Ефтимија Главаш

македонски фармаколог

Ефтимија Главаш (моминско: Михаилова; 17 јануари 1933 во Струмица20 март 1995, Скопје) — македонски фармаколог и редовен универзитетски професор на Фармацевтскиот факултет во Скопје во периодот 1981-1985.[1]

Ефтимија Главаш
Родена Ефтимија Михаилова Галаваш
17 јануари 1933
Струмица, Кралство Југославија
Починала 20 март 1995(1995-03-20) (возр. 62)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонка
Занимање фармаколог

Животопис

уреди

Кариерата ја започнала како фармаколог, редовен професор на Медицински факултет во Скопје. Во 1959 година завршила медицина во Скопје. Во 1960 година се вработила во Институтот за фармакологија и токсикологија при Медицински факултет во Скопје. Исто така работела на артериската хипертензија и бета-блокадата и објавила повеќе стручно-научни трудови во ова подрачје. Била шеф на катедра, продекан и декан на Фармацевтскиот факултет во Скопје од 1981 до 1985 и учесник во бројни проекти.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Гировски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 360. Text "series " ignored (help)