Магдалена Јанева

македонска балерина

Магдалена Јанева (12 ноември 1934 во Скопје) — македонска балерина.[1]

Магдалена Јанева
Родена 12 ноември 1934
Скопје, Кралство Југославија
Националност Македонка
Занимање балерина

Животопис

уреди

Балетското образование го стекнува во Балетското училиште во Скопје, во класата на Ѓ. Македонски и Н. Киросанова. Член на Балетот во МНТ (1949-1956); првенка на Балетот на Народното позориште во Белград (1956-1973). Јанева се истакнува со чиста класична балетска техника и музикалност. Има одиграно повеќе главни улоги и соло-нумери.

Улоги

уреди
  • Сваниолда (Л. Делиб, копелија)
  • Аурора и Сина птица (П.И. Чајковски, Заспаната убавица)
  • Јела (Ф. Лотка, Ѓавол на село) и други

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Јаневски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 633. Text "series " ignored (help)