирала на темата „Социјално-фолклорните преплетувања во семејството и семејните односи кај Власите“ (2 април 1995).

Била член на редакцискиот одбор на списанието „Македонски фолклор“.

Автор е на книгата „Влашките народни приказни од Крушево“ во издавништво на Институт за фолклор „Марко Цепенков“ (2002).

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Лечиќ“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 796. Text "series " ignored (help)