Олга Петрушева

политичарка

Олга Петрушева со псевдоним Бабата е партизанка, деец на Народоослободителната војска на Македонија.

Животопис

уреди

Родена е на 28 март 1902 година во Дојран. Во текот на 1941 година станала член на КПЈ, а потоа делува како курир на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Во текот на јануари 1942 година е назначена да создаде комисија за работа со жените, како и воен комитет за диверзантски акции. Како резултат на ова, таа е затворена од бугарската полиција и интернирана во Бугарија. Делегат е на Првото заседание на АСНОМ, како и на АВНОЈ. Олга била член на Иницијативниот комитет на Народноослободителниот фронт за Македонија, член на Иницијативниот комитет на АФЖ и на претседателството на Антифашистичкиот фронт на жените за Македонија[1].

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 13