Мара Нацева
Мара Нацева (Куманово, 28 септември 1920 — Куманово, 1 јули 2013) — македонска комунистка, учесник во НОБ. Прогласена е за народен херој на Југославија на 29 ноември 1953 година. Таа била последниот жив народен херој од Македонија.[1]
Мара Нацева | ||
Родена | 28 септември 1920 Куманово | |
---|---|---|
Починала | 1 јули 2013 Куманово |
Животопис
уредиРани години
уредиМара Нацева е родена на 28 септември 1920 година, во Куманово. Во 1936 година, на шеснаесетгодишна возраст, станала членка на СКОЈ, а во 1939 година и на КПЈ. Поради учество во штрајкувачкото движење, таа морала да го напушти Куманово и заминала во Ниш, каде, исто така, се вклучила во партиските активности на КПЈ. Во 1940 година, Нацева станала членка на Месниот комитет и на Окружниот комитет на КПЈ за Ниш и учествувала, како делегат од Србија, на Петтата земска конференција на КПЈ, одржана во Загреб.
Во НОБ
уредиПо окупацијата на Македонија во Втората светска војна, од крајот на 1941 година, Нацева била членка на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Во летото 1942 година, таа била уапсена од бугарската полиција и била интернирана во логорот за жени во близината на Асеновград. Едно новооткриено писмо на Страшо Пинџур, испратено до неговиот роднина, новинарот Блажо Видов, кој во тоа време работел и живеел во Софија, открива дека Страшо Пинџур настојувал да најде начини за ослободување на Мара Нацева од затворот. Така, во писмото, тој му пишува на Видов:[2]
„Драги чичо Блажо, еве идам да ти се јавам по причина на еден немил случаи. Има една недела како е моата пријателка затворена. Фаната е на улица. По каква причина оште не можам да разберам. Положението и е во секој случаи тешко бидејќи не беше пријавена никаде - нема адресна карта. Ти секако да имаш некои познати свет овдека кој имат влиание каде власта и кои би можеле да сторат нешто за да и се помогни. Ја бих те молил да сториш се за да би и се помогнало. Она ми е многу скапа другарка - од овиа неколку думи можиш да ја разбериш големината на моите чувства спрема неа, без да за истата пишам на долго и широко... Било колку големи матерјиални средства нема да их жалам само да се спаси. За тоа, ти ако имаш взможност дојди, па трошокот ја ќе го сносам. Ако е потребно, секоа интервенциа ќе биде скапо наградена и платена.“
Во март 1943 година, во нејзино отсуство, таа била избрана за организационен секретар на новоформираната Комунистичка партија на Македонија. Исто така, Нацева била избрана за делегат на АВНОЈ и на АСНОМ.[3]
По ослободувањето
уредиПрогласена е за народен херој на 29 ноември 1953 година.[4] По завршувањето на Втората светска војна, Нацева извршувала повеќе високи политички функции.
Наводи
уреди- ↑ „Почина народниот херој Мара Нацева“, KumanovoNews
- ↑ Светлана Дарудова, "Страшо Пинџур во писмо открива чувства спрема Мара Нацева"[мртва врска], Дневник, година XVIII, број 5433, петок, 4 април 2014, стр. 13.
- ↑ Светлана Дарудова, "Страшо Пинџур во писмо открива чувства спрема Мара Нацева", Дневник, година XVIII, број 5433, петок, 4 април 2014, стр. 13.
- ↑ „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 287
Надворешни врски
уреди„Мара Нацева“ на Ризницата ? |
- „Самува во Белград и мисли на Македонија“ Архивирано на 23 август 2010 г. „Утрински весник“