Мирка Велиновска
Мирка Велиновска (Скопје, 23 април 1952) — македонски новинар и политички аналитичар.[1]
Мирка Велиновска | |
---|---|
Роден(а) | 23 април 1952 Скопје, Република Македонија |
Занимање | новинар политички аналитичар |
Активен период | 1980-денес |
Животопис
уредиВелиновска е родена во Скопје на 23 април 1952 година. Завршила Филозофски факултет - историја на уметноста, студирала ориенталистика во Белград и класичен англиски јазик на Кембричкиот универзитет. Од 1980 година во Културната редакција на МРТВ, а од наредната година во Внатрешно-политичката рубрика на „Вечер“. Во периодот 1990/98 година се афирмирала како коментатор во неделникот „Пулс“. Еден од основачите на неделникот „Старт“ во 1999 година и на неделниот магазин „Зум“. Таа е независен новинар во водечкиот политички неделник „Фокус“, сега во „Нова Македонија“. Соработувала со Дојче Веле, „Срч фор граунд“ и Институтот за војна и мир во Лондон.
Наводи
уреди- ↑ Јорданов, Јордан (2008). Македонија: Корени и аргументи. Самоиздаватетелство.