Билјана Караман
Билјана Караман (9 јуни 1942 во Смедерево) — македонски биолог и универзитетски професор.[1]
Билјана Караман | ||
Родена | 9 јуни 1942 Смедерево, СФР Југославија | |
---|---|---|
Занимање | биолог |
Животопис
уредиРодена на 9 јуни 1942 г. во Смедерево, Србија, во семејство на познати биолози. Основно образование го започнала во Сплит, а го продолжила во Дубровник и Скопје, каде што потоа ја завршува и гимназијата. Студиите на групата биологија на ПМФ во Скопје ги завршила во 1965 година како најдобар студент. По завршувањето на студиите била избрана за асистент (1966 г.) на Зоолошкиот завод на Природно-математичкиот факултет во Скопје за предметите вертебрата и споредбена анатомија. Постдипломските студии ги завршила на ПМФ во Загреб во 1972 година. Докторатот, под менторство на д-р И. Матонички, го одбранила, исто така, на ПМФ во Загреб. Во 1980 година била избрана за доцент, потоа за вонреден професор и редовен професор на ПМФ во Скопје. Како наставник била задолжена за изведување настава по повеќе биолошки дисциплини за студентите од групата биологија и од Медицинскиот и Стоматолошкиот факултет. Нејзината научна дејност се одвива во рамките на проучувањето на фауната на одонатите, главно, во Македонија, а делумно и надвор земјата, при што тие се проучувани од систематско таксономски и еколошки аспект, со посебен акцент на синеколошките истражувања. Во последно време се занимава со истражување на функционалната морфогија кај охридкста пастрмка.[2]
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Караѓозов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 670. Text "series " ignored (help)
- ↑ Караман, Билјана (20 јуни 2018). „Биографија“. Архивирано од изворникот на 2011-05-25.