Веса Бараковска-Роза

Веса Бараковска-Роза (Горна Џумаја, 18 март 1922Лисија, Горноџумајско, 29 јануари 1944) — македонска младинска работничка и прва партизанка од Пиринскиот дел на Македонија.[1]

Веса Бараковска-Роза
Родена Веса Бараковска-Роза
18 март 1922
Горна Џумаја, Царство Бугарија
Починала 29 јануари 1944(1944-01-29) (возр. 21)
Лисија, Царство Бугарија
Националност Бугарка
Народност Македонка
Занимање Револуционерка од Пиринска Македонија

Животопис

уреди

Родена била во Горна Џумаја на 18 март 1922 година. Во 1938 година била член и секретар на Работничкиот младински сојуз, а во јули 1943 година станала партизанка во Горноџумајскиот партизански одред „Никола Калапчиев“. Учествувала во сите акции на одредот против бугарската жандармерија и полиција. Загинала во борба против бугарските фашисти,[2] во која решила да се самоубие.[3] Во нејзина чест, Никола Парапунов испратил наредбодавно писмо до сите партизански одреди и организации насловено „Првата“.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија. I (I. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 131. ISBN 978-608-203-024-1.
  2. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 38. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 62. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)