Јанка Атанасова
македонска балерина
Јанка Атанасова (19 декември 1935 во Дебар — 1980 во Скопје) — македонска балерина.
Јанка Атанасова | ||
Родена | Јанка Атанасова 19 декември 1935 Дебар, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починала | 1980 Скопје, СФР Југославија | |
Националност | Македонка | |
Занимање | балерина |
Животопис
уредиЈанка Атанасова завршила на Балетското училиште во Скопје во класата на Ѓорѓи Македонски и Нина Кирсанова.[1]
Од 1950 до 1961 година била член на Балетот при МНТ. Подоцна, станала член на Народното позориште во Белград (1961-1980).[1]
Јанка била изразито лирска балерина со добра класична балетска техника и убава развојна линија на движењето.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Атанасов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 100. Text "series " ignored (help)